Ај ќе разберам да пишуваат,снеК,бреК,граФ,госпоТ, така звучно им се слуша ,ама не ми е јасно како за внук,внука им се слуша фнук,фнука.
Не е до слушањето. како во претходната група зборови, полесно им е да се изговорат така, зашто има две последнователни согласки на почеток на зборот. Обично сум го забележал кај луѓе по потекло од источниот дел фнучке.
Фала што ме просветли,навистина ми беше чудно ,никако не ми беше разбирливо,баш се обидував да изговорам фнука и ми доаѓаше напорно. Сепак ,покрај се, запрепастувачки е фактот колку имаме неписмено население.
Овие што вака ги пишуваат зборовиве очигледно ги прескокнале часовите по граматика, по македонски јазик. Не е во ред да прават такви основни граматички грешки.
За жал не сме, според сите статистики, дури е и трагично што не одиме напред туку го губиме и тоа ниво што сме го имале, и не само во однос на познавање и изразување на мајчин јазик. Молам. Немаш претстава децата во предучилишна возраст какви грешки прават, но да не одиме натака. Не сум во образование, ама имам познаници кои се во тој домен. Страшно и тажно.
Штета, се губи убавиот пишан збор на македонски јазик... А има ли песна, расказ, состав кој поубаво звучи на друг јазик од македонскиот, мајчиниот јазик? Нема, еден и единствен е... Си го губиме идентитетот на тој начин.
Абе ајде,деца се тие ќе сфатам,имаат уште време.Ама возрасни лица,баш ништо,ништо да не сакаат да прочитаат,да не изгледаат еве на тв,нека е филм ,ама да не е синхронизиран,па ќе развијат некој основен речник.Како што пишав погоре на друга членка,роднина моја ,објавен едукативен текст,абе не го отвора,само лајка.Пре-жал-но!
Ајде да го прескокнам моментот на тоа колку нашиот јазик е убав (секој е убав на свој начин), иако се согласувам. Јас го гледам од гледна точка на тоа дека е специфичен, и има некои интересни лингвистички особини (удвоен предмет, три типа на членување,, преодност од непреодни глагоди, итн) Проблемот е што не можеш сосема добро да развиеш други когнитивно способности ако не го научиш добро својот јазик како дете, има многу побрзани процеси, резинирање, аргументација, изразување усно и писмено. Не исто да се изразуваш на туѓ јазик од овде и како да си роден некеде таму. Да не зборувам што учењето на јазикот ја зголемува и самодисциплината и влијае и на други нешта. Нема да навлегувам кој сѐ е виновен, тоа е друга расправа. И последно, се согласувам, јазикот е премногу клучен за одржување на една култура, Нас буквално нѐ снемува и физички и култоролошки.
Тие возрасни лица им се родители ,или баба и дедо на тие деца, едното е поврзано со другото. И кога тие деца се надвор од училиште се закачени за гејмери или видеа на youtube на англиски ,. татко и мама ги учат дека германски е многу важен. Тие нема да студираат тука, секако, „тури ѝ пепел на земјава“, важно е да знаеш математика. Наставниците немаат никаков „авторитет“, македонски се учи „зашто мораш, ама што ќе ти е“. Во јавната сфера никој не зборува македонски како што треба, „глупо е да збориш правилно“... И сега видете ги програмите по војната, некаде до 70-то години и каква ортофонија има низ филмовите, тв драмите, расказите и ќе видите накаде одиме... Секако, овде зборувам за некаков генерален тренд, има исклучоци, но исклучоците не го прават системот.
Ова не е точно, јас сум од источниот дел, и не ги викаме така, туку со правилната буква ни е полесно односно Внуко, снеГ.... Тие шо си ги сретнал се сељаци, недоучени, недообразовани... а такви има од сите страни.
Потполно си во право за се.И наставниците не зборуваат правилно.Поранешните наставници предаваа на литературен јазик и тоа не само оние кои предаваа македонски јазик.Мојот свекор ,кој беше просветен работник и дома зборуваше литературно,кога ќе кажеа моите деца новчаник,веднаш ги исправаше ,им викаше паричник.
Точно, секој град си има свој дијалект, ама ова се основни работи. СнеК, Фнука, или не пишуваат со 2 а пример сакаат туку сакАт, обично за сакат го викаат човек што е инвалид. Има разлика.
Ух, нималку не сакав да кажам дека луѓето од источниот дел се вакви или онакви, или сакав да генерализирам, само реков дека сум забележал таква тенденција. Можеби и не сум во право, немам статистика... Не ги делам луѓето на сељаци и не-сељаци, инаку. Фала за информацијата.
Како нѐ тераше наставничката по македонски јазик да внимаваме на дикцијата, тоналитетот на гласот кога читавме расказ, песна... Па состави пишувавме и на час, обработка на класици, драми правевме и на час... Како мали диктати, дури и краснопис имавме по македонски јазик.
Да, за тоа тврдам дека е така. Они сакАт. Така го викаме. Али има разлика од Фнука, снеК.... иам запознаено луѓе шо викат така и претежно тоа се тие шо се недообразовани, шо не слушале во школо. Другите сме културни
Кој те дирна тебе лично па ти да скокаш со ваков риплај? Или препозна. За 2. и 3. - барем прочитајте како што треба пред да пишете одговор од ракав -