Тешко е да се преболи смрт на блиска личност, ама не се умира со умрениот. Секое живо суштество умира. Дури и не треба да се жали оној кој што умрел, според библијата, тој не оди на лошо место, да може да ти е тешко што ќе ти недостасува ама не и да се жали затоа што починал. А и тргни од самата помосла дали тој/таа би сакал во моментов да тагуваш, или да се радуваш? Точно дека е тешко, ама ти треба да продолжиш со животот, да си ги оствариш целите во животот, мора да се трудиш, не вреди да се предадеш. Не го заборавај никогаш него/неа, зборувај често за него, ама ти продолжи понатаму...
Не ја сакам зимата нешто многу, ама ги обожавам празнициве . Ставам сијалички надвор што е можно повеќе, нека трешти, време му е, внатре исто, украси, елка џиџи миџи, све по ред. Прекраснотии. Па кристмас мувис, кристмас песни, се ми е убаво, на се се радувам како мало дете, и ќе гледам да не ја изгубам таа еуфорија колку што можам подолго, или животот не ми наложи поинаку. А моментално уште снегче ми фали. И сакам кога е секаде накитено, само последниве години се поретко гледам да свети некоја куќа. И жал ми е искрено. Ми фали таа магија, ама се сменија времињата, лугето, се. Не знам за вас, ама уште ги паметам оние лентите што ги бесевме на плафон, светкави имаше различни модели, цела дневна ни беше со нив накитена. Барав слика ама не можев да најдам. Ако некој ви текне ставете.
Тие реченици се само реченици. Животот продолжува да, ама болката е иста. Океј е се што пишавте, се согласувам..
Јас двајца изгубив за 10 дена, и велат со тек на време помалку болело, НЕ, туку учиш да живееш со таа болка, и многу јасно дека не се умира со умрениот, ама тешко е, а најмногу за празници кога не се сите на број, и знам, лесно е да се каже, пробувам да го потиснам тоа, ама тешко ми оди. Јас која бев прва за китење, украсување, сега не ми е до ништо, сега не е баш без ништо, ама ништо не е како што беше.
Срцка и ја китам, празнично време дечиња мораш да биде со насмевка и расположена за дедо мразовци/ песни/ пакетчиња. Али умира нешто во тебе што никојаш нема да го вратиш, да ќе се радуваш, но умерено. Ќе си речеш копнеам по една убава воздишка како кога сите бевме на број. Онаа топлина, во замена за ова вечно студенило. Фала богу дека ќе се расположиш и на празници и снег, ама не како во минатото.. барем јас ..
Добро, тоа јасно , а еве од вестите денес се појави и една позитивна вест. Секој ден администрацијата има потреба од нови вработувања, вели министерот за информатичко општерство и администрација Азир Алиу. Фондот за здравствено осигурување бара 41 работник за 36 позиции, Министерството за надворешни работи ќе прими 15 извршители, во транспорт и врски ќе се вработат девет нови луѓе, во МИОА ќе се вработат осуммина, а исто толку позиции се отворени и во Општата болница во Велес. Нешто над 50 работници се потребни во ТЕЦ Осломеј и дваесетина нововработени во Хидроелектраната Црн Дрим кои исто така се под државните електрани. Платите кои ги нуди ЕСМ СЕ различни. Во зависност од позицијата, се движат од 30 илјади, па до речиси 60 илјади денари. Се бараат лица и со средно, но и со високо образование. Туку , да не знаеш случајно дали уште важи тој рамковниот договор , оти имам една другарка пријавена е како да оди на работа у Мк и си зима плата, а она живее во Германија па испаѓа дека зима 2 плати, германска и македонска. Не е лошо да ја исконтактирам на фејсбук , незгодно ми е оти испаѓа дека само ко ми треба инфо и правам муабет, вака ме нема да и пишам. Хммм, мора нешто да измислам.
Абе глеј, не моеш да ја пријавиш у Македонија, оти за џабе, али у Германија увек моеш да ја пријавиш у Финансамт... Анинимно де, по Рамковна линија...
Излегува машко детенце со ситна градба од систематски преглед .Од група девојчиња го прашува едно,еј колку си висок?И кажува детево,а таа за да испадне појака на англиски му вика ооо многу низок.Тоа глуми индеферентност и вика јас на мама сум таа е ниска.Така се создаваат комплексите,за цел живот. Го знам чувството ,имаше една дилајла висока ,а јас бев секогаш онаа дилајла малата,така децата не посочуваа .Верувајте ама дури во овие средни години сфатив дек не сум баш толку ниска туку просечна.Ама и денес некој да ми рече тебе убаво ти стои,слаба си,јас пак се чувствувам како биберово зрнце. Учете ги децата да не коментираат физички изглед ,а вас што не ве научиле од деца ,да си ги затните устите.
Знам дека времето лета кога ти е забавно, и никогаш нема да ти биде доволно, ама... Декември што е ова, успори малце, да ти се израдувам уште малце човече.
Е овие што ја делат сметката на пола никогаш не ги разбрав. Јас пијам бело вино и јадам пилешко, а некој јаде по 3 македонки и 3 флаши вино и плаќаме исто?! Отсега има од све да пробам в кафана ко ќе идеме.
Ма какво плаќање на пола. Секој плаќа колку што изел. Јас можеби ќе изедам само помфрит и ќе испијам еден сок, а другите ќе јадат скара и на крај сметката на пола? Друго е ако сакам да частам.
Сакате да ми кажете дека одите 10 души во кафана и се броите 200 пати кој јадел од помфритот, а кој од зденките поховани, кој пиел узо, а кој вино? Џизс. Ич не идете во кафана стварно Сигурно и на другите не сте им добро друштво
Не станува за дружбата муабет. За плаќањето. Не секој може да даде 1000 во кафана , а да касне само пилешки прсти. Не секој оди в кафана од што сака, можи да е само ради реда.
Тој што не сака да дели и нека не оди, мислам стварно нема смисла да се натегаш на крај кој колку јадел, пиел и да делиш.
Има и такви што се учат. Еднаш, два пати, три пати ќе ги частиш и после се опуштаат. Си порачуваат скари, пијат по две три пијачки, а ти можеби си земал само 1 000 денари со тебе? Ништо не плаќам. Гледам на сметката колку чини моето и толку пари давам. Ако кажам јас ќе частам, тоа е ок. На кој не ми се допаѓа тоа, чао пријатно.
Секој свое сфаќање. Не знам колку би ти значело ако наместо 2000 даваш само 1000ка, а дома имаш фамилија. Разбирам еднаш, да, ќе се плати ама насекое брате.
Или едноставно ќе си го направиш твојот круг да биде приближен на тебе, или и ако не е приближен ќе има осет да се приближи на мнозинството. Не знам зошто воопшто излегувате со луѓе што без осет јадат 3 шарски, уште повеќе пијат 3 литра вино, ако и вие не сте такви. Возрасни луѓе да земат да се бројат за пијачка-две плус минус разлика, нити сум чула нити сум видела.