Не можам да речам дека ова беше impulse buy оти цел ден "маринирав" одлуката. Ама, си нарачав witch journal. Буквално тука гледате како постепено врвам низ фази кај шо се врзвам со ѕвездите. Памтете. За ко ќе се скараме со да ми се смејте. Фала.
Да е само Тајланд, а каде се Камбоџа, Виетнам, Филипини, Кореа, Кина, Јапонија и сличните. Денес по втор пат месецов слетав во една од горенаведените држави, од скоро 500 патници во авионот жените малтене на рака се броеа. И не само овој лет скоро па сите летови се овакви особено сега овој период. Чест на исклучоци секако, ама па коа ќе ми кажат идеме на меден месец така малце ми се бљуцка отпоќе. Туку да ги видиш рестораните какви се со каква "забавна содржина" а оваму и деца малолетни јадат и гледаат. Еххх туги се богами и несреќи таквите особено оние од Дојчландија и околина.
Што е со болеснициве по интернетот што кога некој најнормално си игра со маче ќењаат дека е animal abuse, ама кај што деца се повредуваат сериозно им е смешно. Дај лечете се да ви се сневиди.
Како последните 3 кореспондираат со првите 3? Јапонија и Кореја ниту се ефтини ниту с**с дестинации, колку што мене ми е познато. За Кина ништо не знам. Во Виетнам и со девојка се одело, ефтино било.
Сеуште не ми е јасен концептот за форумџика на годината, мислам форум автоматски го прават тоа што е форумџии, не една форумџика (а ни кланови). Ко што разбрав годинава има и мамичка, реално кога они веќе го одржаваат форумов, ваљда и од тој аспект треба да се гледа. Така што не знам која е одма да кажам и не знам дали и претходно имало кансидат/победник на оваа основа, ама би било интересно да победи. Толку сум упатена, со неколку исклучоци, другово не знам кој и зошто е таму. Како и да е, среќно на победникот кој и да е.
Јапонија го има, Kabukicoo а Кореа Бусан, за Кина излишно е да се збори кога тоа им е дел од "традиција". Настрана нова технологија и она што се промовира во западниот свет што и не дека го немаат, културолошки сите наведени се Far East Asia земји кои главно водат потекло од стара Кина и Јапонија, каде културолошкинси успешен ако си со "бел човек" без разлика на возраст па и пари ваљда. И пред да ја кривите западна Европа ваква им била културата и пред колонијализмот. За ефтини или скапи не можам да ти кажам колку се бидејќи лично на големо ги одбегнувам ама дека сум била и видела тоа да особено како "белкиња" еве многу нападен пристап имаат. Туку доста филозофии да се фаќам за работа.
Брокула 300денари И тоа никаква, дали за едно правење, само реков фала чао пријатно, што ќе беше ова?
Не ми е познат феноменов, може контекст? Проституција мач? Сум слушнала од лик што живее во Шведска дека некои мажи земале жени од Тајланд, швеѓанките не им чинеле, не биле домаќинки. Ама за друго не знам...
Кафе, џез и поглед кон градината Слободното време ми овозможи да се навратам на плановите и желбите кои на секој почеток на годината ги зацртувам. Сфатив дека еуфоријата за почеток на новата година и сите промени кои ќе ги направам ме држат само неколку месеци, а потоа со обврските полека нечујно исчезнуваат сите планови и секојдневието си го зазема своето место. Оваа година ќе си посакам само да бидеме среќни и здрави јас и моето семејство. Џабе сите планови кога живот може да се случи во дел од секунда.
Еве ти во живо слика од домаќинките. Кои се поголеми домаќинки вие одлучите ја не судам. Ова се нормални ресторани, како е на тие улици специјални не знам искрено. А што е феномен, ваљда дека е многу ефтино имаш пари и све имаш накратко. П.С. ако се експлицитни сликите може модератор во спојлер ја не можам да ги ставам.
Дур се возам, со забораени слушалки, одлична шанса беше да си попишам на теми шо си пишев белешки дур работев оти очигледно само тогаш имам налив на инспирација. Си заборајв белешките.
Оние веган инфлуенсерине што со веганството се сметаат себеси за богови на доброто и моралот и ги гледаш како прават драми во месарници и на улици во знак на протест да смањат доживљај. Светот е многу поужасно место од што замислуваат и ниту тие ниту било кој обичен човек тоа ќе го смени за брзо. Слободно кој што сака нека јаде, тоа фала богу. Само ако збориме за екологизам, секој прави онолку колку што може. Ти не јадеш месо ама чичко Стојче од Свирипичино што чува крави не купува од Зара кај што робата ја шијат сиромашни жени што не смеат да идат по мочање и не купува ајфон за чии делови исто така се искористува нечив труд и не јаде авокадо, киноа, манго и слични тропски ствари за чии транспорт се испушта огромни количини CO2. Така што, ајде наместо да драмиме зашто некој земал цевка со кафето, да погледнеме од подалеку кој е главниот виновник за тие проблеми.
Еднаш кажав, ниедна храна не може да победи пиперки пржени со патлижани (домати де ама ние патлижани си ги викаме) и лукче. Епа, после тоа е сарма со ориз. После може се' останато.