Eден просечен ден кога си прва смена (или имаш било каква обврска за којашто е потребно да станеш сабајле), во кратки црти: - Се расонуваш во хоризонтала околу 10-тина минути, се растегнуваш, раздранета и поживчана отколку во ПМС. Полека и мрзливо вадиш една, па друга нога од под јорган, па поминуваш полуседечка и неколкуминутна седечка фаза, во која свечено си ветуваш дека кога ќе дојдеш дома ќе спиеш ко мечка у зимски сон, па што сака нека е. :geek: И конечно стануваш, се спремаш и тргаш во нови предизвици, на работа, на труд. - Идеш на школо и преку цело време дремеш со отворени очи, за концентрација да не збориме, потешко можеш и од 404 да ја најдеш. Горенаведената заклетва сеуште важи, си ја повторуваш ко мантра во себе и броиш часови и минути до стигнување дома и спружување во кревет. Истово расположение те држи и на цел пат накај дома, во автобус, па се додека не ја заклучиш домашната врата зад себе. - Е тука, кога ќе стигнеш во соба, па кога ќе видиш компјутерот, настанува пресвртот. Moментално наоѓаш еден куп занимации, и одеднаш се осеќаш како никад у животу да не си била посвежа и понаспана. Најдобра варијанта - ако си сама дома, може и некое караоке парти да падне, па комшиите да ти настрадаат од „славејскиот“ глас. И така понатака цел ден се мафташ полудремлива, на крај се одлучуваш да дремнеш во време за спиење за кокошките, па пак се будиш и ете ти пак откачен биоритам. А наредниот ден се повторува истата постапка. И ондак то, ве поздравувам и имајте убав понеделнички ден.
Само што приметив дека борјот на мислења на Билката (349) е всушност куќниот број на другарка ми. Небитно.
Еден од ретките професори кои доаѓаа на Педагошкиот факултет во Битола,ја имав таа чест да го слушам предметот Македонска книжевност во 19 век,сосема обичен човек кој сака на многу едноставен начин да го пренесе своето знаење,без никави притисоци за учење-учење на најважните настани,нема чекање за оценки,потписи..се кажува точен датум и саат,се собираат индексит,влегува во канцеларија и брка работа..А,што е со оние “нафукани“ професори,кои ги чекаме со саати за оценки,пардон чекавме ( веќе дипломиранта сум)?Тие и нивното ГОЛЕМО ЕГО ,па како нивните деца,биле ваму,таму..експонирање,па заканување со презапишување на предмет ако не одиме редновно...каков авторитет е тоа?Ви се молам...кај овој професор,ретко кој не сакаше да оди,секој час различен,полн со интелектуална ајде да ја наречам смеа,доста анегдоти. Денес ги зедовме дипломите...да официјално...ништо не се смени..2-3 добри професори и другите накотени...едвај се собравме со колешките за групна фотографија,жално..некои си 4-5 си се сликаат посебно,сликите се објавуваат во рок од една милисекунда на ФБ,се слуша тропот од вискоите 15милиметарски штикли,разни комбинации на облека,што по тренди...тушеви,креони,сенки за очи...лигавења....професоре,леле професоре како сте? ( разбирам да го прашам како сте,но со природен тон)..Една е на работа друга не е..Сосема нормално оние послабите влегоа,се прашувам нас кога ни е редот?Ќе биде да..да...Ме плашат ваквите ситуации....до кога вака? Како и да е морам да одам...кафе,аеробик ме чекаат Во продолжение-колумната Снобизам и тоталитаризам Тоталитаризмот и снобизмот се еден вид роднини во речникот на човековата душа. Иако на прв поглед тие немаат ништо заедничко, сепак, тие се изотопни: снобизмот е само изотоп на тоталитаризмот. И едното и другото се базираат на лажни вредности: и тоталитарниот ум и снобот се прикажуваат за повеќе одошто се Венко Андоновски http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal. ... E.facebook
Кога сите планови, замисли за иднината ќе ти се срушат. Ти се руши целиот свет. Само за една секунда. А до тогаш си се надевал и си замислувал колку добро ќе биде. И не чувствуваш ништо, освен голема празнина. Незадоволство. Разочарување. Од себе, од другите... Сакаш да заплачеш, но не можеш. Јас веќе не знам што повеќе да правам, што да чувствувам, каде да одам за сите овие проблеми еднаш засекогаш да исчезнат. Гледаш како луѓе кои ни со малиот прст не мрднале, успеале во животот, а ти со сите сили се трудиш да биде подобро и на крај ништо. Остануваш со празни раце. А премногу желби и неостварени соништа. Ќе мора повеќе да поработам на себе. Животот е суров. Ги мразам ваквите денови. Мразам се`.
