Што си во хороскоп хаха? Не мора да кажеш, јас сум истата, и со сестра и на една другарка сме ист знак и таа е таква, да може по цел ден ќе чисти, сака да и е средено, не сака расфрлано. Убаво ми е кога ми е чисто и средено, а тоа жена неможе секој ден да чисти, освен како по филмовите со слуги, со се и да се достапни 24/7.
Незнам колку ви е точно ова со хороскопот, дека девиците многу сакат чисто, ама јас познавам две девици во животот, и двете само се фалат дека само чистат дека се најчисти а да им влезеш дома е исто како во кокошарник да влагаш Пердуви насекаде
Кога ќе се расприкажат женски дека само обична крема и ништо друго не користеле и затоа имале толку чисто лице, да ти се одмили женскиот форум.... Среќа за нив што се од тие кои немале проблеми па да мора да испробаат цела аптека за да најдат нешто што им одговара на различните проблематични делови. Уште и баби кога прочитав? Бабата може немала брчки од што си седела дома. Прашај какви им биле лицата на бабите кои оделе по ниви и преживеале војни. Или пак оние што пишале дека не се шминкаат бидејќи имале чисто лице? Мислиш шминка само за покривање служи, а не за изразување. Магичниот круг на фемина форум - расправа за кожа. Стрес си прави свое. Ако имаш стрес, што сакаш стави и ништо нема да помогне, ќе остариш, ќе се збрчкаш. Си знам од примери од луѓе околу мене. Здрави, свежи луѓе, светат во лицата...ќе им се случи нешто што не треба и да видиш како стареат 10 години за 10 дена. Така да, бидете среќни со или без крем за лице, со или без шминка. Сеедно е како изгледате се' додека имате спокојство.
Мора вака да искочите и да промрчите, аман, муабет се прави, секако дека не мора и не треба секој да се согласи, што толку се пронајде, па дури ти се одмилувал форумот.. Реално, поише нас кои имаме ваков став не ругаат и не не сфаќаат, така да олабави, вие сте побројни у денешно време. Тука си во право. Ако се работи за доста проблематична кожа, ќе се бара секое можно чаре со надеж дека ќе ти помогне нешто. Но мислите дека баш од тие препаратите се исчистила кожата и станала стакло? А исхраната нема влијание никакво? Значи седи дома и на 90 год. ќе изгледаш најмалку 20 год. помладо. А кој нема стрес во денешно време? Стресот секако си го зема данокот и удира на различни начини, кај ти е слабата точка, таму највеќе. Туку еве и ја знам особа што има преживеано мал милион стресови и проблеми, иде веќе накај стари години уште малку и сите остануваат изненадени коа ќе каже колку всушност години има, а притоа не употребува креми па ни шминка. Генетика се е, џабе го тупиме. Точно де, никој не оспорува дека за истакнување служи ама еве мене ми смета нешто на лице да иам, не ми е пријатно и заеби истакнување коа неприродно се осеќам, ко да не сум у своја кожа. И да, апсолутно нема потреба млади со убава кожа да се шлакаат со тешки пудришта и останата декоративна козметика за беспотребно да си ја упропастуваат кожата. Сосема доволно е и малку шминка за да истакне црти на лице, понежно делува и поубаво. На 18, они да изгледаат ко тетки, со фасада на лице, ту мач е ама добро де, нивна работа. Ама сите иаме право на мислење нели? Еве, дека вакви работи пишавме па глеам толку ќе ви влијае тоа и ќе ве потресе и ќе прекинете да се шминкате, или обратно, ние што не користиме толку. Си дискутираме само, ништо лично кон никого.
Пак ќе кажам... Генетиката е на прво. Баба ми (по татко) идела по ниви, па изгледаше доста младо. Така што.. Тоа со измачување и стресови не држи вода. Некој погоре пишал за новогодишни честитки. Убав спомен од детството. Сите ги чувам. Испраќавме по пошта. Со другарките од училиште ги стававме во книгите. Некогаш и дома ги носевме. А музичките честитки беа хит. Да ги додадам и новогодишните пакетчиња. Еден куп под елката.
Точно е дека генетиката можеби има најголема улога, меѓутоа со сите климатски промени сега, природата станува посилна од генетиката. Мислам, кога биле нашите баби млади не било сончево во декември и 15 степени ко што беше минатата недела. Плус, немало вакво загадување. А сѐ ова има влијание прво на општото здравје, потоа на кожата. Мислам, океј е ако не сакате да користите многу скинкер продукти, ама истовремено не може да се ослонуваме на наратив од пред 60 години.
И здравиот начин на живот има голема улога. Кој што сака нека користи. Не треба одма да се напаѓа некој ако постапува обратно од тебе. Јасно ми е од кого идат такви коментари. Ако сакаш стави кило пудра на лицето. Јас сум против.
