Денес купив една бонбониера со чоко пралини од стокомак во метална округла кутија со новогодишен дизајн. Убава, шарена со снешко. Кога ја отворив внатре фалеше едно чоколатце. Абеееееееееееееее душите да ви ги е*ам. Толку.
Не знам зошто е срамота да кажеш дека не миеш или правиш пилинг на лице со посебни препарати како мицеларна вода, маска или тоник? За косата не користиш препарати базирани на силикони и парабени, додека грижата околу кожата на телото не ти се состои од употреба на лосиони или третмани, туку сапун и вода. Или дека секоја жена не користи always влошки туку бони. Најважно од се, дека дури и покрај наведеното си сеуште жив, со нормално хидрирана кожа што убаво мириса без никакви здравствени проблеми. Го пишувам постов бидејќи забележувам дека сме станати многу вештачки - чисто општество, каде ненагласената употреба на различни козметички палети доведува до помисла дека не се води доволно грижа за себе, што е многу неточно. Тоа што помалку време одземаат глицеринскиот сапун или обичниот, не значи дека човек се соочува со шуга или нема основнa хигиена. Само значи дека знае како да ги одреди приоритетите и да не се расфрла по ресурси без кои не е неопходно да се преживее. Особено ако нема проблематична, туку сува накај нормална кожа.
А да знаеш колку бев возбудена и среќна што ја начекав. Специјално искочив порано у 7 ипол да ја купам зошо знам дека у стокомак шо начекаш сабајле начекаш, попладне нема ништо. Ја чекав од флаерот бе!!!! и на крај?!?!?!?!?!?! фак.....
Исто како што на многу жени им е чудно како може жена да не се шминка. Јас сум една од тие. Шминка само за свадби и други свечености.
И мене, ме изненади и разочара крајот и брзиот плот твист, некако неочекуван ми дојде. Ова па дополнително додава на болката.
Абе да фали ај некако ќе разберам, им се пријало таму на тие у фабриката ама па за чудо вишок да стават.. За крем банани се работеше, у едно пакување две ги набутале, ќе пукнеше тоа ќесата. Ја сум од тие. Ни крема користев за лице. Сеа мрднав малце од мртва точка, па користам Бекутан. Сериозна сум. И да, за воља на вистината ние што не се замараме до толку и не трошиме цело богатство на skin care поубаво, почисто и посвежо ни е лицето и ај сега.. Инаку нека се чуди кој сака, не ми мењава ништо тоа и ја се чудам за многу работи па никому ништо. И ја уопште не се шминкав, не знам што се навлеков на бб крем у последно време ама само тоа, ништо друго. И лабело.
Чистачката може да спие во твојата куќа во некоја визба за да не се претерва постојано, а можеби ќе ти затреба и во текот на ноќните часови, пример да ти донесе вода доколку се разбудиш жедна Ова ме погоди
Додека бев бремена со поголемиот син запознав една жена за која мислев дека има 40 години. Се изненадив кога ми кажа дека има 48 години. Доста младо изгледаше. Ја прашав како го одржува изгледот. Она ми вика - Освен сапун и крема ништо друго немам ставено на лице. Моја бивша колешка истото го практикува. Од шминка користам течна пудра, римел, сенка за очи и кармин. Само светли нијанси.
Да, да, баш така. Тоа добро и до генетика е ама не знам, се си мислам што помалку хемикалии користење тоа подобро. Триста препарати има, скапи, луксузни, демек органски биле, со добар состав.. Што знам, повеќето се само одличен маркетинг и не дека чуда прават. Ама негувани биле, па ете некои и без тие сите ствари можат да изгледаат негувано, не гледам што е проблемот.
Ако имате доверба во чистачката, арно. Ако имате камери во собите, уште поарно. Човек во денешно време учи дека не треба да има доверба во никој. Мене не ми е само страв. Нејќам некој надвор од фамилијата да ми преместува ствари. Ни ситници. Може и да не ми се допадне како е исчистено. Поради ова подобро ми е сама.
Баба ми на 90 години немаше многу брчки. Лице миеше само со вода и сапун. Од креми само Павловичева повремено. Мои братучетки со разна козметика на 30+ и на 40+ години личат ко 60+ да имаат. Генетика или среќа...
Јас би рекла и генетика. На колешкава еден доктор кој е кожен лекар и рекол - За лице само обична крема, без ароми. Женава користи само Павловиќева крема. Лице мие со Дав сапун. А жената за која пишав... Користела само Бекутан крема. Јас користам креми, ама не јаки. А и лицето ми е младо.
Ме изнасмеа. Ама како бе, на 30 на год. како на 60 личат? Да не ја претера малце? Сепак генетика мислам е, зависи дали ќе повлечеш од добрите гени или од лошите па така да и среќата игра голема улога. У право си.
Едно е да начнеш тема, друго е да си дежурно мрчало. Кажи си дека ти не би сакала жена да ти чисти, а не да мрчиш и оговараш како некој вика жена за чистење дома. Тоа пред сѐ, не е твоја работа, од твој џеб пари не земаат. И јас би платила жена да ми чисти, редовно, да најдам некоја добра. Ама тешко се наоѓа иако не жалам пари за тоа. Спомени од детството за викенди ми е за и околу чистењето, не паметам викенди некаде во природа, или на гости или нешто трето. Само крпата во рака и правосмукалката. Не сакам таков живот, и не, не сум мрзлива или неспособна. Всушност, и не ми е гајле за туѓото мислење.