Абе човек, сè океј тоа. Зборувам за кога сакаат. Не да им е наметнато против нивна воља. Едноставно бараат и се нудат да си го почнуваат внучето. Нема никаква врска со слугување, изиграваат сервис или што год. Не знам дали сфаќаш што зборувам или за тебе чување внуци автоматски по секоја цена значи случување, куку лелеее.
Фала Богу, да ме сфати некој. Глумења лудила само за на стори и изигравање луксузи..... А дома? Битно и цецево ја бараа за да врати брзи кредити и едвај ја најдоа. Ајде доста е.
Aма во друга тема тоа и го збореа, дека бабата и дедото не се должни да ги чуваат внуците, а сега друго зборат. Да, ок е да излезе и за Нова година, и за било кој празник, ама 3 дена да остави дете за да шета не знам. Инаку и јас сум седела кај баба и дедо за распуст, кај тетки, ама јас сум сакала да седам, не ме оставила мајка ми за да шета. Нормално дека ако се омажиш и имаш деца животот не завршува, ама треба малце осет да се има. Знам многу за да шетаат надвор од мкд си ги оставаат децата кај баба и дедо, друго е ако си на работа па ај, ама и тогаш се бунеа дека имало градинки и дадилки.
Леле, аман со тоа дека на една тема за сите ист одговор треба да биде. Индивидуално е сè, зависи од ситуацијата и условите. Ако баби и дедовци сакаат и бараат да чуваат внуци, нека чуваат, без разлика дали е ете онака без некоја посебна причина или родителите шетале или што год. Нема една шема за живеење, остајте ти луѓето да си праат како што им е воља, олабавете со осудување.
Моето не е осудување, ама е негативна критика. Не сме вечни. Не сме исти. Имаме повеќе опции како да живееме. Имаме различни желби и потреби. И треба да ги реализираме без такви очекувања.
Па да, има, точно. Ама има и сами што сакаат и бараат, тоа им е задоволство. Не треба родителите да се осудуваат од старт, само по себе чувањето на внуце увек се гледа во негативна смисла, односно слугување. Се согласувам комплетно со сето ова. Сите да си тераат како им е кејф у овој краток живот.
Во Новата година имам само една желба, скромна ама најважна. Сите да сме здрави и живи. Само толку. Среќна Нова 2024 форумски другарчиња. Само за убаво да се читкаме.
Среќна Нова Година! Да имате многу здравје, среќа и љубов. Освен на тие кои пукаат петарди. На тие само најлошиот круг во пеколот!
Среќна Нова луѓе Здравје, среќа, љубов и успех во новава и да ги исполни сите желби што досега не се исполниле. Јас овој пат два пати чекав нова година и за мене дојде порано отколку што дојде официјално кај нас, но до в година надежно на исто место ќе чекаме.
Среќна нова година и среќни празници дечки. ❤️ Дај Боже на сите да ни биде новава мноооогу подобра и повесела од претходната. Здравје и среќа пред се, а другото ќе си дојде.