Во право си 100%. Јас имам тетка на која снаата и синот и тупнуваат мало дете на чување со денови дури се шетаат по странство. Не прашуваат, директно го оставаат детето, а ако не прифати, ќе бидат страшно навредени и ќе има кавги. Што е најстрашно, ни пари за храна не оставаат за детето за тие денови, не ги интересира. Себичност. Не дај боже да ти падне мало дете, да се разбие, очи ќе ти извадат. Жена на 62 години со две три дијагнози нема елан од 7 наутро до 22 вечер да трча по дете. А за лагите за на работа, еден колега поодамна кажа дека е во болница, мајка му имала инфаркт, затоа не дошол на работно место. После 45 минути од разговорот, шефот случајно поминал во Бисер, типот таму си пиел кафе со некоја девојка. Народов може да урне рекорд по неодговорност и манипулирање. Живеат за лажен живот на Фејсбук. На постар колега пред пензија, злато човек, прекултурен, исто ќерката со часови му оставаше дете да шетал дури таа пие кафе со пријателки. Сиротиот слатки маки му биле тоа, 16 очи отвораше да не падне детето, да не се повреди. Без осет се младите, неблагодарни паразити. И како така лежерно се шетаат не ми е јасно дури дома старци им чуваат деца? Тетка ми имаше паднато во несвест дури чувала дете и самата после неколку минути се освестува. Среќа па детето не избегало од куќа и од двор.
Tочно до збор, бабите и дедовците се да причуваат дете, но не и да го чуваат по неколку дена, друго е некоја ситуација, не дај Боже се работи за здравје и во болница да е, ама не и да си ја прчи негде. Да, не завршил животот кога ќе се омажат, ама може и со детето да се шета, нели им било доволно сами да шетаат пред брак и дете, неиживеаност ти е тоа, кој не шетал на млади години, ќе шета подоцна. Уште ова, во ред да се потпораснати децата, ама уште нема ни година го оставаат кај баба и дедо, ок, мило им е внуче, ама не можат да го чуваат со денови, има некои и да им е тешко не одбиваат, знам неколку со тешки болести и ги чуваат внуците, никој не ги прашува.
Па не можеле да трчаат по дете. Кожа ми се ежи од такви "родители". Тоа е тероризирање на старите. Ќе стане рано бабата и јаде дури во 14 часот, кога детево ќе заспие, а во меѓувреме очи не трга од него. И уцени се кога снајката ќе се жали дека се заробила, не прошетала, па свекрвата стравува да не дојде до развод, да не бидат децата сираци и трпи. И кога пријателка мажена за странец ми рече демек сопругот како по учебник го чува детево, и не покажувал многу емоции, си помислив тоа е стопати поарно од македонското расипано користољубиво однесување кое се прикажува како "топло".
Со другарка не зборев од јуни месец, бидејќи она ми се испонаша лошо без некоја посебна причина и вчера гледам после толку месеци и тоа точно во 00 00 среќна нова година, на тебе, на твоите, па како сте, па што правите... се зачудев, не очекував воопшто... Сепак, секој со своите моменти, во 2024 земајте си ја терапијата на време, Ај среќна нова година нека е
@franca непишано правило е таквите стално да залутуваат со порака и се мислат дека ќе им пројде тоа што го правеле. Као еве ќе ти пишам среќна нова и простено ми е.
Среќна Нова Ви посакувам здравје. Ви посакувам сила за борба на остварување на барем една замислена цел. Ви посакувам спокој и цврста самодоверба. Ви посакувам поголемо разбирање за другите и силна воља за спротиставување кон искушенијата за осудувања и оговарања. Ви посакувам поголем распон на разбирање на нештата, и кога се разликуваат од вашите гледишта и принципи. Ви посакувам чисто срце со искрени намери. Ви посакувам позитивни и нежни мисли неиспрљани од негативност и его. Ви посакувам стварно да се трудите да бидете подобри луѓе во новава година, оти нема ништо подобро од чиста мира и спокој.
Среќна нова година на сите! Ви посакувам многу многу здравје, кога имаш здравје имаш СЕ. Бидете среќни, весели, упорни, разбирливи, добри..
Девојчиња,баба и дедо се возрасни луге,ако не сакаат внуче да чуваат, не за лекар туку за шетање ,казуваат НЕ,само вие ги сметате за сенилни и без мозок .Немате поим колку љубов и радост добиваат од тоа дете и игра и смешки..Само здравје бог да ми даде.Плус баба и дедо и по одмори ги носат сами децата,и на бања,и на шетање и по гости.Мојата баба таква беше,и ја сакам и зборам секогаш.Не е жива ,ама во душата ми е.Потоа сум одела на одмор со моите-убавина.Престанете да љубоморите на оние со деца и плус шетале сега,демек неживеани,ако имаш средства одиш,ако немаш дома си. .Сум излегувала и како мома немажена,исто и сега со бурма на рака некогаш со деца ,некогаш и сами со маж.Овие старинскиве мислења ,ако родиш--готово ти заврши животот се од време на турско,сега не е така.Среќна нова на сите,гледајте за себе и во свој двор оџакот да ви чури.
Среќна Нова година форумџифки и форумџии. Нека оваа година ви биде исполнета со многу здравје, љубов и среќа. Да нема тага само радост
СДК Среќна нова година, мили мои. Да сте ми живи, здрави, најсреќни и се што сакате да ви се исполни оваа година. Ве сакам! @fbaby @elimkd @Bratot
Среќна нова година на сите вас дечки. Ви посакувам сите годинава што повеќе авантури да имате и градови да посетите. Да делите љубов и поддршка на оние кои заслужиле и најважно од се никогаш не заборавајте да си приуштите и да се ставите самите вие на прво место. Нека блеска оваа 2024 година !
Среќна нова дечки. Пред се ви посакувам се најубаво, се што сте замислиле да ви се исполни, безброј моменти со најблиските и многу љубов. Здравјето сепак на прво место. 2024, be unforgettable filled with the most beautiful experiences!
Фала ти од срце Нека ви е среќна и вас @KiT @fbaby @Bratot Само успеси да ве пратат на секое поле Бакнежи до вас