Има разлика помеѓу чисто, и средено. Вие, кои не можете да се приуштите чистачка, у глобала си имате проблеми со мужите шо уво не ги боли по дома да работат, оти вие така сте си ги издресирале. Вие шо имате пари, nice. Свака част. Ние другите, сами ќе си чистиме оти МОРАМЕ, и тоа е тоа.
Извини, ама да нема некој време сам да си го намести креветот, да ја исчисти дневната и вц-то. Мене некако тоа ме исполнува, до одреден степен. А за генералка правење, сигурно на никој не му се чисти. Би ги оправдала оние што имаат огромни бизниси, се подразбира пари нели.
Tочно така, ако и мажот учествува во домашните обврски полесно ќе биде и чистење и се. Еве јас можам да си дозволам чистачка ама не сакам некој да ми се плетка по дома, додека некој/а прави ручек, мажот може да исчисти или обратно. Е сега цел терет ако е на жената неможе да се постигне, и зависи какви се тие дома, кај нас децата мали научени се после играње да ги соберат играчките, во купатило секој што ќе си направи лом ќе си исчисти, и така се одржува чисто, чистачката не доаѓа на секое, ќе дојде еднаш, два пати во неделата. Па и во купатилото шољата треба да се дезинфицира често, сигурно плочките не ги бришат секој викенд, туш кабината да, ама и со секое бањање се пребришува и чиста е.
Што услуга нудат тие што ви чистат по дома? Мене најголем проблем ми претставува чистење кујна, а тоа се прави буквално секој ден. Нема што тука да ми доаѓа жена да ми чисти. Останатото на неколку дена, барем моиве вц плочки бараат често џогирање. Седум дена да чекам за некоја да ми исмука? Исто, но сепак чистењето не ми одзема многу време.
А што толку бука, цел живот е само тоа реално, чисти пери, па пак чисти па пак пери, и е досадно. Ако некој може да дозволни зошто да не, бар да празници/ родендени / генералки па што …
Па и ја секој ден раскревам по себе, перам садови, алишта , смукам и прашина бришам секој втор ден, а сама живеам, и пак еднаш неделно праам генералка... Да иам пари, ќе платам некој да ми напраи генералка, ја ќе си ја прчам, ми е гајле искрено.
Бука у смисла дека глупо било некој да викаш, не дека негативно, напротив интересна тема. И ја сакам да викнам некој тепси со машина да испере , гарнитура и да зачисти. То па то досадно е а секој ден прашина тон , од каде ? Не знам
Јас па ич не сакам да ми се плетка некој по дома. Најубаво ми е сама да си чистам. Станот не ми е голем, така што не ми е проблем да го средам. А овде сум сама така да си имам занимација. Си пуштам музика и терам бизнис.
Абе кога ќе ти се собери одење на работа пет дена, ако треба да патуваш, можи и два саати да ти одземи одење и враќање, значи тоа сега ти се 10 часа во денот. Па треба да готвиш секој ден, или еве секој втор ден нека биди, најтешко е на работни места кај што нема оброк, мора сам да мислиш. Мислам можеш и да нарачуваш храна, ама тоа си зависи од тоа колкава плата земаш. Па дома миење садови (ако мораш рачно), перење алишта, диплење, средување, чистење и по некое време ќе се почувствуваш дека си прегорел. Само обврски, а каде малку живот? Така да, ако имаат пари да си плаќаат за чистење, многу подобро. Цел пост за глупост напишав.
Јас би сакала да имам жена што ќе ми помага, да зготви, пушти машина, да испегла,ко во филмовите, и да работи цела смена.
Кој не би сакал онака како на филмовите баш. И плус да ми идат од козметичко студио за маникир и педикир,масажа и сл.
Да дома да ти доаѓа жена за маникир, фризерај.Вака живеат само жениве у Емиратите, Абе ќејфоој. Ај у следен живот
Ако си се чисти редовно и секој да си чисти зад себе, не одзема многу време, е сега да чекам цела недела нормално ќе има повеќе за чистење. А чистачката секој ден во кујната нема да ми средува. Во кујна и дневна најмногу има за чистење, секојдневно што се вика, внатрешно бришење поретко се прави.
Растена сум во куќа каде што секој викенд се чистело, пуста тетка ми и после хемотерапии чистеше иако се расправавме за тоа, од таа глупава навика дека мора се сам. Сега јас гледам да одржувам чистење дома, ама искрено не можам да стигнам да исчистам секаде со оглед на тоа дека сме во поголема куќа со двор и плус имаме миленици, а сите дома и работиме. Ни доаѓа и жена на неколку месеци за генералка, и никако да ја одвикнам мајка ми дека не треба со нејзе заедно да работи туку поентата е некој друг да и помогне. И тоа време кое што го помина цел живот во чистење можеше да го искористи за шетање, за дружење, за одмарање и многу ми е криво што и она така била растена дека мора по секоја цена се да е исчистено и средено. И чисти чисти, кога ќе видиш пак прашина има за 3 дена, и од почеток истото.
Кај ти текна да спомнеш масажа? Да можам цел ден ќе лежам само некој да ме масира. Маж ми вика - Ти жено си забегала. Ако му речам да ме масира, следува Ќе ме намачка со крема и за 5 минути вика - Доста ти е
Честитките и ми беа инспирација, баш си се потсетував на нив и така и го ставив аватаров. Спојлер Штета што ги немам зачувано тие спомени...