Сакам да кажам дека ако ветеринарот ме читаше викендов тука ко реков "пупупумашалатропамтрипативдрво одамна сме немале мака со ушињата" - сигурно се смеј сега. Пошто го гледам малио почнува да се дрпнува.
Брејјј не ми се верува колку многу се мразат меѓу себе израелци и палестинци. Машково било познато на тикток (јас не користам тикток и инстаграм) , но затоа Јутуб не ми бега, хоби број 1 ми е. Омраза, пцуење, клетви, навреди на сите страни, до душа и кратки клипчиња има, но го загледав овој клип. Не ми се верува колку се полни со омраза луѓето. Таа омраза можам да ја споредам со омразата македонци и грци каде под клипови очите си ги вадат едни со други. Страшна работа, никој со никој не се трпи. Ај да продолжам со Јутуб каде што застанав.
Почитувани, дозволете да ви се обратам. Откако со еден господин кој штотуку го упознав и развивме меѓусебна динамична хемија со силен интезитет, во еден здив така сплотени заедно и уживајќи ги внатрешните пориви и сонови за нешто даље, тој нежно ми пријде со недоволно поткрепена (зошто? И чуму?) констатација дека исклучиво "бурекот со патлиџан го јаде" Имено бев запрепастена од таквото негово излагање бидејќи беше апсолутен атак на мојата урбана скопска симит душа. Сега почитувани, повелете изјаснете се во ред ли е да искочам на прв состанок во Силбо со господинот, или подобра опција е да го испочитувам со тазе домашен бурек приготвен од моите вредни раце сето тоа сервирано со многу љубов, внимание и еден патлиџан исецкан на еднакви шестар делови. Срдечно
Сакам да го кажам следново. До кога нашите пејачи и пејачки ќе снимаат на друг јазик за да се доближат на некој соседен пазар, мислам на околниве држави. Прво јазикот е сличен и разбирлив и се разбира. Второ секој има свој мајчин јазик и треба да си го негува, и е твое обележје и идентитет на твојата нација, едно прашање зошто тие не прават песни на македонски јазик сте се запрашале? Ако сакаш да се доближиш на некој пазар има интернационал јазик англискиот. И онака сме загрозени во сопствената земја својот мајчин јазик е премалку употребувам, само вестите што се на македонски јазик а другата програма е странска. Не сакам да ја ставам музиката во политички контекст, ама тоа го сметам за свое поткопување и неценење. Зошто никогаш не научивме да си го цениме своето? После не си ценет.Кој како сака нека сфати.
Ахх Херера ич да не се чудиш, тоа гледаш македонци со македонци очи си вадат од омраза не пак со други. Замеси нешто
Го молам мојот future husband, да не објавува по социјални мрежи, работи од типот : Se pokaza nevestava i godinava...со слики од масата за славата. Плис. Фала.
Вчера имаа обид да ми го ограбат станот, денес на 10 метра од мене кола удри во ѕид (им пукна гума), веќе не е во возна состојба. Од памет се извадив... да не си купев од маркет едни гризинки што ги немам година и кусур јадено и да не ме фатеше мерак уште по пат да ги глоцкам, не знам дали сега ќе бев дома или на костозглобно... среќа застанав да го отворам пакетчето... Немам друго што да кажам освен фала му на Боже што ме чуваше и на Свети Николај и на сите Светии и патем нека ни е среќен и на помош утрешниот празник.
На место ти е муабетов. Истоо и јас сум приметил. Какви луѓе знам, паметни, интeлигентни, цело знаење во светот во малото прсте го имаат. Им се восхитуваш за се, ментори ти се и животни гуруа... Додека не ги запознаеш подобро и не видиш каков хаос им е љубовниот живот. Тоа одлуките што ги носат им се тотална спротивност на цела логика што ја употребуваат во другите полиња на животот. Обратно пропорционални се IQ и EQ, нема друго објаснување.
И социјалната интелигенција, која исто знае да изостанува за жал. Епа тоа е, не може се да биде подредено во животот и да е успешен човек во се, не постои таков, колку и да го докажуваат спротивното, нешто мора да не биде ко што треба. Живот...
Никогаш нема да разберам кога ќе ми кажат "мислам дека ја надраснав новогодишната и зимската еуфориј ". Како ја ндрасна? Како? Јас мислам и 90 години кога ќе наполнам исто како дете ќе се радувам на снегот. Буквално ми доаѓа да одам кај што има снег и снешко да си правам Обожавам да гледам како е украсено за нова година, па да украсувам. Потоа празници божиќ, бадник, барање на паричката во лебчето. Како може некој да не се радува на сите овие работи кои што се случуваат во ова годишно време.
@Hisha од збор до збор точно. Ама не значи дека нема да најдеш луѓе кои може да ти бидат како фамилија и тие се тие заради кои пак почнуваш да ги засакуваш празниците.
Можеби срцка, не секој го има тој луксуз. Гледаш какво време дојде, ладно и мрачно. Патем на некои загуби им нема замена …
Нормално, ама не ни можеш па постојано да живееш во некој момент од минатото. Дали до среќата или не, мислам дека ако некој си бара и е добар човек ќе најде барем приближно тоа што му е потребно. Не дека е невозможно.
Истото сакав да го пишам, кога ќе изгубиме блиски ништо нема да биде исто, затоа мразам празници, ме растажуваат.
Точно, ама главно зборот ми беше во смисла ги надраснал поради годините дека не е дете. Иако понекогаш некои ситуации знаат да заболат и тоа многу, незначи дека треба да подлегнеме на таа болка, напротив треба да се избориме..
Зборев за губиток на член од семејство, не можеш а да не ти текне. Личност која те гледала како растеш, те опсипувала со тон љубов и подароци .. Инаку да, се согласувам не е невозмжно. Надежта умира последна.