Да не должам како стасав до видеово, укратко малце Пред/Новогодишно латино загревање со Софија Вијагр... аман Вергара. Ај Добро Утро! И ако не се читаме утре, Среќна Нова Година!
Мене ми е јасно дека не можи да се изведи вакво нешто кај нас, многу сме корумпирани и партизирани. А и сигурно некој ќе го пријави постот дека постои иницијатива за вакво нешто и тоа само од глупавост зошто му дале работа од партија за минимална плата. Ах бре Македонче.
Утре незнам дали ќе стасам да ви пишам дека ќе бидам во трка, па ајде сега да го искористам моментот Имајте среќна, нааајсреќна Нова година друштво, да сте живи здрави, насмеани цела година! Сѐ надевам во Новата година ќе ви се исполнат сите желби и цели, ќе си најдете љубов ако веќе немате и ќе имате многу парички. Среќни празници, ве гушкаам! Cheers!!!
Ја на пример, не сакам да позајмувам облека за бебе или дете, но радо би ги дала износените алишта на некое помалку ситуирано семејство што не може да си дозволи. Сепак, прво дете и роднини, братучетки ти нудат износени бенкици, боди и сл. што до негде и ме нервира. Може е само добра намера, не викам не, не им се фрлаат алиштата па еве, нека ги носи твоето ама мене ич не ми се свиѓа кога ми нудат. Океј е еднаш да те понудат, не фала и толку, но сосема друго е нонстоп да мораш да се браниш без да навредиш. Мислам, стварно, колку кошта една бенкица немочана? Нејкам во туѓи мочки да го облакам бебето, а ваму на едно излагање од дома трошам колку за десет бенкици. Може е глупаво размислување, не знам.. Мозоков ми е вода деновиве..
Ни едното, ни другото хаха, за тоа не ми се ни оди по гости, 1 саат не ми се седи на маса, не па повеќе.
Има гламур во секое годишно време. Светот е облиено во различности секој пат кога ќе дојде новото на посета. Зимо, тешка си ама баш си мила
Сум си исчистила дома, вецето ми свети, спремна сум да си ја дочекам новата онака уредно и понеделнички Пс. Кога вецето ми свети, и јас светам
Бебешката облека е најмалку износена, зашто бебињата многу бргу ги надраснуваат алиштата. Моите деца израснаа во туѓи мочки ова алишта де
Веројатно не се будали да ти ги дадат неперени или скинати. Ако се перени и читави, што е проблемот...
Мислам дека имаше некаде тема за лоши искуства со продавачи/ки во маркетиве, не се сеќавам, ама ќе треба да отвориме и за позитивни искуства хаха. СДК.. да, без разлика дали станува збор за продавач/ка или било која друга работа што ја работи еден човек особено вака со постојано луѓе околу себе, има секакви типови на луѓе, карактери, со различни особини, и сме биле сведоци на лошо искуство дали во маркет или на друго место, меѓутоа тоа зависи од самата личност и појава како таа се однесува а не од профилот на работата која ја работат. Баш денеска а и претходно секогаш кога пазарам а најчесто во КАМ бидејќи мие најблиску, позитивно сум изненаден од целиот тимот кој работи во овај маркет, особено од една касиерка која неколку пати имам заприметено дека иако не ги знае луѓето кои пазарат а сепак им допринесува и дава една позитивна енергија кога ги прима и испраќа од каса, употребувајќи пријатни зборови и манири поткрепени со блага и искрена насмевка, во тој момент кога сите без трпение и нервозно најчесто чекаме во ред поради гужвата да стигнеме до каса. Со младите купувачи како нас се однесува фер и другарски со некоја пропратена шега или смеа а кон постарите со голема почит. За ова пред две недели на КАМ им пишав мејл за пофалби/поплаки на вработени, ми вратија и се надевам ќе ја имаат во обзир вработената во однос на некоја награда ако им даваат. Вистински професионалец во својата работа, а сигурно е иста и во приватниот живот кон своите деца и семејство, пријатели и роднини, познаници и не познаници, бидејќи од далеку се гледа дека во жената преовладува една голема добрина и позитива. Денеска пазарејќи исто, со друга колешка вадеја роба од магацин со полна количка, таа беше напред а јас од спротива, со шега и насмевка ми вика: другарче пази, колешкава нема возачка т.е има ама положила со пријатели со шега успеа да ми го направи остатокот од денот пријатен. Друг колега нејзин, дека го искористувам студентскиот оброк секојдневно, требаше да доплатам 11ден ама не знам кај ми исчезна паричникот, в кола го заборавив изгледа, рече дај картичката нее проблем, во касата стави од негови пари +11, за 15мин се вратив да му ги вратам. Претходно еден помлад исто, на една постара женичка баба и објаснуваше за ајвар дека немало таков и се обраќаше со мајче. За крај на годинава, најпозитивната енергија и искуство ја добив од персоналот во КАМ Маркет. Вакви луѓе му се потребни на денешното опшество, позитивни, хуманизмот на прво место