Убаво те разбрав, не сакав да те навредам или слично, туку ти кажувам кои се тие шо така зборат или пишат. Обично тие се тие шо не се внимавале на училиште, или тие постарите. Се е ок, не сакав да навредам.
Да, и извини малку за мојата грешка во пишувањето шо ти си го постирал, го поравиви можеш да одиш да прочиташ поново, али си купив вотка и малку голтам букви јебига мајка сум, сакам да се опуштам ВоДка де аман
Ама затоа пак, имаат фејсбук и знаат да турат лајк,а и на милата фнука да и испратат стикер со ,,enjoy,,додека е на одмор,а за читање ,доволно е насловот да се прочита од некоја страна,веднаш се активира тастатура и извираат големи мисли од малиот мозок.
Генерацииве што почнаа да испуштаат „ј“ во имињата и зборовите што треба да ја содржат се загрижувачки фактор.
И јас цепкам цитати ама овојпат ќе пишам една целина. Апсолутно не се пронајдов, а ми е одмилен зошто истава тема врти постојано. Се уклучувам неколку пати и без исклучок секогаш наидувам на истото. Никој не ти брани ти да НЕ носиш шминка, ама затоа очигледно си полна со предрасуди за оние кои ја носат. Од овде: апсолутно може било кој, независно од возраст да се шминка и „шлака“ со што сака и каква пудра и да сака. Исто како што ти избираш да не се шминкаш. Нивен избор дали сакаат да изгледат како торти. (Дали ми пречи што изгледаат така? Не, нивно лице, нивен проблем. Дали и јас ги советувам? Секогаш. Дали го правам на нормален начи, а не со „се шлакате со тешки пудри“? Не и никогаш нема зошто тоа поттикнува обратна реакција.) На што сакаат нека личат. Да потсетам дека сите постари на помладите им велат да не користат шминка. Ама тоа значи само дека некој остарел Стресот влијае на цело тело. На најслабата точка најмногу, ама и на целокупната состојба. Двоцифрена е бојката на луѓе кај кои го имам забележано ова. Ако може да не ми се вадат зборови од контекст: „седење дома“ апсолутно не значи онака како што ми го имаш интерпретирано. Исто така делот со храната: сериозно? Пишуваме за козметика и наеднаш вадиш храна во миксот? Каде прочита да напишам дека храна не е важна? Ама не секогаш пресудна. Мислам, некој може да се храни најздраво, а да користи варикина Нареден пат слободно прашај што мисли некој пред да си претпоставиш. Тоа не ми пречи, ама претпоставки ми пречат. Секогаш сум за добра дискусија. Спојлер: апсолутно е употребен намерно толку пати Патем, во последната реченица од моето мислење пишав дека е неважно што и да (не) ставате на себе. Ама ретко кој стигнал изгледа до таму. Ставај или не ставај било што. Само без критики за оние кои ставаат куп шминка
Денес убав ден. Обично секогаш има натегање за кафе (читај: пиво). Се некој не може да дојде, де имал обврски, де не му се доаѓало... И денес, ми вика другаров да го викниме Димко*, таман за фудбалот. Инаку со него се знам некои, не знам, 3/4 години, така нешто... И вечерва за прв пат дознав дека не се викал Димитар туку Горан*, а всушност тоа му било презиме, Димитров, и затоа така го викале. Окееј. Ме замисли ова на еден муабет што го правевме пред некое време кога ми викаше она како ние машките имаме доста површно пријателство каде не знаеме ништо за себе, и секогаш збориме некои површни работи за спорт, автомобили, коли, жени... И, да, тотално е во право. Не збориме ние за некои персонални теми, емоции и проблеми, гледаме да се релаксираме со муабетот. Ама, затоа сме тука за се останато... Како на пример тогаш кога Димката беше во Германија и на муабет падна попуст на телефони таму. Без збор дечкото ми го купи, без да му пратам пари. А не се работеше за мала сума, 600-700 еур. СДК дека тоа го ценам. Сепак постот ми беше за друго... дека за прв пат пробав од тоа германското пиво Oppenheimer и баш добро ми легна. Поради забоболки, па грипосан бев, се немав напиено којзнае од кога пиво. А, и мојот тим без секирации, лагано си ги помина групите во ЛШ и ми го направи денот. *друго му е името, ама поентата е иста
Колку треба да си несреќен од 0 до ~ за на некој што прв пат го гледаш, кој никогаш ништо ти нема направено или кажано, му кажеш дека има проблем со нервите и дека треба да се лечи само затоа што во толку гужва од народ се збуткал во тебе случајно и несакајќи? Сериозно толку ли ги исполнува кога ќе навредат некој што не го знаат и кој ништо им нема згрешено? Жално
Секогаш велиме - ако гледаш проблем во сите, проблемот е во тебе. Од друга страна, безброј пати се докажало дека „мнозинството“ може да биде проблематично. Како да знаеш која од двете ситуации е точна во дадена средина?
Единственото неповторливо од македонскиот јазик се поговорките. Ги има да објасниш апсолутно секоја ситуација, и стално ми фали нешто, кога се обидувам да ги преведам на друг јазик , оти поинаку со два збора некои работи не се објаснуваат. И сега си мислам, можеби заради другите јазици, другите народи имаат поинаков менталитет, само кое е постаро, јајцето или кокошката? Денес сдк-жив човек на се ќе се навикне. И тоа е тажно.
Господи, зошто мора со неспособни да работам? Зошто секогаш мора да има барем тројка околу мене што ќе речат ѕидот е розов, зошто?!?
Сори што ќе филозофирам малце вака. Спојлер Јајцето е зашто кокошката не била секогаш кокошка туку некогаш влекач, водоземец, риба и остали попримитивни животни а и тие неселе јајца Проста еволуција
Кое е задоволството да го објавуваш секој чекор надвор од дома на Фб Пример секое одење у кафана, секое патување и слично
Женава доби толку хејт за една изјава дека маж мора да и купи кола, стан и Ролекс, нооо сега видете кој е среќен и во врска со бизнисмен. СДК кога сте автентични, true to yourself секогаш ќе ве следи тоа што го сакате, без разлика колку лудо им звучите на другите.