Го глеам настапот на Магија во 90 сетите, на Макфест. Толку, природно, убаво. Call me oldie, ама бе вакви фраери не излегуваат од мода никад. Недостасува вакво нешто.
Кога во Македонија сите ќе си го гледаат својот живот и нема да се мешаат во туѓа работа и живот?До кога старите ќе се мешаат на младите?Ако си љубезен ќе ти се качат на главата,ако си груб си некултурен.
Озбилно за жалење е, јас стварено не знам зошто ваков револт кај родителите на децата, се гледа дека на директорката и се сите овци на број и дека знај шо прај. Ако чита тука совет од мене нареден пат да не пешачи километри пешки туку со такси да си слези пред портите на училиштето, и да си клај физичко лично обезбедување а не полицајците да и изиграваат бодигарди. Од како го видов ова вчера цело време во глава ми е песната (1:35)
Не, не и е хејтот за една изјава бидејќи за Јована е познато дека важи она тоа од што паметниот се срами будалиот се гордее, така да си лупа постојано глупости. Друго после ословувањето на синот на Амди Бајрам како бизнисменот Елвис Бајрам кој воедно и е познат на јавноста и по тоа дека важи за единствениот македонски градоначалник кој нема завршено средно образование не е ни чудно што секој може да се прикаже како бизнисмен, што значи сигурно и овој на Јована е некој празноглав како неа а и бизнисиве некако како климави ќе да му се. Ама ако нека се љубат младите, баш изгледаат како заљубени птици луталици. NOVI DEČKO JOVANE JEREMIĆ JE PREKO NOĆI IZGUBIO MILIONE EVRA Javno je pričao o gubitku: "Nisam siguran da li smo osigurani"
Про тип за логично оправдување на секоја постапка како жена во патријархот, па и на суд - ,, не бев ебана ,,. Нема на чему.
МРАЗАМ да се хранам здраво. Гладна сум по 1 час и не го сакам чувството. Сакам пица, паста, бургери, помфрит, поховано, палачинки со крем, сирења, леб бел, сосови.. без сѐ можам друго, без ова не. Два дена како сум на здрава храна и полудувам, го мразам животов, не ми предизвикува задоволство, немам лезет, уживање, не сум сита..
Ако не бараш совети слободно игнорирај го мислењево, но можеби пробај еден оброк во денот да ти е нездрав? Пример имај балансиран појадок со доволно здрави протеини и масти, да не можеш да не бидеш сита, потоа за ручек јади бургер/помфрит/пица/whatever, потоа вечера нека ти биде исто нешто поздраво и јади овошје во текот на денот. Бар за почеток. Така нема да го мразиш животот и ќе уживаш во исхраната, секако додека се обидуваш да бидеш поздрава, што е сепак битно.
Од здравствени причини гледам на некој детокс да се ставам. Да минимализирам колку можам, па почетоците се секогаш тешки. Ми се погоди период баш и кога кафе пробувам да намалам, иако најголем зависник сум од comfort food, па се некако ми се насобра.. А иначе, секако планирам да имам cheat days
Кога се приближуваш до 30ка, а уште ти бараат лична за алкохол. Океј, на почеток беше слатко не викам не, ама шо е многу, многу е.
Се будиш рано, ама многу рано. Не ти се станува од кревет, земаш телефонот, отвораш Фемина форум. И таков нерасонет, темите ги читаш како Абортирано (адаптирано) млеко, Забранет влез за мачки (мажи) на Клиника за гинекологија. Баталуваш и форум и телефон, те стега бешиката полна, не се лежи веќе. Ај добро утро.
Има нешто што ти ја грее и растажува душата кога од стара личност што долги години била во среќен брак и сега е сам(а) зашто партнерот починал, ќе добиеш совет да се чувате и сакате со партнерот додека сте тука еден за друг. Онака едноставен и добронамерен совет, ама те внесува во една друга реалност дека сакале или не, животот и времето ќе поминат, нема да ги запреме. Наше е да гледаме она што можеме да го контролираме, да не го испуштаме од раце.
Знаете што е љубов? Кога продолжувате некој да го сакате, и покрај тоа што страшно ужасно ја накитил елката. На пример, мојата фамилија мене Поголем антиталент за новогодишно красење од мене нема. Ех да можев да си викнам некој дома да дојде да ми украси, како шо на пример носам поклони во цвеќара да ми спакуваат.... Тогаш и новогодишната магија можеби повеќе ќе ја сакам Пс. Ајде сега тетките што велат дека сме расипикуќи оти викаме жена да ни исчисти дома, да ме нападнат на макс