Едно 10тина души ми имаат речено дека првиот дечко ќе ми здосади по два три месеци. И она - е ај ќе видиш, љубовта избледува, млада си, ќе сакаш да смениш. Еве нѐ со години. И затоа кога ќе ми речат ај ќе те видам кога (уатевр) од едно уво ми влегува, од друго ми излегува.
Јас како блиска на другарка, нема да и кажам дека ќе раскинат освен ако не забележам чудности дури се со мене. Поентата ми е дека блиските не секогаш ти кажуваат ствари од подбивање.
Е тие блиски наскоро далечни ќе станат за мене. Една другарка фино лепо откачив зашто преку куров ми беше од едното исто. Она не можела со еден, морало и јас. На секоја средба - абе многу долго идете, ај размисли, ај размисли, ај пробај, ај ќе се каеш. Реков ај иди упм. И така велеа само зашто сум требала да пробам повеќе пред да продужам долга врска со еден оти нели, глупа сум па не знам да проценам што сакам во една врска.
Еј, јас љубоморам на сите што се со првите партнери со години и убаво им иде. Реткост е тоа и ќе биде тоа. Да најдеш некој што е финансиски, сексуално, интелектуално и емоционално компатибилен со тебе е победа на лотарија. Сакам да кажам дека цел редит го дигнав на нозе. Можам да спијам мирно.
Иначе митологијата со Дедо Мраз и ирвасите се како и секогаш поврзани со соѕвездијата низ кои Сонцето минува во даден период, така овојпат Стрелецот(Дедо Мраз) и ирвасите(Јарец). Затоа и "летаат" на небото. Иначе има периоди кога Дедо Мраз летал и на коњ(пак Стрелец), потоа и на коза(Јарец нели), не озбилно, гуглајте на ваша сметка. Деновиве се погодува за некое чудо некои вечери баш чисто небото, и можат убаво и јасно да се видат. Можете и да им ги покажувате на дечињата, не оти ќе ги видат, ама бар ќе биде искуство плус ако ништо друго. Еве ги. Спојлер: .
Најглупавата честитка што ја добивме со другарките , беше... Убав помин во Белград, има убави момци, да се изнае*те со многу од нив. Мислам хелоу...
Последен ден за 2023 година па да пишам во најчитаната тема на фемина. Се надевам и вие како и ние секоја година традиционално ги гледаме огнометите за дочекот на нова година секаде по светот. Уште 7 минути и ќе почнат огнометите во Австралија. Во исчекување .... За 2024 година посакувам само повеќе позитивна енергија, да не бидете/бидеме сите намќори и мрчатори како мене
Обично пратам додека се спремам, годинава не планирав ама ете ме потсети. 2023 ко што си беше ролеркостер од емоции, така и си заврши, ете и ме фати еуфорија за славење во последен момент. Ајде известувајте. Иначе мислам во Нов Зеланд е веќе почната. Идемо бре!
Дефинитивно малер сум. Станав прееска и слушам како вода тече. Цевката во кујната се запушила. Цела кујна поплава. Дојдоа да ја одзатнуват, еве веќе цел саат не бива. Супер старт за во новата.
И ние имавме таков проблем. Го средивме со сајла. Го истрошив маж ми во петокот. Ми вика - Жено, од тебе ќе банкротирам. Последни подготовки за вечер. Прва Нова Година во друга држава.
Сакав некое романче да пишам за годинава шо измина, може ќе биде, можда не, можда денес, можда утре, ќе видиме. Али сакав да раскажам една мала анегдота, као за капаче на годинава, за тоа каков чоек сум ја. За сите оние коа ме прашале ај опиши се у три збора, а ја сум блеела у нив ко теле у шарена врата, и сум имала мала егзистенцијална криза... И после години думање, на блиц ми се вратило едно сеќавање, кое не заслужува да биде закопано... Коа бев копиљка, имав OCD,или као и да се вика на нашки. И знаев дека нешо не е уреду, дека не е арно таа работа. Значи пример морав три пати да фатам за кваката, ако не некој од фамилијата да ми умре. Е до толку значи. Искрено, не верував дека некој ќе умре, али дете, кај знаеш зашо праиш некои работи, али ете знаев дека не е здраво. И као на некои 7-8 години се отарасив од таа глупост? Епа почнав да си викам АКО ја фатам кваката три пути, тогаш да умре мајка ми. Среќна Нова. Ајт ( со здравје).
Да си го оставиш детето на чување 3 дена кај мајка ти и да и без да те боли уво да си заминеш со колешки за Нова Година. Па и безобразна, уште и боледување во средата зема. Ок битно дека има слики на стори, да видиме каков гламурозен живот, живееш. Гламурозна мизерија. Нека светка.
Мајка никаде НЕ СМЕЕ без детето, параспурки тешки значи. Немајќи! Родиле деца и сега сакаат и да шетаат. Нема бре, седете дома, детето, кујна, вц... И тоа ви е многу Нека светка и ова, за сите немајќи
Е, ова! Им посакувам на сите во новата година да седнат и да почнат да работат на средување на срањата кои не им чинат во животот, а не да прскаат отрови наоколу разочарани и негативни. Не чини за никого тоа. Им посакувам и на оние помалку среќните што се опколени со еден или повеќе од еден цицач на енергија, да најдат спас и спокој во животот. Мир и спокој за сите, животот би бил поубав!