Јас само за свадбата гелни и толку, едвај го извадив гелот, и тоа мали ми беа, ама гелот ми сметаше, па кога сакаш да ги извадиш тешко се вадат, и ми се оштетиа моите нокти, моите брзо ми растат, само ги кратам, ги турпијам и лакирам со лак во неутрална боја, плочката ми е тенка и кога многу ќе ми пораснат мислат вештачки ми се, ама не сакам многу долги нокти, не сакам па ни до живец, од 10 години си пуштам нокти ама не толку големи.
На темава. Само што ми излезе видео демек споредба меѓу две жени од кои едната има ботокс, другата не. И оваа без ботокс ѝ се познаваат линии и брчки кога ќе крене веѓи, ќе се насмее и намршти, а на другата не. Само што кај таа со ботокс гледаш дека толку ѝ е оптегната кожата што едвај може гримаса да направи, ко парализа да има на лице. И женава без ботокс многу поубава ми беше.
Од естетски корекции имам само заби. Ако се смета тоа како одговор. Не ги ставив за да се фалам, туку затоа што морав. Друго немам намера да менувам. Задоволна сум од облините.
Често се прашувам зошто почнаа луѓево да прават 'дискриминација' и по фб, коа ти честитаат роденден пример, ги делиш луѓево. На едни срце им ставаш на други лајк.
Епа едните им се поомилени, поблиски, поише сакани, другите се помалку битни или скроз небитни па проценуваат како најправилно да изреагираат, добро па и со по еден лајк ако те удостојат, можат и слободно да изигнорираат па ти биди будала и пак честитај им нареден пат. Еее да не беше фејзбукот мало морген шо ќе знаеја коа ти е роденден, уше помалку па да ти честитаат.. Инаку не се замарај со тоа, се е фејк и ради реда и ништо не значи. Со дела ќе ти докаже некој колку му значиш, а не со емотикони и реакции на социјални мрежи.
Се е тоа ок, ама ја лично мислам дека исхраната игра голема улога. Било што да користам ако јадам глупости текстурата не ми е иста, не ми е исто лицево како, кога ем јадам убаво ем менувам навлака за перница, пијам вода и го чистам .. За корекци, сум за, и би направила неколку во годинава што иде, умерени секако. Животов е краток за да не пробам се што сакам.
Не знам колку сте приметиле, секоја година има ваква елка.. па ако сте во можност, израдувајте некое детнце..
Кој честита уште родендени на фб на ѕид на познаници? Одамна не го правам тоа, честитам на луѓе што ги сметам за повеќе од познаници и тоа или во порака или слика ако објават им пишувам во коментар (обично на роднини). Мислев на тоа честитање по ѕидови на рандом луѓе со кои можеби не си велите од едно здраво повеќе ако се сретните случајно одамна му помина модата, во 2010 честитавме на све и свашта. Мене уште некои од постариве генерации ми пишуваат на ѕид, ама ако не ми е битен фактор минува со лајк. Секако најмалку 90% од тие што честитаат така нема да се сетат дека ти е роденден без фб да ги потсети, што укажува на фактот дека не треба да им се придава значење.
Таквите ги избришав од фб. Честитам роденден и на ѕид и во порака. А некогаш се јавувам. Памтам родендени. Тој што заслужил добива честитка од мене. Не само за роденден. И за друг повод.
Денешното расположение со рефренот на песнава , волумен ако може да се појачи I'm going in hard, I'm going in one, two, three
не е се' во ружноќата, не се нервирај Јас одамна уште ради вакви "досадни" да ги наречам, тргнав опција за пишување на ѕид од други луѓе. Скрив и кога ми е роденден, да не ми пишуваат пораки. Сега ми честитаат само тие што знаат кога ми е роденден. Живеам ко пред 50 години.
When Konstrakta said "gledala je svoje lice u ogledalo, gledala je svoje telo i plakala i plakala" I felt that
Многу сум тажна и нервозна и све Ми иде сѐ да избришам, скроз да сменам околина, све освен факсот би сменила. Сѐ
Јас кога носам редовно шминка кожата ми е поубава, ваљда зашто многу потемелно ја чистам со средства и не го чепкам лицето. Не ми е јасно зошто сте запнале дека тоа е штетно? Па не ја јадете шминката туку ја ставате на кожа што не пропушта туку така и ја отстранувате. Искрено муабетиве за тоа коооолку другите ве осудуваат се баш pick me vibes, буквално никому не му е гајле ако не се шминкате.
Ќе ти се надоврзам на постов ,зошто го опфаќа фејсбук,а баш сакав да чкртнам баш за ова што сакам да го кажам. Мене не ми е јасно,зошто некој има потреба се да лајка.Еве би посочила една далечна роднина,на секој мој пост веднаш лајк.А јас не споделувам семе синапово објави, туку нешто така од едукативен карактер и навистина би сакала некој да го прочита.А прилично сум сигурна дека оваа не знае ни да пишува ,а не тек да отвори да прочита.Зошто тогаш лајк?Навистина не знам која е поентата.