Јас да ти кажам што викам: поарно да добијам отколку да не добијам и со денови да се чудам зошто ја нема, да не имам некој проблем. Кога сака нека дојде само да е се' нормално.
Ова го помислив и јас, подобро да дојде на време, отколку да ми доцни па да се чудам зошто, кога тогаш мора да дојде и ќе пројде.
Баш ми е мака кога за празници немам некоја покрај мене. Кога идам на работа и немам време премногу за ова прашање ама кога ќе останам вака сам...со плата а немам со кој да ја трошам...а слободни денови до Божиќ. Мислам дека ќе ме чуе Бог
Некое чувство на олеснување ме следи цел ден, се надевам да остане засекогаш... со оглед на случувањата од минатата ноќ, добро е, фала му на Господ.
На крајот барем за здравствени проблеми џабе пишуваме. Дур не отидеш на лекар ништо не правиш. Или може малку ќе се испукаме и ќе ни олесни.
Направив апла промашена торта за Нова Година оти филот ми беше со малце потечна конзистенција па кутрата кога ќе ја пресечев се распаѓаше парчето. Ама...морам да признаам дека на вкус беше одлична. И после ми текнува на оние торти од шесиљадарки со слики, фондани, ружи со вкус на гума и три кила шеќер и си викам абе добра сум јас.
Се осеќам многу awkward кога честитам празници на луѓе со кои лично не сум блиска, а тоа се инаку сите роднини на кои би требало да им честитам од почит. Јас не правам ништо што не сакам само затоа што е срамота и тетка ми ќе се налутела, но честитање НГ и родендени некако не ми спаѓаат тука, затоа што едноставно праќаш добри мисли, нема ништо лошо тука. И така вчера да бидам пријатна, сите тетки, стрини, чичковци ги заредив и им ја честитав новата година, сите претходни пораки беа само посакување среќни родендени back and forth, ама ајде. Многу ми се фејк тие односи,но желбите за многу здравје, љубов и среќа се искрени за секоја особа. Среќна Нова.
Сакам да кажам не знам сами како се разбирате што сакате да кажете кога дискутирате со несредени мислења и знаете ли дека подолг текст се одвојува во логички целини наречени пасуси.
Со помин нека е Муси. Мене безвезе ми е два - три дена, апетит 0, све бљантаво, грозно ми е. Не сум настината ама не знам што е проблемот. Убаво е што не јадам толку ама па и не е пријатно ваков филинг да имаш.
Денес сакам да кажам-се е веќе измислено. Некои работи се толку одамна измислени, што некој не стигнал ни да ги дознае, ваљда се анахрони. А уствари, прво и мушко во серијата трајни вредности- Рашомон ефект. Кој може нека го најде и изгледа филмот. После нека ми пише, па може да праиме муабет
Седиме фамилијарно, лабави рандом муабети се вртат. Братучедка (13г) ми кажува дека почнала да се допишува со симпатијата нејзин... И слики од него ми покажува... Мајка ми ме гледа и се смешка... Која иронија а? Јас на мои 20 + не си пришувам со мојот симпатијата, поради х причини... Онака седната со парче торта пред мене... Јадам и се чудам. Ех животе, иронијо... Неправда!
Фала тии Мрс. Се случува така можеби намален имунитет, можеби расипан стомак, и мене ми се случи ден ипол да не можам да јадам ништо, така не знам до што, некогаш и човек ако се прејде, ќе помине. Па сигурно не се чувствува убаво човек, треба да јаде човек умерено и да пази, не треба ако вежба да се остава со малце храна.
Добро се држев со имунитет со месеци уназад, да не се подречам. Работата е што не се прејадов па да речеш тоа е, ко здосадено од хрна е така се осеќам, потреба ко да неам воопшто. Со сила да треба да јадам, тоа чудно за мене е. И не вежбам деновиве, прекинав. После празниците секако планирам да се вратам на таа активност. Сакам да кажам може па и подобро вака, стравував дека ќе се прејадувам периодов, ете ми сеа обратна ситуација. И вака и така не иде.