Мене ко дете така ми делувало, као "старинска" музика. Но признавам, ништо посебно не ме привлекувала ни до пред некое време, во 30+. Ама супер за мене, сеа иам скроз нов "свет" за истражување.
Некој негираше дека мажите треба да идат во војска. Јас сум ЗА. Неодамна имав ситуација, со близок мој роднина, веќе возрасен маж од 35 години. Јадевме заедно на маса и си се најаде чоекот, си остаи се на маса и си замина. Кога,ќе коментирам за ваква ситуација на познаници /познанички, одма добивам одговор. ЌЕ ТЕ ВИДЕМЕ КО ЌЕ СЕ МАЖИШ. Има и да поставуваш маса, и да раскреваш, се ќе правиш за мажот, жена си. Да, сум. Ама па, не е неспособен, една чинија да ја земи да ја стави во лавабо. Јас сфаќам, ако нели нешто не е добар, му е мака. Ама секој ден?
И јас сум за мажите да одат во војска, ама верувај има и такви што биле, па ќе се најадат и стануваат, некои ги мрзи и вода да земат.
Еве пример, двајца мои братучеди браќа (ниту еден не бил во војска), едниов се прави по дома (уште пред да се ожени), и ручек, и чистеше, постар од брат му е, другиов и откако се ожени ништо не фаќа по дома, ете и мајка му му викала, џабе, сега се ожени исто ништо не фаќа, ми вели тоа било женска работа, му велам "а да јадеш каква работа е"? Ете браќа, кога ќе кажат така мајката ги воспитала, епа другиов кој го воспитал? Се е до човекот, знам јас многу ситуации каде и мајките им велат "седи сине, јас ќе направам", ама некој ако не ја слуша мајката за вакви банални работи нема да биде таков.
Па можеби поради тоа што ја слушале повозрасни луѓе и таков впечаток ти оставило тоа и си развила тако мислење. Да не те привлекувало не разбудило ништо во тебе, но чим сега разбудила нешто во тебе сега, секогаш е убаво кога ќе осознаеш нешто ти се отвара ново гледиште, ќе истражуваш за него.
Аман... И за мажите и за жените (пошо сум читала на интернет дека има такви што сметаат дека и жените треба да служат воен рок) не е потребно. Кога ќе сфатите дека во денешно време помладите генерации ем нејќат, ем повеќето не се способни за служење? Прво, тоа се коси со нечии морални принципи. Второ, има повеќе психички и физички болни од порано. Трето, кој инсистира на служење изгледа не познава (доволно) поранешни и сегашни војници. Многу од нив се мрзи светски. Некои дури и на работното место не покажуваат вредност.
Ако мајка му го научила дека жена треба да му служи, да му поставува и крева маса, цел живот војска да служи џабе ќе му биде. Тоа е домашно (не)воспитување и македонски менталитет.
До карактерот е, колку и да му кажува мајка му дека не треба машко да работи, ако тој не е таков џабе е, така и пишуваа во другите теми, колку и да му зборува мајка му, ако тој не ја слуша нема да биде таков. Знам многу примери мајките така им викаат на синчињата, ама тие не се такви, прават се по дома. Не е се до мајките. И свекрва ми се уште така му кажува на маж ми па тој не е таков, се прави по дома. Тие така си ги научиле своите мажи (свекорите), ама не и синовите, има и исклучоци, не викам не.
Ако може да не третираме хормонални промени ко тешка шизофренија или други тешки психолошки и нервни нарушувања кај што не знаеш што е реално што не, кој си, кој не си, кои се другите, кај си и што си. Едно е да ти се плаче од глупости, друго е да сакаш да тепаш луѓе и да не си безбеден за себе и другите.
Да сме ги праќале мужите у војска, оти мајките не ги воспитале мужи да бидат, него здрави, прави инвалидни синои, уше таква да им дадат. Лол. Оти еве се ги глеам војска шо биле, со крпата и метлата у раце се, па едни морални вредности тамо шо научиле, шо да ти кажуем... Него мајките нивни кај да ги пратиме?
Одма ти хаха. Не рековме дека војска да ги пратат, за да ги оправат. Убо е за дисциплинска шлаканица.
Колку само за ништо не се замарам во последно време, колку сум се нервирала лани за колоквиум и испити колку сум се трудела да научам, на време си учев се, а сега живеам како утре да ќе умрам па нема ништо да ми треба Интересното е и тоа што учам буквално ден-два пред испит и како за чудо положувам, а ни сама незнам како Важно си уживам во живот
Преку глава ми е од возрасни личности кои се однесувааат како мали деца на кое не си им ја дал омилената играчка... Прекинуваат муабет, се однесуваат како да не постоиш... Е па вака сега, одете и фрустрациите и комплексите лечете си ги на некој друг.
Од "машките деца се полесни за растење" добивате возрасен маж што не знае супа да направи, да исфрли ѓубре и сочна дупка у врата. Не, не се полесни, само тебе ти олеснува на мозокот да си го пуштиш детето шо сака да прави оти е машко и никој ништо нема да му може утре. Ќерката ти е тешко да ја пораснеш и воспиташ коректно ради другиве кои неќете да ги воспитате.