Со какви луѓе се дружите. Мој совет е ете како new year's resolution на пример, во новава година да ги откачите сите користољубиви, алчни, завидливи, отровни луѓе. Без оправдувања, имајте муда. На раат ќе бидете после, верујте.
Среќа што заминавме. Проблемот е во маж ми. Он е многу великодушен. Тешко сфаќа дека со некои луѓе не треба да се дружи.
Ми се пие кафе, а не ми се мрда да си направам. Уште очиве не ми функционираат . Ама затоа мижејќи си лапнав од баклавата .
Еден од најомилените спомени ми е еден со мајка ми недела-две пред НГ. Моето ментално happy place. Цело детство и цела '90 декада ми е моето среќно место, ама тој спомен ми дава посебна топлина. Па така, и јас се трудам и ќе се трудам да и' создам најубави спомени на ќерка ми. Да сака и она потоа да ги рекреира со нејзините деца. Здравје. Бидејќи ние родителите сме им носталгијата и потсетник на убави топли моменти, кон кои ќе се стремат некако пак да ги доживеат. Како јас што сега се стремам тие нешта со моите што ги доживеав, да ги доживеам со ќерка ми. Слично де, секако, не може баш идентични. https://www.instagram.com/reel/C02sm7Vtq2e/?igsh=em41emFpMXh4aHFz Убав потсетник и перспектива.
И што? Некој сам си ги чува деца, нема тој луксуз остави кај баба/ болно е баба/ ми се шета баба. Ете сакала мислење од мајки, и нивни искуства. Не е се да фаќаме сеир и смееме. А зашо би се правдала, неќам и точка. Имам толку и толку, вака и вака тоа е, таква сум ако не ти одговарам чао. Највеќе мрзам е како немаш, е лесно ти е ова е она. Глеј си за себе не ме мари мене многу.
Темава има друга намена и не служи за преписки, досетки и ,,доскочици,, Да се изразат мисли, чувства, намери, случки, ситуации....тоа беше основната намера. Кој сака да си разговара, има ЧЕТ, слободно нека си пишува таму, да не ја оптоваруваме темата со дијалози.
Општо тестери од шминка кога ќе видам на лице шлапање, ГАДОТИИ од луѓе. Како не им е гад не знам, пред нив секој пипал со валкани раце, мачкал на усни со херпеси, со вируси или бактерии и ти на лице ставаш после од тоа? Многу гнасни луѓе има.
Само што бев во дм и една си пробуваше кармин на уста директно. Вработени имаше ваму таму којзнае дали ја приметуваа.
Свашта човече, прегаден народ. Ај не очекувам за другите да мисли, ама на себе да става, стварно ко легло на инфекции ги гледам таквите.
Само во Македонија ќе ти се налутат ако имаш нешто планирано, и им кажеш да дојдат друг ден. Не бе јас се ќе откажам поради вас.
Па ако имам за мене имам, не за други, дај ако не ништо да не купувам за да ги частам, здосадено ми е од такви, и мене се ми велат "еее имаш ти", а никој не знае каде ми одат парите, па на нив ќе им објаснувам. @MissChievous некои се роднини, колку и да сакаме неможеме секогаш да ги одбегнеме, мм е наивен, не знае да им каже НЕ, што се однесува до мене и мои да се роднини ќе ги откачам, не ми требаат такви користољубиви.
Скоро пишував за ова, не сфаќам како можат, не само кармини, било што да стават на лице. Ставаат и руменило и хајлајтер со прстињата на лице, кај што фатиле 19290 прстиња пред неа. Ама жими се имуни се тие на бактерии, инфекции и сл., тоа отпорно е, навикнато на г'нсно па затоа немаат гајле
Тестерите ги имаат сфатено пресериозно, мислат дека можат да си се нашминкаат со нив. Мене ми е гад на рака да ставам, не па на лице. И не само тоа, толку ги уништуваат тестерите што буквално ни малку не можеш да го видиш продуктот.
Се мислам дека добар дел од народов не ни знае дека еден куп инфекции има, си живеат со нив така и си викаат алергија ми е или слично.
Па така некако хаха, ма какви роднини, кој сака нека се, убаво си пиша треба сите да ги откачиме таквите, па и роднини да се. Еве пример се кај нас се најавуваа, а ниту еднаш не не поканиле, ама сега толку, пресековме со некои.