Убаво си пиша, ги спомна двајцата родители дека оделе на работа и имале време за се, ви посветувале и вас внимание, исто и моите и двајцата одеа на работа и имаа време за се, и татко ми учествуваше во домашните обврски не само мајка ми.
Мене од се ова ме интересира како да прочитам порака на вибер без да ги ставам тие двете виолетови "штиклички" ??
Некои луѓе имаат приоритет да живеат балансиран живот, што инаку води до среќен живот... Нема потреба да гламоризираме умор и преоптеретеност со обврски под етикета дека тоа значи дека некој е вреден. Има разлика измеѓу тоа некој да е вреден и некој да не знае да се грижи за себе, а секој ден сум сведок дека многу родители особено постарата генерација, не знаат да кажат стоп и едноставно мислат дека животот е тоа - работа, 5 сати сон и потоа пак работа и обврски. Ако некој може да плати некого да му ги извршува сите работи што самиот не сака, нека плати... некој храни свои деца со тие пари и нема ништо лошо тука. Таа приказна дека „вашите стигнувале се“ е само приказна која не кажува ништо за тоа дали они биле среќни со таков живот и дали навистина „стигнувале се“. Животот не е направен за секој ден да ти е исполнет со обврски кои мораш да ги стигнеш, не видов дека набројавте да стигнуваат да имаат време за себе, време за уживање, време за различни активности? Како прво, 8 сати дневно работа се многу за било кој човек и не треба да е нормално таквото работно време, ама добро, можеби требаше да го пишам ова во темата за непопуларни мислења. Мислам лудо е да ги правиме негативци луѓето што кога ќе се вратат од работа во 16 часот не сакаат да прават ручек? Ало?
Сабајле прочитав, ја прашуваат Арета Френклин кој и е најголемиот предизвик, одговара најголемиот предизвик ми е што да зготвам за вечера Се надоврзува дека сама готви, мие садови, чисти. Што знам, мене па во овој период од животот ми е важно некои работи јас или маж ми да ги правиме, мада тој почна да се откажува веќе ама јас не се давам Не гледам друг начин како да им створам навики на моиве мушкарци дека мора да знаат да си зготват, да си ја исчистат собата, нечистите алишта да си ги оставаат во корпа. Засега добро оди, ме следат насекаде што правам, добри помошници се. Понатаму кога ќе пораснат малку сигурно ќе викам жена на помош, при крај сум со нервите
Па еве мене ми е жал за моите што целиот живот го имаат посветено на тоа. Пред се на нас, и потоа се да ни биде чисто, средено, зготвено. Па дури и кога пораснавме. А сигурна сум дека и тие сакале да шетат, или барем да одморат еден викенд ако не повеќе. Јас радо би платила некоја да ми чисти. Преку неделата не чистам, евентуално некоја машина ако пуштам. Работиме двајцата со дм 9:00-18:00. А што е со времето поминато во пат и спремање. Значи од 7 до 7. И викендите треба да ги поминуваме само во чистење? Мислам секако дека го правам и го правиме, ама да не се лажеме дека тоа е од голема желба. Секој попрво би заминал некаде на викенд, или би шетал некаде на кафе/ручек, па дури и да е само лежење дома и гледање цел ден серии.
Задоени сме со тоа дека ако не работиш напорно, не зготвиш вкусен ручек, не исчистиш сѐ дома гланц тогаш значи дека нешто не е во ред со тебе и мрза си. Невозможно е да работиш најмалце 8 саати дневно, сѐ дома да ти е ко што треба и ти да си полн со енергија и волја за живот после. Тоа што родителите стигале и стигаат сѐ не значи дека не би одбрале да одморат ако можат. Барем по моиве гледам цел живот колку работат и често колку се фрустрирани од толку обврски. Ама нема никогаш да речат дека радо би некој друг сѐ да им сработи оти..не се "мрзи". Кој не би одбрал реално после толку обврски? Кога би можела скроз би плаќала некоја жена да исчисти место мене, оти никогаш не ми е 100% чисто и средено в стан. И искрено ме замисливте со ова, можеби вреди да тргнам некоја пара за ова барем еднаш да видам како е некој друг да ми среди сѐ и да си дојдам во чист стан и одморена.
Нејќам никој да ми чисти. Мене ми е терапија чистењето. Ама да зготви, да испегла и да ми ги пререди плакарите, аххх колку сакам
Ако сакате се да ви е исчистено нонстоп по дома, сите садови измиени, јадење три пати во денот направено, вецето да блеска, и плус на работа да одите.... немојте после да се жалите оти новата генерација не ја бива, оти децата се испуштени... А богами и не ја кривам новата генерација шо е таква, они гледат дека така живот не се живее, цело време да чистиш, цело време да готвиш, цело време да работиш.... за кој?? Искрено, многу позадоволни се самохраните мајки кои само треба да гледаат за своите деца отколку тие мажените, кои треба да гледаат плус за цела војска која не ни ги сака. Зборам за роднините на мажот. И мажот плус. Моето мислење е дека жената многу би била посреќна да си остане дома кај неа да си гледа свои деца и деца на нејзини сестри отколку тие на мажот ( други деца или внучиња). Имам многу мислено на таа тема зошто се овие работи така како шо се, например зошто "мажите земаат жена" , и мислам дека тоа е оти ако не земат ќе останат без потомство или нема да си го знаат потомството. Фактички фамилијата шо е само со машки деца ќе изумре, пошо ќе немаат малечки ( оти малечките ќе останат кај мајката). Затоа мислам дека тоа е измислено во дамнешните времиња, и уште трае. Али замислете, ако престанеме да се мажиме а само да имаме деца, тогаш презимињата на мажите ќе ги снема. Само нашите ќе продолжат, на жените. Оти ние сме изворот на животот. Кој разбра, разбра, а кој не, нека си седи и нека си мисли дека да земеш маж е најголема цел во животот.
Да ти кажам една тајна? Ако нема никој дома од 7 до 19, па и нема кој да растура за да чисти жена. Ете ви воедно и рецепт за чистота на другите.
Никој дома не смее да припари пред 7 вечер. Мажи, жени, деца, небитно. После малку врсме за растурање останува. Успех гарантиран
Момемтално иам гости, двајцата мажи, и плус маж ми. Излегуват на работа во 6 сабајле. Јас денски си средувам се цаком паком. Они доаѓат во 7 навечер. Исто како диви свињи да ми дошле дома. Многу ги жалам тие нивните жени, многу шо живеат со такви невоспитани мажи. Едвај чекам да си одат.
Појма немав дека се такви, во Мк секогаш ги гледав надвор скоцкани, ама тоа е било од нивните жени а не од нив. Да знаев, немаше да ги примам. Али ајде, уште некој ден е во прашање.
@Bitter-Sweet има многу убава профилна слика Потсеќа на новогодишните честитки од „старите“ убави времиња. И дека недостасуваат новогодишни емотикончиња, барем за време на периодов. Ама бидејќи џабе се предлози зошто никој не ги чита, ова овде ќе го оставам како жалење