Лееееле бе стршленкееее, немој не преименувај ја, и мојатасе вика Лина, не е лабрадорче ( иако ми се омилени кучиња тие и сакам да си имам, море ќе имам во иднина ) ама се радувам и јас со тебе, оти јас не сум јас ако немам куче. Е така. Чувај ја, сакај ја ќе ти возврати дупло. Убав ден
Мразам мразам вакви денови!!! Се отепав од плачење ,сите блиски мои одат на факс во друг град. Пак ќе бидам без друштво, уште од сега ми недостигаат а најмногу брачедами!!!!!
Зошто некои велат глупо е да се осудува и да се користи сарказам, а кога тие истото го прават, одеднаш имало одредени ситуации каде тоа било ок и вадат листа од Уставот со истите набројани? Епа дај одлучете се, јесте ли за или против
Имам многу мани, ги признавам, само мои се и ги прифаќам. Највеќе за една се нервирам... не знам како да ја прифатам среќата. После толку време сум конечно среќна, ама не си дозволувам да уживам во тоа затоа што се оптоварувам со глупави размислувања дека ќе се деси нешто..и се ќе престане, ќе заврши и пред да почне..дека ќе се руши како кула од карти... Се прашувам, дали сум неблагодарна?! Дали сум неблагодарна што се плашам да уживам во она што ми се нуди на тацна?! Одговорот веројатно е позитивен... Спојлер Во животов сум слушнала и убави и не толку убави зборови за мене... сум слушнала многу комплименти.. всушност како и секоја останата девојка.. Но тој... тој знае како да ми ја гали душава со збор.. "all i know is that it feels you are a good investment to invest my feelings" ми рече... во тој момент умрев и се родив одново... Ми пее негови песни и ми посветува негови стихови...нежно и деликатно ми ја храни душава, ме прави жива, трепет од ножните прсти...се до трепките... затворам очи и неговиот мирис ме скокотка...и тогаш одново хаос од емоции... бајка...глупава јас..не знам да уживам во моментот!!! Имам битен настан во среда.. Имам грутка во грло и утробава ми се превртува, заборавам да јадам... ме држи будна и ми предизвикува аритмии... стискајте палци за мене!
Чувството кога една прегратка во истиот момент ми нацрта насмевка на лицето, ми го поправи расположението и денот воопшто...
Фин е денов, некако чувствувам некаков немир, истовремено и огромна продуктивност и исполнетост. Туку дојдов да ги исхејтам библиотекиве. Значи ужас видено невиден! Драми! Прво хаосот што им владее со членските картички не го коментирам, тоа си е дисциплина посебна за себе. Библиотекарот го мрзи да го помести газот и да изоди два чекори да ја побара книгата.Ок.Влегуваш сам онака со привилегии и си бараш, плус знаеш што каде стои, ама нема, не не и не! А знаеш дека имало. Е знаете што прават? Верувале или не, ги кријат книгите. Да видиш да не веруваш, баш. И така, си одам во афект бидејќи морам да наоѓам милион начини да ги откријам скриените си книги. А, и да, денес си отидов со 10тина... Да не ми ги скрие библиотекарчево па да си играме мижитатара, не за друго. Ајт здраво!
Денес сум невообичаено смирена. Покрај целиов хаос, мислев дека не можам вака да се чувствувам. Но, ете, сум можела. Блескам од среќа. Не дека имам за што да сум среќна? "Молам? Како немаш зошто да си среќна?"- ми вели ангелчето до мене. Знам, погрешно се изразив. Околу мене огреа блескаво сонце откако го видов тоа малечко бебенце заспано, во рацете на мајка му. Не можам да оддолеам на бебиња. Голема слабост ми се. Но, исто така и една од најсилните мои страни.
Јас сум тоа што сум . Со тек на времето моите мислења и ставови се менуваат. Имам поразличен поглед кон светот од порано. Тоа значи дека растам и созревам.Ако порано сум мислела дека тоа е лошо ,сега мислам дека е добро,или обратно.Но, знам дека не сум единствена,така е кај сите луѓе,сите се менуваат,на било кој начин. Порано сум размислувала многу глупаво да речеме,сум се дружела со погрешни личности и сум имала лажни пријатели.Па фала богу,помина тоа,си имам свој живот и не се мешам во туѓи,а најмалку се замарам за пријателите од порано. Жал ми е за нив,бидејќи изгубија личност како мене,а таква личност не се наоѓа туку така http://www.youtube.com/watch?v=Oo4OnQpwjkc голем поздрав до сите со песничкава
феминкиии Денеска јас сум некако во подобро расположение ваљда тоа е резултат на денешното убаво сонце што ми ја стопли некако душичкава и што ми даде позитивна енергија,си потпевнувам,си се смешкам и со будни очи ги сонувам поубавите денови и сфатив дека единствено нешто што ми остана е да се движам во правец на остварување на своите цели па може еден ден трудот што го вложувам ќе ми се исплати.
