Дали има уште некој ко мене што "игра тетрис" со намирниците во количка, или само онака рендом ги нафрлувате пошто ви е сеедно?
Не ми се верува дека ова ќе го пишам, ама филмот Барби има подлабинска порака. Филмот е карикатурен(мада и не толку) приказ и огледало за денешното општество денс. Некои моменти се кринџ не викам не, а и крајот е малце наивен, потоа и не сум нешто фан на феминизирање на машкоста, и се тоа стои. Ама пак се е тоа дел од денешната банално стање на општеството, дури и во поголема мера. Опседнато со розе позитивност и само позитивност, хедонизам, конзумеризам,тривијални и површни ствари, како и совршенство. Физички изглед(и вечна младост), крпици, кафица, кафанче секој ден, инстант осмех на фејс за фејс, ожењен сам ал ко момак живим хаха. И бегање од проблеми и било каква"негативност" што го нарушува овој розе Барбиленд. Big no, no! До степен на карикатурност(психо-физичка и естетска). Со тотално изгубен фокус од реалноста и она што е навистина важно, и големите прашања и слика, како на пример зошто постоиме и сл нели. Без размислување за последиците и можноста од негативен ефект како и баш тоа да е контраефективен извор на нашите страдања денес. Фокусот на розе стајлинг што произлезе како тренд од филмов, (а не на пример пораката) за доказ, 'cause after all, pink goes with everything! Hallelujah for that baby! Како и да е, не ме чуди што не беше сфатена пораката. Спојлер: . Клучни моменти: На почеток се е супер, розе и совршено, во Барбиленд нормално, како поинаку. "Одеднаш" не е Mоментот на вистината и предупредувањето дека things will get even weirder Барби го напушта Барбиленд во авантура до вистинскиот свет (спојлер и Кен е во багажник) Things get weird indeed во вистинскиот свет She rather not, she feisty, she runs. Што ја доведува до средба со нејзиниот (баба) креатор. Барби развива (вистински) чувства во вистинскиот свет и афинитет према убавината на животот (и стареењето) Потоа стварите (додатно) се закомпликуваат, углавно ради Кен/овите, аma, long story short Barbies save the world. The end.
Тетрис all the way. Не само намирници, за се. Жива не сум и не дишам на раат ако не ми е се скоцкано и организирано. Иначе ми зазвучи познато, ама морав да гуглам тетрис шо е, е толку сум стара/остарена.
Дали ти, лани, ова време од годината, исто така збореше за штрудли и слични теста полнети со овошја? Или полани? Или некој друг беше? Или дежаву
Да беше стара, немаше да има потреба да гуглаш, ако не ти текнало значи млада си СДК, сите ние носиме по некоја планина во себе. Секоја планина, своја тежина, иако, реално, има планини кои навистина се потешки… Ме фати мерак за темава. Некако, носталгична сум…
Знаете како велат, ако не можеш да заспиеш некој те мисли.... Од 10 сум в кревет, цел е*ан ден ми се спие очајно, со неколку саати сон функционирам. И конечно доаѓа моментот за спиеееење. АМА погодете што? НЕ МОЖАМ ДА ЗАСПИЈАМ.... Па се сетив на онаа изрека, ако не си можел да запише, некој те мислел... Е јас имам едно прашање до тој некој... Дали ти друже мој знаеш дека јас утре треба во 6 да станам, за да се спремам и одам на настан, во друг град, што ќе почне во 8? Дали ти си свестен дека мене ми треба сон, сон, сон.... Дали ти си свесен дека мамето ќе ти го е*ам ако дознаам кој си? И така јас... Со подочњаци до колена... Си куцам на фемина, умрета за сонче....
Се трудам да откривам места со добри јадења за носење. Има една пулт слаткарница долу по скалите кај порта Влае, на Партизанска, тие па продаваат еклери богати со крем за 30 денари, а има и слатко од тиква ама го немам пробано. Не знам дали тоа е валидно за муабетот?
Што е со форумов у последно време? Само манијаци, тролови и неписмени или полуписмени (провокатори). Убаво вика една членка дека врие од дупли профили. Недијагностицирани пациенти кои не сфаќаат дека на психолог се лечат фрустрациите и комплексите. Што треба да се деси па да почнат веќе да се освестат и да си ја зимаат редовно терапијата? Претеравте ама ептен.
Муабетот беше чисто да си ја проверам меморијата. Се читаме пак догодина, на истата тема во отприлика исто време ваљда.
Капитализмот е погубна кучка за една жена. Од неа бара да биде сопруга мајка, кариеритска и тренд - сетерка. Фул пакет кој ако не го следи а има 20 + е црна овца у out. Toa изгледа вака некако. Влече дете до градинка скоро секое утро, оди на работа (моли Бога да не е физичка), се враќа, зима дете три пати неделно минимум пошо маж мора до доцна на состанок, па пере, чисти, готви дома, пошто цена за хигиеничарка или готвачка надмина лимит од 200 евра за секојдневна припомош. Па, купува на снижење шминки, капути, чизми дур размислува како на дете кое веќе навршило петта претшколска година алиштенцата купени минатата сезона ќе му ги облече. Меѓувреме маж кај помага со домашни обавези, кај работи па слободно време троши по кладилници, се замара, не дека не, ама 70% според Балканска статистика пак остава на грбача на жена. Дури и со плата од вкупно 1000 K не се стасува, ни со сметки ни со бутур, и (пак недај Боже) кирија башка ако се нема свое. Додека системот си зима данок секој ден. Седи карши неа на маса со цигара во 6:00 наутро, и она дур го пие утринското, овој флерта со неа. Храбро намигнува, се удвара без осет, ко лихвар да потсети дека и денес ја чека р'мбачкото. Она денес откако ќе заврши со физичката ќе тражи работа во администрација или некоја си демек приватна независна компанија по огласи, за која може не e доволно квалификувана, ама и Ратка од Прибилци такоџе не е, ама пак Ратка е на таа позиција а она нема да ја добие... Среќни жени, живот и празници. Милина ни е. Живео капитализам.
Сељандурчиња неприбрани од улица дошле на женски форум да плукаат. Да бев модератор од прва порака ќе банирав инцели. На женски форум ова се пишува еј... све ни зимаа а и тоа просторче за безбедност и дискусија сакаат да го уништат. Од вчера го читам. Гнасно..
Стандард препукувања на социјални мрежи овој период е паричка се става за Бадник или Василица? Па држ, не дај, како е правилно, и на крај секој прави како што си сака или му останало од порано, само што си се испокарал со куп непознати луѓе и си си расипал ден. Зошто мора да исправаме криви дрини во туѓи куќи? Мора да де се контролира и козата на комшијата кога и што ќе јаде? Ајде мрш!