A има и такви што ќе си порачаат најскапо вино, си порачуваат само тие што си сакаат, без да се консултираат со другите и на крај што нема да се изеде ќе им го спакуваат за дома, и ако сметката е висока па уште се бунат, се расправаат со келнерите, пиј ти најскапо вино, јади бифтеци и висока сметка, епа висока ќе е.
Ко ќе си со колеги на Предновогодишна, не можеш да бираш. Не значи ако си возрасен дека имаш многу пари, побогу. Некој едвај месец со месец заврзува. Ко ќе ти се приклучат луѓе од познати што ете јадат и пијат поќе, што праиме?
А кога ќе ти дојдат падобранци? Е тие највеќе ме нервираат. Се договарате да излезете четворица ама на другарот му текнало да донесе уште некој. Еднаш ми се случи такво нешто и повеќе не дозволив. Ако сме се договориле да дојдете ти и Трајче, што мајка бара Трајче да го носи и Петко?
Не можат да ти се приклучат луѓе од познати, барем не во Скопје, зошто за секаде ти треба резервација со бројка. Поготово не за пред Нова Година, месец од напред е се резервирано. За Предновогодишни сум на став дека ако не ги плаќа фирмата, не гледам поента да се собирате, освен ако не сте и приватно блиски. Зошто да плаќам да седам со некои луѓе што очигледно не ми годат (во спротивно не би се жалела од нив на форуми). А ако сте и приватно блиски, пак се враќаме на моето претходно мислење
Ај не се праете премоќни, па срамота било да не се дели, незгодно ви било, ќе сте се брукале. Зашто да се дели, а не секој да си плати колку што јадел, пиел? Не мислите поарно е секој своја порција да има, а не све на куп, некој да изеде минимално колку без ич, и да не пие, друг да се наждере и начука и на крај да се дели сметка? Е не иде бе луѓе, не иде и не е фер. Секогаш сум за посебно секој да си плати во зависност од тоа колку потрошил. Дружбата најбитна е, точно ама и коректност, осет и поштовање треба да се има мислам. @SummerGirl што вика за падобранците, епа без осет се падобранците скроз. Ама сеа ќе испаднеме намќори ние вака што мислиме. Ок, ај така нека е.
Само во Скопје, да. По другиве градови, кој како ќе стигне така седнува на маса, не знаат луѓето што е тоа резервација. Не реков на Предновогодишна да ти се придружат. Тоа е. И моето и твоето мислење е точно.
Ние бевме собрани за еден празник на мм братучедиве, братучедки со жените, мажите, децата, и братучедиве си порачаа порција, зетов на мм се бунеше зошто не сме порачале сите заедно, а тој што јаде никој тоа не го јадеме, порачува ребро, коленица, мозок, јазик, па нека си порача за него, и на крај најмалку плаќаат плус со 2 големи деца, и се што ќе остане ќе им кажат за дома да им го спакуваат. Па и на другиве децава мали де ваков сок, па не им бил убав, не го пијат, па друг и така си стојат соковите, па никој не е должен да плаќа.
Јас еднаш така се зафркнав. Да порачаме сите заедно. И господата си порачаа салати, скари, жестоки пијалоци, кафиња... И на крај сметката по пола. Оттогаш сменивме тактика. Да порачаме заедно? Ние викаме - Ние ќе јадеме.... (им кажуваме што ќе јадеме). Да порачаме шише вино? Ние - Не. Ќе пиеме.. (им кажуваме што ќе пиеме). И после тоа си плативме само за нашето.
Јас и мм не сме многу јадачи, и баш мој братучед ми велеше да одиме негде заедно, јас и мм, и тој со жена му, превозот од нив, а ручек од нас, а они и двајцата си се по јадењето, му велев "ааа не фала, обратно треба, ние не јадеме многу", ок, со него така и си се зафркаваме, истото го кажала колешка на работа сега за прослава, сами си плаќаат, и им кажувала на колегите "оваа година секој ќе си плати што ќе јаде и пие, неможе некој да испие 10 пива, некој 1 сок и по пола".
Такви многу ме нервираат, јасна цел им е да искористат. Сум рекол подалеку од такви личности, кои за жал ги има премногу околу нас.
А како преживувате општо со такви ждерачи и гагаџии во животот надвор од кафана? Може треба да бирате со кого идете во кафана
Некогаш и ради реда се излегува. Почнав да ги откачувам таквите. И да ми се блиски не гледам причина зошто на секое излегување сметката да се дели на пола. А и среќа што оние со кои се дружам го имаат истото размислување како мене. Сум частела, ме частеле, ама само за некој повод. @Mrs. right не се замарам ако некој мисли дека сум намќор. А тоа со падобранците не се случи во кафана, туку на пикник. Не ми е јасно како може да се упикуваат во нечие друштво, макар и да се повикани. Јас не можам така. Договор си е договор. Како што сме се договориле, така треба да биде.
И јас сум за ова правило по пола да се плаќа. Ако седиш со блиски луѓе и сакаш да си поминиш убаво не се цепидлачи за 200/300 денари плус минус шо ни ќе те збогатат ни осиромашат. А ако се дружите со животни што не знаат што побрзо да пикнат во уста, тогаш згрешено ви е друштвото.
Ок е тоа, и ние со пријатели сме делеле, пример ако сме два пара делиме на пола, ако сме три делиме на три, ама сме се договарале што да порачаме, со усул било, а баш тие ждерачите гледаат колку изеле и се бунат ако е голема сметката, имавме едни пријатели, одевме во Охрид и застанавме во маркет да купиме нешто за пиење и грицкање, овој и велеше на жена му да види сметката, рачунаше на телефон што купиле за нив и до денар ни даде. А имавме една ситуација три пара бевме и на едниов улета нивен пријател, не седеше многу ама повеќе испи и изеде отколку ние цела вечер, и прв пат го гледавме, си се најаде, напи и си отиде, и на крај делевме на три, па што сме должни да плаќаме за некој падобранец?
Сакам да прокоментирам за муабетот со кафаната и делење сметка на пола. Кога одиш во кафана, многу често се пие на големо, се нарачуваат даски и додатоци од кои сите макаат. Броење залаци и голтки е лудост. Зато и е etiquette (сем ако не секој нарача порција) да се дели сметка на пола. За разлика од ресторан/кафич каде секој е со своето и има можност да издвои само своето. Дури и кога се дели сметка на пола, ако некој има помалку финансиски - мислам дека на никој нема да му е проблем да јади/пие колку сите, а да плати помалку. Луѓе сме и сите сме свесни за секакви ситуации.
Еве пример, ние бевме излезени од работа и сите порции, секој посебно пијачки си порачавме, едно 15 луѓе бевме и не си плаќавме порција. Друго, поќе од јасно е дека за парови, два или три пара не прам муабет. Се знае ако е така, ќе делам на пола, на три. Зборвам пример, цел тим од работа. Не мојш ти да го згрешиш друштвото, тоа е. Сакаш, неќеш ќе платиш сметка по пола.