Светкави како лампиони Ама ај да не им кршам филм. Ако е Нова година треба и од оние лентите за на елка што се Сите во исти светкави фустани, затоа не можам да гледам, ме ослепеа
B please, се или ништо. Уоur move. Иначе само јас ли ставав, а можда и сеуште ставам реси (во домашна атмосфера само ) ко марама за НГ? Озбилно само јас?
Јас па викам мислиш на округли и широки како лампиони, ама има смисла да се такви, за да не ни се гледа новогодишниот стомак од кифли и салати
СДК денес читав „писмо до идната јас“ што сум го напишала на почетокот на 2018 година. И во него сум напишала нешто вака: „Којзнае како се осеќаш додека го читаш ова. Можеби си среќна. Можеби имаш многу тежок период. Знам јас колку ми беше препрепретешко летото 2017. Но, помина. Ќе помине и твоето лето 2017.“ И ете не знам кој и дозволи на Срцка од скоро 17 години да ме расплаче вака во две дваесет и трета, се да и ебам.
Си мислам и велам, зарем толку сум лош човек што никој не ме сака... Ни мојата мачка, ни мооте дома, ни колегите.. Што никако не можев да најдам работа(иако сега најдов ама посакувам да не најдов)... Зошто морам да имам дволични колеги....Ако можат да се наречат колеги...
Среќен роденден @sj *O* во ист ден имаш роденден со свекрвата моја после ќе се чујам со неа ко ќе си дојде маж ми оти не сум у мирна состојба, па да не почнам да пцујам од нигде никаде, па вака да може маж ми да продолжи со муабет ако ми пукне филмот. СДК: 1. Многу сум накурчена што немат ефект вакцините против корона, нема ништо ефект, исти курац и пред да се вакцинирам и сега со исти симптоми , вријам од нервоза оти нема подобрување и после 6 дена сум иста како што подпаднав на првиот ден. Мизерии 2. Сакав да додадам , не знам шо е фркава ко идеш да јадеш у скап ресторант ко ти даваат скоро па празна чинија и пак гладен ќе си останеш. Сими имаше ставено клипче на Јутуб * позз @Bratot , не знам дали го следиш и Сими како Бака Прасе* И шо ќе се најадеш од оваа чинија ????? Ем ке платиш висока цена за јадењето, ем гладен ќе си одиш И ќе одиш да си купиш сендивич да се најадеш ко човек.
Може во лп некоја да пише ако има од оние што се во брак? (Мислам дека другите не можат да ми одговорат)
Во Прилеп не изненадија по повод на Нова година со поскапени сметки за вода, за негде можеби 35%. Оправдание било ете од комората од сите понуди најниската ја одбрале сепак да сме благодарни што ќе плаќаме САМО 35% поскапа вода. Аирлија да ни е, за брзо и капењето ќе ни стани луксуз.
Некаде прочитав „не плашете се да ја посакате желбата, можеби и таа вас ве посакува"... И луѓенца мои нема ништо потточно од тоа. Сакај те се меѓу себе, посакувајте, молете се... Еден ден ќе ви се исполни тоа, можеби не на начинот што сте замислиле, ниту во периодот кога сте посакале, ама ќе се исполни.... Верувајте ми
Колку преубави листови за писма најдов на Алиекспрес. Штета што веќе не користиме писма за комуникација. Ама ќе си купам, ќе ми се најдат да си пишувам белешки.
Милениумец сум, па пред некое време гледав интервју со Miley Cyrus. Во периодот кога јас бев тинејџ, пост-тинејџ, Мајли огромен булинг доживеа, во 90% без причина. Не знам колку мемиња се направија, па исмевање со wrecking ball, па ваква-таква била, глупо играла и сл. Од денешен аспект ништо што направи Мајли не беше толку кринџ, за да добие таков третман. Дури и јас тогаш мислев, ами мора да се во право ако вака ја напаѓаат. Да се вратам на интервјуто, Мајли е сега скроз relatable. Гледам дека се одржува и супер изгледа. Не знам, можеби треба да се смени третманот кон јавниве личности, ко public shaming делува, без некоја солидна основа. https://www.abc.net.au/everyday/fro...changed-the-way-we-treat-female-pop/102886154
Им љубоморам на тие шо можат од 8 пива да се опијат. Ми се јави еден другар и беше копакабана напраен од 8 пива. Браво бе. Јас од 8 пива само ќе се помочам и парите ќе си ги фрлам. А маж ми од две пива е готов. За друго ич да не збориме.
На темава "какви сте кога пиете" имам пишувано, еве едно постаро мислење. [QUOTE="INNERBEAUTY, Kаква сакам. Углавно имам јака самоконтрола, и никогаш не ми се случило да се изалкосам до тој степен да изгубам скроз филм, правам глупости и не се сеќавам утредента на ништо. Сум пробала да видам како е, ама не ми успеа (целосно ) . Ама сега и немам некоја посебна желба и потреба од алкохол. Исто така на тема, денес ова пијанчење кај народов е малце излезено надвор од секаква контрола, да?