Како дете што редовно било оставано со баба и дедо на чување, тие ми се најубавите денови од детството.
Шо има врска? Тоа дете има баба и дедо, зошто да не го чуваат? Кај баба и дедо по цели недели сме седеле, еве сега гледам се ни фали, рогови ни никнале
Токму така, јас пораснав кај баба и дедо, многу убави спомени имам со нив... Од седуммесечно бебе сум оставана кај баба, на мама ѝ била потребна помош, сестра ми била бебенце... И баба ми има кажано, вели со цело срце те сакав и чував... Веќе е во многу длабока старост, те сакам бабичке
Не велам дека после породувањето социјалниот живот на жената треба да и заврши, но предалеку се отидени. Баш пред некој ден другарка една спобудале оти детето не и било одлично на школо. А таа, еве секоја недела петок сабота недела нит ја има дома, таткото уште повеќе. Денес и за Нова пак не е со нив. Бабата сигурно ќе знае да му покаже и да му обрне внимание за училиштето. Сакаат малку труд, а големи резултати од децата, а ги нема кога најмногу им се потребни на нив. Битно на Инста се со се сториња и сФе..
Типкава е разведена (не судам за ова) , зеде боледување во средата. Оправдание и беше дека дома мајка и, и ќерката и се болни, со високи температури и кашлица. Жалаше, како нема кој да и ги гледа детето бидејќи мајка и е во кревет. Нека трепка колку не бива за лажење и глумење лудило.
Најубавите спомени ми се така оставен по 3-4 дена кај баба ми и дедо ми, пуста жена, бев дете со несоница и секоја вечер печевме леб, пити, зелници (не од кори, сами си ги тегневме корите) и уште што уште не. Еве ме сеа говедо пораснато, на баба ми сум и дал задолжение, пред да умре да ми ги напише рецептите (има убав краснопис жената), да ми ги остави аманет, оти ни пари, ни имотот не ми вредат колку тие денови.
Да се разбереме никој не рече дека родителите МОРААТ да седат дома. Погрешно се сфативме. Секој мора да има живот само за себе.
Како може да се без осет не знам. Си дојдовме дома за сами да бидеме, спремам за вечер, ете ти ѕвони некој на врата, алооо постои телефон, може правиме нешто, може не сум во состојба некој да примам дома без најава (со оглед што имавме тежок период). Мм видел од тераса, чичко му бил. Сигурно видел светло и ај, може намерно сме оставиле и сме излегле, гледа не отвараме, упорно ѕвони, обично надвор и во ходник секогаш оставаме светло, баш во дневна и кога сме дома ако одмараме само тв ни е уклучен. Да се испукам па да честитам хаха. Среќна Нова година на сите, живи и здрави да сте кај и да сте и со кого и да сте, во Новата повеќе успеси на секое поле, секоја желба да ви биде реалност.
Вие што ѝ вративте на членката, пропуштивте нешто. Да, жената може да прошета, да одвои неколку часа само за себе. Па, нека е и цел ден. Ама, 3 дена, бе? И уште да излаже на работа? Тоа не е во ред. Ако тоа не ви е проблем... Дедото и бабата не му се родители на детето. Не се должни да го чуваат.
Ај тоа што лажела на работа за боледување, ептен презирам такви потези, пошто други колеги се оптеретуваат со екстра работа; ама другото шо има везе, они си знаат како најдобро функционираат. Ако бабата и дедото се желни и сакаат да го причуваат на пар денови, што да не? Кој како сака нека си праи, нема една шема за сите како ТРЕБА да биде, како ТРЕБА да се живее.
Тоа што се желни, не значи дека се и способни. И доволно направиле со тоа ги одгледале своите деца. На постари години треба да имаат слобода да си го живеат животот, не да изигруваат слуги.
Па никој не им брани да праат што сакаат. А ако самите сакаат да почуваат внуче, зошто да не. Не се слуги ако по нивна желба го праат тоа.
Кој како гледа. Според мене, се и да ги чуваат по нивна желба. Имам кажано и во други теми. Кога веќе ги оставаат, има други опции со луѓе на кои чувањето им е работа. Постојат дадилки и градинки.
Така си е, секој различно гледа. Многу на фамилијата не гледаат како работа за работење. ¯\_(ツ)_/¯ Не знам каква врска имаат дадилките и градинките со муабетов.
Имаат бидејќи им е работа. Треба да се размисли. Човек ја нема истата сила на 20+/30+/40+ и на 50+/60+/70+. Додека работи, се уморува од работа. Па, уште и дома ли да не здивне? Оди во пензија. Веројатно има некоја желба која не вклучува чување. Некој и паметот го губи. Некој пати од други болести. Некој е здрав, но сепак се надева на посмирен живот на постари години. А, можеби нема храброст да каже дека не сака да изигрува таков сервис. А, нервозите и кај здрав човек си го земаат данокот. Па, не е веќе здрав. Па, умира со каење дека не направил нешто што му било огромна желба оти животот му поминал во чување деца и внуци.
Од прееска го пишав, ќе честитам претходно зошто до и по полноќ кој знае што може да биде. Се мислев што да пишам како честитка, па ме замрзе да се мислам и се решив за нешто од се срце нормално. Значи во Новата година на сите им посакувам : Вистинска љубов. Потоа и еден Кама Сутра прирачник секако Спојлер: . (а помалку pornhub)за ова веќе мислам и дека имам апелирано и овде. Вистински радости и среќа (за потсета среќата е во малите ствари, тоа е добрата вест). А помалку лажна позитивност и дозирање со hopium, како и барање светкави занимации 24/7. Тоа едноставно не е реално (и здраво, т. е. токсично и отровно е). Значи, повеќе живеење реално. Што значи и земање на лошото со доброто, зошто одат заедно. Oк е, живот е, понекогаш е с*ање, и тоа е ок. Да се потсетиме, па и во овие светкави мигови за ова. Понекогаш исто си опкружен со с*ање, и тоа е исто ок. Се додека здраво го процесираш и перципираш (не не со игнорирање и чилање во розе светкава 24/7 лалаленд "идила", види погоре) Потоа помалку филозофирање и паметување позади тестатури, на кауч комфорно, во first world countries за first world problems, 24/7. Значи пак, повеќе допир со реалноста и реално живеење. Ок информациско доба и се ама па мајка му стара. Филозофирањето како и се, не е добро и здраво поготово во прекумерни дози. А и тоа не е показател и одлика на оние кои стварно си ги средиле вистински стварите, само дека премногу филозофирале. Потоа повеќе креативност и уникатност. И критичко размислување, дефинитивно вистинско критичко размислување. А помалку следење на толпа, трендови и наративи, за "авторитети" па и да не зборуваме. Па тоа би било тоа отприлика? И можда и светот конечно го упраиме и вистински(ез ин не лажно) го добиеме тој долгоочекуван и филозофиран world peace е*аго? Ај сеа да идеме да мезиме (веге) руска ко што е и редот. А потоа и можда залутаме на некоја планина.