Кога ќе видам пасворд некаде на некоја страница што ја користам долго време (а автоматски сум логирана), косата ми се ежи. Имам фобија од пасворди. Почнав да си ги запишувам на посебен документ.
Зашто, ради безбедносни причини? Највише сакам коа си се запамтени и да не мора да внесувам на секое. За памтење, ги памтам па и истиот или со ситни варијации го користам сегде ама ме мрзи да внесувам и ме иритира коа на некои сајтови не се зачувува и покрај тоа што вика зачувано, туку цело време бара одново да се внесе. *** А шо дијагноза е тоа шо нонстоп бришам историја на пребарувачот? Некој подвид на OCD можда? Зашо ко ритуал ми стана одамна. Ама нонстоп. Нема шанси да остаам нешо. Не дека ќе чита некој туку појма неам зошо ме тера така. Ако нешо ми треба и ми е битно ќе зачувам секако, или на букмарк ќе го стаам, ќе најдам начин ама да чувам историја не. Историја е, застарено дело и не ми треба. После може и ќе притреба и ќе си чукам главата ама не си го погазувам моето. Ова зборам за личен телефон/pc.
И во почетокот на оваа 2024, сеуште не ми е јасно што толку значење и се придодава на таа ЗАРА.( Зборувам за МКД пазар) Идам на работа, кој прашај, од каде ти е ова? И со онаков тон, нагласен. Од ЗАРА. И стил као, уште прашуваш. Дали луѓево само за ЗАРА слушнале? Дали нешто ние сме стилски и брендовски неписмени. Као вие купувате, само во ЗАРА. А, ние, poor ppl. Ево не знам.
Зара во мкд е катастрофа, ништо квалитетно, купувам само ако е на попуст и ефтино, толку пари за неквалитет не се дава.
Па затоа што секогаш ми се запаметени и кога ќе дојде ред да внесам пасворд не ми текнува. Или пасворд или корисничко име, се збркувам ептен. Сеа во последно време почнав да ги форсирам два пасворди, еден со бројки еден со букви и зависи што ми треба.....
Даааа, таков проблем имам Нешто што го правиш “ради реда” а цело време го користиш . Сега почнав да си запишувам и да користам само два пасворди. Му се смеев на тато ама паметниот пишува .
Лесно е бар тоа. Поврзан нели е со бројот од телефон Гугл акаунтот и да не го памтиш одма ќе смениш. Многу не се замарам, ако глеам не го погаѓам, мењам нов одма и онака подобро е мислам да се мења од време на време. Сеа спомнавте за пасворди и ми текна дека треба да ја тргнам 2 step verification опцијата. Шо ја активирав ја не знам ко којзнае шо чувам па ќе го заштитувам.. Посебно нервира ова коа сто пати треба да се логираш на Gmail..
Не знаев дека линијата 4-ка на скопско ЈСП застанува кај СП Маркет во Ѓ.Петров кога оди накај последна во нас.Хром, и дека застанува првин кај К-Мол, па црквата во Ѓ.П. за да продолжи преку порта Влае по Партизанска. Мислев дека од Партизанска некако дирекетно оди до последна.
Мислев дека сум единствена После толку страни испишани за таа Зара си мислев дека нешто не е во ред со мене
Има луѓе кои уште како од мали гледаа кој какви патики, маици, дуксери, јакни носи, колку пари има, и уште останаа таму само сега во поново време ги додадоа и колите, не се работи за тоа кој колку има и што сака туку за понижувањето. Значи многу ме нервира кога некој некого ќе понижи, знаеш ли низ што прошол некој и низ што проаѓа па да гледаш така. Толку плитки луѓе, душевно осакатени, без свест, без компас за морални вредности. Едноставно ги жалам.
За било што да го класифицираш како Опсесивно Компулсивно, треба да ти го ремети животот доволно да е забележливо. Рецимо јас мијам раце отприлика околу 90-100 пати дневно. Тоа е ОЦД, затоа што саат време иде на миење раце (сметката за вода ми е 1500)
А ги броиш? Или отприлика знаеш дека е толку? Поинтересно би било да броиш. И со сапун или без? Тогаш и сапун трошиш ко луд сигурно.
Пробувам да не бројам, во последно време го средив и тој проблем. Фората е што ако броиш, релативно може да биде полесно или потешко, зависи како си ги фатиш бројките. Моите се 2,3,7,13. Ама коа не бројам ми се случи еднаш да мијам раце 2 саати континуирано пошто имав слом и толку беше. Рацете ми станаа парче. Сапунот генерално не е толку скап, колку водата, ама 5-8 сапуни месечно трошам.
+1 Точно пред да излезам за НГ, во туѓа држава. Ама ете путката европска ми се напрај со странски влошки. Ај барем лесно ќе ми е за броење до 25 месецов.