Точно, да. Муабетот ми е дека не е ист квалитетот на живот ко порано, за да се држиме на истите навики. А за пудрава, не знам што да кажам. Јас ко што имам проблематична кожа, шминка, т. е. пудра многу ми помага психички во расположение и самодоверба. Ко, никој не ми има кажано што си ставил толку пудра, ама и те како ми имаат коментирано за акни. Така да...
Тоа е ок. Јас имав проблем со акни како средношколка. Ставав креми и масла. Го средив проблемот. Оттогаш избегнувам да внесувам маснотии. Ми прават штета. Не сум тип што сака да се разубавува. Затоа избегнувам шминка.
Во право си, ама еве некои се поотпорни за разлика од други, не дека идат против природата ама има нешто. И да и не, колку и чудно да ни е. Различни индивидуи сме, различни организми, ете некои се поотпорни и на најштетните влијанија. Колку само има поединци кои пазат на исхрана, водат здрав лајфстајл и пак потклекнуваат пред надворешните влијание, болести и разни состојби, а други има, сосема спротивното се и си тераат до длабока старост, дури и без некои драматични здравствени последици и заболувања. Сепак стварно и среќата си го прави своето, не е само до околностите.
1. Обичен муабет меѓу членки кои користат малку продукти. Никој не те дирна тебе лично, па да скокаш. 2. Твојата баба можеби седела дома. Мојата не. 3. Секоја си знае за себе што ѝ одговара.
Убаво пиша овде, кратко, јасно и сеопфатно. Она што мене ме мрзи моментално да пишувам и да се расправам, слепа улица се муабетите со одреден тип луѓе едноставно. Значи сумирано, дистанца од токсини, + и енергетски вампиризам, тоа е добро за кожата, а и општо убавината.
Зависи и која декада се, јас познавам една исто таква. А и до човекот е, мајка ми ми вели тоа било болест хаха. Исто и сестрава на другаркава, мајка и исчистила, оваа дошла од работа уште не се соблекла фатила правосмукалка, јас и да е чисто пак пуштам правосмукалка, не чекам прашина да фати. Баба ми премијуваше чисти садови, не знам зошто ви е чудно ама има такви, и мене ми е чудно што некои не се замараат, и да не им е чисто гајле им е.
Ништо против долги нокти ама што побогу ги носите такви ако ви сметаат? Одам да пазарам, па кутрава на каса се мачи ситни да земе јер ноктите ко катани па кога ми ги стави во рака мислам ме укопа. Па кога ќе ти рече некој извини од ноктите не можам. Па исечи ги. И јас работам мануелна работа и долги нокти апсолутно би ми сметале па не носам едноставно.
Не сакам некој да ме сфати погрешно. Членката можеби сака да се шминка. Тоа е ок. Јас сум за што помалку шминка. Си користам креми и серуми. Еднаш ставив вештачки нокти и никогаш повеќе. Едвај си ги вратив моите нокти во нормала.
Сте зборале за кожа и одржавање на истата. Јас до пред две години еве да речам, некогаш ни крем не користев. Лице чисто, да ти е ќеф да го гледаш. Ама од ко почнав постепено да го негувам (па се до то да стигнам до фул рутини) пак лицето ми е чисто ама не се споредва со тоа пред 2 години. Помеко, понежно, посветло. Ко претходно ми рекле дека да имам чисто лице ко комплимент, сега другарка ми ми игра мајтап дека ми е порцеланско и ќе го чуват во музеј. Тргам од себе, сметање дека вода и сапун е доволно (особено ако користите шминка) е само утеха. Треба мицеларна за добро да се исчисти та шминка (или друг чистач, само вода длабински не чисти шминка). Ако не користиш шминка минимум е вода (јас сакам и пена за чистење лице), крем и спф. Не вервав колку посвежнато можи да ми е лицето. Се уверив. И нормално, при миење менвање крпа секој пат. Често менвање на постелнини и особено навлкани на перници. But, it's a choice. Мене не ми е гајле некој ако не одржува скин ќер оти не е дел од лична хигиена. Дел е од ментална хигиена за мене.
Вака ќе пишам па кој како сака нека го сфати. Гледам да се хранам здраво. Користам природна козметика(значи токсини минимални). Исто и минимална шминка на природна база. Впрочем и јас сакам да се шминкам и го сакам уметничкиот и естетичкиот дел од шминкањето (но не со по 10слоја). Имам блиску до совршено и меко лице и кожа. Уствари отсекогаш сум имала и кога не се хранев здраво и не користев природна козметика и шминка. Но дали е сега уште подобро? И дали се осеќа разлика помеѓу негувано и не? Да. Дали во негувано мислам на се горенаведено (здрава диета, внимавање на токсини во козметиката и шминката, вклучително и онаа што служи за "лечење" на проблеми настанати од ова, и да не се претерува со исто) ? Да. Дали гореспоменатите ова би да го перципираат? Или ќе продолжат со кукање и од небо паѓаат проблеми и болести реторики? Нивно е, што више, ова да не беше цитатов ќе го пишев во сдк без цитирања. Сега за мене зборам, мене тие реторики искрено не ми се занимливи.