Се чудам што се прават луѓево само за да бидат интересни на фб. Објавуваат разно разни чуда,крадени идеи,статуси или поточно твитови,слики левел прескокнување јадење,а пола и више од нив немаат свој живот.Ми се гади да ги гледам,ми се смачи од маските на луѓето.Ова фејзбуков не е за секого дефинитивно.
Јас планирам да се откажам од мобилни телефони! Значи ме нервираат, ме замараат, не можам! Не сакам да имам таква обврска. Што сум бе јас должна 24/7 да бидам постојано достапна? Како бе порано функционирале без овие сра*а? Па аман заман веќе. Од прилика пред три недели бев на кафе. Двајца се сликаа, третиот се допишуваше цело време на фб. И им викам: - Па добро, ќе си праам муабет сама со себе. Нема проблем. - А што, ти се расипа мобилниот? Дали ме ЗЕЗАШ? Извини што те вознемирив. Продолжи да си гледаш во телефонот. Светот зависи од вас, па не можете ни минута да се одделите од нив, или што? Репчево цел ден ми е високо стегнато со три стегачи. И глава ме боли. И лев ден ми е. И чао!
Бес , лутина , нервоза , очај и солзи ... само тоа остана во мене . Некои луѓе те повредуваат , намерно или не намерно , и не знаат дека тоа многу те боли . Кажуваат работи кои те болат до коска , почнуваш да чувствуваш бес затоа што не се во право , а всушност можеби и се ... Повеќе не знам каде и што да правам. Мислам дека нешто оди на подобро но не е така . Само се залажувам себе си . Никој не ме разбира . Никој не знае што чувствувам . Само ме напаѓаат . Никој не знае кон што целам и зошто правам некои работи . Мислат дека е од инает но не е така . Сакам да направам нешто со себе и со својот живот , да сменам нешто на подобро . Но тие мислат дека тоа што го правам е излишно и дека нема да успеам . А тоа ме убива одвнатре . Животот ми се руши како кула од карти а јас само стојам и гледам , зашто не можам ништо да сторам . Полека почнувам да се претворам во личност која одсекогаш ја мразев . Сакам да избегам негде на неколку дена и да си ја средам главата . Негде каде што ништо и никој не може да допре до мене . Зашто се изморив веќе на лицето да ја носам онаа намевка " Се е ОК , I am happy " само за да не ме третираат моите како си патам од мојата глава и дека не ги слушам . Но тие можат да кажат се и сешто затоа што не знаат ништо за мене . Јас за нив сум тугинец кој тие мислат дека го познаваат . Се лажат . Се надевам дека ќе дојдат и подобри денови . Или пак само се залажувам .
Од прилика пред три недели бев на кафе. Двајца се сликаа, третиот се допишуваше цело време на фб. И им викам: - Па добро, ќе си праам муабет сама со себе. Нема проблем. - А што, ти се расипа мобилниот? Дали ме ЗЕЗАШ? Извини што те вознемирив. Продолжи да си гледаш во телефонот. Така Еленке така, јас пак имам една Нокиа од пред 7 год. и мака неам, нити тач ми затребало нити фејсбук Еден другар така, кога и да дојдеше кај мене тел. во раце, еднаш му кажав ама јок, пак истото, ми сменија рутер нов пасворд бла бла, седевме во двор и ме натера да одам дома да му запишам,пфф булшит А СДК признајте сите, со дечковци, бездечковци, мажени, женети и се останато дека сеуште кога ќе чуете некоја песна што ве потсетувала на некоја особа, УШТЕ ве потсетува. ............ Мораше ли да ја слушнам, баш сега , пред спиење ДОбра ви ноќ
Порано се чудев како другите можат да заспијат моментално. Сега знам како е кога си изморен и единствено нешто на кое мислиш е моментот кога главата ја ставаш на перницата и тонеш во сон . Утре ќе биде опуштен ден, без многу обврски, ќе има време и за шетање. Добра ви ноќ, феминки.
Со закон да ми се забрани јадењето обланда, неконтролирано, во ниедно време, директно од кутија, а нему доживотно одземање на далечинскиот управувач и трајна забрана до приближување на се што има екран !!! Мислим, има ли смисла?!
Истото ми се случува и мене. Дојде ли денот на шалтер да се прави нешто, од кревет не ми се станува. Стојам денес и не знам која е линијата, таа од лево, таа од десно или таа во средина каде што стојам, бидејќи заборавиле како се прави линија за чекање, заборавиле како да се подредат како луѓе. Па се туркаат, па се претркуваат, па се кара бре со тебе он бил на ред. Марш таму назад бре во редот, застани како човек и стој. Во забаваче децата знаат да се постројат, они се набутале по сто души пред шалтеров, женава не знае кого попрво да услужи, кому попрво да земе документи. Ај Дејдрим, до следниот пат, до заверка на зимски семестар.