Ко ќе ми речат доста се жали, што ако работиш на први, бар ќе ти дадат пари. Ќути си. Е, драги мои, не е секогаш така. Џабе пари, кога немаш време и слобода да ги трошиш. Цело друштво договорено за Охрид, ти остануваш на работа...
Видиш ова не ми текнало, ама да, ете еден бонус плус за нас што тешко се опиваме. А сега Новогодишниот викенд може да започне!
Јас моментално и од едно пиво ќе се опијам и тоа убаво, мислиш од 6 текили. Ама имав еден период пред да го запознаам маж ми кога исто ништо не ме дираше. Сега сум изгубила толеранција тотално
Јас границата си ја иам изгубено. Ја нема Арно ми викаа како мала "Адидас, сите граници ги поминуваш"
Скопското ми е најубаво, поубаво и од Германското, ама го расипаа, Крали Марко многу благо, не е за јунаци туку за деца хаха.
А шо па пиво, па на ова време!? Земи си коњак, ем ќе се стоплиш, ем нема да се жалиш вечер кога ќе си легниш дека лустерот твој немал вентилатор
Треба да ги менувам сите лични документи, од лична карта, до пасош и возачка. Личната карта и пасошот ми беа обновени во 2021. Го немаа името Северна, туку само Република Македонија. Сето ова ќе ме чини некаде 50 евра и нерви (чекање ред и слично). Не сум само јас, не се знае колку сме и колку ќе го наполниме буџетов на државава, со овој насилнички закон. И наместо да се караме за ова, да правиме протести и притисоци, секаде и во помали места, не само Скопје. Ние сме седнале на Фемина, да ја дискутираме скршената чинија од Нина, фалш поклоните на свадба и забава која не ми се допаднала пред еден милион години. Тешко нас.
Во право си, онака пишав дека Скопското пиво ми беше најубаво. Сега времето е како што пиша за коњаче или црвено винце.
А шо фајде ако расправаме тука. Ако веќе расправаме тогаш да собериме потписи и да поднесиме петиција сето ова да падни на терет на државава. Можиме да го сториме тоа?