Што луѓе се овие бе што им се понашаат ко аристократија на жени што за ич пари им сецкаат сувомеснато и кашкавали да знам. Значи осет да се немало. Крајно сум згадена од тоа во каков народ живеам, на касиерките и вработените во маркет им се дерат и ги понижуваат.
Ние помладиве а и како што излегуваат новиве генерации, треба да се огледуваме и восхитуваме на вакви луѓе, бидејќи се пример за опшеството дефинитивно а се поретко ги има. Децата а и сопругот и сите други треба да бидат радосни што имаат ваква мајка, сопруга и пријателка. Искрено би сакал да ја запознаам, зошто има многу и извира позитива од женава а и од целиот персонал што работи тука, сите се петка, некош си викам камо среќа јас да имам вакви колеги кога ќе се вработам после факсов.
Знаеш што ми е најтрагично во твоето излагање, што дојде време домашното воспитување и љубезноста да бидат некое вау достигнување од кое се изненадуваме кога ќе го воочиме, а не нормални човечки карактеристики кои треба да се негуваат од раѓање. Жалосно е, но и вистинито, а воедно, разбери го и членот кој ти прати саркастичен поздрав.
Епа во тој контекст и ова го напишав, зошто тие човечки карактеристики кои треба да се негуваат од раѓање, домашното воспитување, моралните вредности, честа, полека исчезнуваат од денешното секојдневие и опшество преку разни механизми кои допринесуваат за нивно уништување. А јас со брат @Billy Idol сe разбираме, знам што ми кажа без гајлe, него јас се надоврзав во она што го пишав претходно а да не биде само-цитирање. И не ми беше "вау", туку искуство кое за жал од горе наведеното од ден на ден се губи.
Сдк ... зад Дедо мраз и Свети никола имало цела наука... или историја и идеологија. Дедо Мраз https://en.m.wikipedia.org/wiki/Ded_Moroz Санта Клаус -Синтеклаас ... https://en.m.wikipedia.org/wiki/Sinterklaas Еве тема за нови закони, да се занимаваат со нешто властите во новата година, ми личи ко да им се потрошиле битните теми. Исто...и не помалку битно- тема за нови препукувања Cheers
Сакам да кажам. Некогаш малите нешта или слујалностите ти влијаат и се чувствуваш преубаво. Оддамна си немав поминато толку добро на исачање и заглавено. Од ништо излезе нешто одејќи накај локал во центар, начекавме настап на рок група доста позната одлична атмосфера луѓе, играње, зезании, малце пиење, оддамна се немав почувствувано среќен. А и во младоста ако не живееш кога, и не само во младоста.
@Panda23 види сега, сите сме сами. Имај друштво, имај партнерка - пак си сам. И ако сам не знаеш како, други стално ќе ти влијаат на расположение. Со вакви мисли ништо не правиш. @quattro кам отсекогаш имал најфини вработени, стално се љубезни. Да ти е мерак да пазариш.
@nextredstyle Е нејќам де, што е проблемот па тука? Морам ли оправдувања да смислувам за да не сакам? Таква сум по природа, за мене не позајмувам облека, уште помалку па за беба.
Да не мрчам ама добро што е со Ивковиве слави за Нова Година, сега па се погоди и викенд буквално Ивкова слава 24/7 дај шта даш. Народов ко одвај да чека само нешто да слави, ко куче пуштено од синџир на најјако(и најгласно! ) , не знае шо со себе, тинејџер без регулација. Кој очај човече. Едвај чекам да сум понастрана од оваа шарада, на мир и тишина. Требаше и порано.
Се согласувам со тебе. Јас ни за мене не позајмувам, ни па давам. Иако е чисто и испрано, сигурно нема да дадат неперено, ама ете не сакам.
Зошто мора одредени личности да ти ја фрлат душата во корпа за отпадоци? Секако претходно со потсмевливи и цинични зборови ќе ти дадат до знаење каде ѝ е местото...
На тема маркети, не им е срам на Веро да даваат лажни добиени купони од наградна игра?! Добивам купон од 1500 денари, подигнат од нивната дирекција, за на каса да ми речат не важи ова, нема баркод, па уште сите од прв до последен накурчени кога најнормално се обидуваш да им објасниш. Не е за парите, ми се одмили и маркет и сѐ. Одиш со позитивна мисла, леле добив нешто, сега ќе си го искористам, купуваш вишок од што ти треба за да го искористиш купонот и на крај вака да ти ги удрат клоците. Синкир ќе земам ќе цртам и печатам купони за ги искористам во Веро, па сите се понашаат ко од Марс паднати кај сум нашла ваков купон Извинете, може звучи ко first world problem, ама ми го расипа ќефот.
Колку сакам да си ја зголемам колекцијата на парфеми, ама после ми текнува дека еден е 6000 и курац, па си викам... Да можев сите да ги испособерам, загаденоста на воздухот во Скопје ќе се зголемеше за 100%.
Остајте сеа политики Нова Година е, него дали било кој од овде знае зашо Дедо Мраз лета баш со ирваси? Ајде ве чекам со одговорите.
Бидејќи носи вреќи и вреќи подароци... Многу тешки се, а ирвасите како зимски животни му прилегаат на стилот...