И ние така. И се каевме дека не беше ко претходно - кога одевме и рандом нарачвавме и пиевме. Па делевме по пола. И поефтино не фаќаше поделена сметка еднакво на сите него со предноговодишна понуда на некој рандом ресторан/кафана. На друга нота, леле колку ситно бројам, уште точно 1 недела ми е работна од оваа година и иако притисокот е најголем овај период, сакам да помини.
Оваа се мисли на новогодишна прослава или како? Ако да, тогаш ми е чудно за какво плаќање се зборува. Мислев дека сумата е покриена од фирмата.
Не сите фирми ги носат вработените на прослава. И ние сами си организиравме со колегите и си плативме.
Прашање до тој што ја местел и поставил елката на скопскиот плоштад: Зошто? Секакви катастрофи беа видени од украсувања низ градовиве, ова уште не беше.
Ако сме повеќе души собрано и ко што рекоа нарачуваме "групно" од типот даска, салати и од тие сите си земаме во чинија океј е делење. Фала богу нема да се циганчиш кој земал три пилешки прсти, кој две. Е ако некој башка си нарача нешто прескапо ќе си даде малце повеќе пари кога ќе дојде сметката. За помалку души исто многу ме нервира ако ете решиме да платиме секој своето и некој имал 500ка, а другиот му фалеле 10 ситно за точна сума па првиов со 500ката ќења да му дадат сите точно до денар. Е ова ми е глупо. Трето што би рекла е дека е неблагодарно кога некој ќе реши да те почасти за некој повод да нарачаш нешто ултра скапо. Нема да ти мрчам ако земеш увијач што е пример 20тина денари поскап од стек или ако сакаш плус нешто за закуска али да си има лимит и разум. Пример зависи кај сме ама јадења ко скапи риби и морски плодови или скапи пијалоци као...нема потреба.
Мистеријата со елката е конечно разрешена. Спојлер: . Според инсајд информации откако првичната елка била украдена од непознато лице, украсувачите со помош на креативност успеале да ја спасат ситуацијата најдобро што можат и колку е во нивна моќ во последен момент. Едит: Најнови информации, со помош на камери од Смарт Сити Скопје едно лице е осомничено. Спојлер: .
Нема да веруваш, колку пати се случило некој да части, а друг да нарача нешто ултра скапо или пак кога се дели сметката тој шо нарачал прескапо да се прави на тошо. Мислам дека помладите, особено оние шо не заработуваат или немаат некоја поголема одговорност(со исклучоци), се оперирани од осет.
Нешто подобро што сум слушнал и навистина се сложувам и стојам зад ова. Жената и мажот се создадени да се дополнуваат, не да војуваат и да се натпреваруваат. Проблем е што човекот мисли дека човекот му е непријател и треба да го елиминира.
Најфрустрирани луѓе се професионално нереализирани луѓе. Оние што имаат одредена струка и завршен факултет, а не работат или работат нешто десетто што не ги исполнува кариерно. Отров фрлаат да си ги исфрлат фрустрациите.
Ќе се дадам себе си за пример. Најлечесто со овие гагаџии сме фамилијарно поврзани, за жал. Често ми се случува да ме викаат во кафани, и после како змија во џеб да имаат. Искрено, со еден пар не се сеќавам во седум години дали еднаш платиле сметка во кафана, ама затоа први се за предлог кај треба да се иде. Или ќе ти рече ееј последни сто денари ми се во џеб... Убаво рекле, додека има овци, ќе има и волна.
Затоа прееска пишав излегување ради реда. Некои луѓе едноставно не можеш да ги избегнеш. Иако јас веќе почнав да откачувам. Па не сум јас банка. Најинтересни ми се на крај... Ајде сега да видиме по колку да поделиме. А никако да речат секој своето да си го плати. А нема шанси они да платат (не ни сакам). Или слушаш... Ејјј.. А бе само 1000 имам, а картичката сум ја заборавил дома. Аха, важи. Идат на финта. Порачувам порција и кажувам што ќе пијам. Они ако сакаат нека јадат како за 3 дена. Нивни проблем.
Ти успева ли тактикава? Мене не Ќе речат еее немаш, а вчера купи тоа на пример. Или како може да немаш, таква кола возиш, таму и таму беше на одмор, како може да немаш. И така, си животарам