Срце ме боли за детенцето од Кичево, тој хорор што го доживеало. Душичка невина, детенце, ни криво ни должно...
Сдк дека ми е зачудувачки а и најсмешно кога ќе прочитам некаде низ нет дека некоја била пријателка со бившите. Јас луѓе неможам да ги замислам у моја близина од самата помисла ме фаќа смеа ќе го убијам на место
Една од подобрите работи што може да ги направите за себе е да испаднете од местото во кое сте растеле и живееле цел живот. Дали тоа ќе е за факултет или работа, тотално небитно. Дали ќе живеете сами или со цимери исто е небитно, зашто тоа што ќе го научите додека сте оставени сами на себе, не се учи во ниедно школо. Излегување од комфор зоната, запознавање нови луѓе, соочување со конкуренција, прилагодување на разни карактери, управување со финансии и многу други ситуации. Во цел овој процес се запознаваш сам себе, излегуваш од делузиите, излузиите и принципите со кој си растен. Сфаќаш што сакаш, што не сакаш, учиш што ти одговара, што не ти одговара, кои ти се слаби и кои јаки страни. Живеењето надвор од домот на родителите и градот во кој си растен, е школо само по себе и никој не може да те научи на тоа додека не го искусиш на сопствена кожа.
Сум била, ама ептен дете бев. Се важи? Банкет бе, имав заборавено дека постојат Викаш ради тоа бараат да се врати војска?
Па не поради банкетите туку малце да се научат на ред мажите (иако и војската нема врска со тоа), ама барем нема до толку да бидат разгалени.
Тоа ти се вика good riddance, или на нашки, ѓубрето само се исфрлило. Мене неодамна една личност почна ко дух да ме третира, престана здраво да ми кажува. А сме имале океј односно, пријателски, љубезен, цивилизиран, иако не сме се дружеле дружеле. По идеја на другарка да проверам, видов дека од инста ме избришала. Ко да сме во 8мо одд. Јас па толку пратам инста, да не ми кажеа, немаше никогаш ни да знам. Како и да е, на почетокот чудно ми беше, се чудев што се десило, се преиспитував јас себе. После сфатив дека не е мој избор, дека детинесто се понаша и дека на крај краева има право да бира со кој ќе се поздравува, дружи, гледа на инста. И сеа и таа личност е дух за мене и тоа е тоа. Изи пизи, нема потреба за драма.
Мене некои и роднини ме избришале, не ни приметив, случајно видов, ми се појави да ги додадам за пријател, а не сме се ни скарале, како малине деца.
Значи причина за мажи да одат војска е за да конечно обавуваат обврски ко чистење и диплење? Нешто шо инаку родител треба да го вдахни во тебе од мала возраст зошто е дел од живеење безразлика на пол? Ама се учат само женските деца, а машките да бидат здрави и живи? Не. Мажите не треба да одат војска ако не сакаат. Ама фино е родителите да ги учат и своите машки деца на обврски околу домот. П.С. Од луѓе кои познавам, тој шо најмногу се опушти во брак и жената се да фаќа по него - беше во војска. Така да културата и чистотата иди од дома. Та од страв ќо ќе ја прат краткорочно е само то, краткорочно.
Ај совет Поради Х причини побарав да ми се блокира картичката, ама таа ми е во УЈП ставена за ДДВ. Пред некој ден добив прилив од лице кое е на истата банка. Сес ѕвонам ко мрдната да ми ја одблокираат пошто не знам дали УЈП би ми пуштиле поврат. Или да ѕвонам во УЈП да барам на друга банка и на друга сметка да ми пуштат. Не ми се оди во банката моја да прашувам пошто прошлиот пат чекав 40мин. Дали ќе ми пуштат од УЈП пари сепак, или?
Картичката си ја блокирала, ќе си ги извадиш директно од шалтер или поднеси за нова картичка. Сметката си функционира.
Да? Леле не знаев Чекај да видам Па може и така Кога ми пуштија пред некој ден извадив од шалтер А нова картичка е 400 ден Не ми се даваат искрено smeniv Fala mnogu Valjda ke se evidentira i ke pustat
Машките да оделе во војска оти јадењето од масата не си го кревале. А што е со кралиците што не си го креваат јадењето од масата, каде да ги пратиме ???
Сите колективно на превоспитување треба, и машко и женско. Ова е ненормална работа више. Не само за домаќинство и обврските во домот туку баш за све.
Па нели прочита во другите теми? Мајките така ќе ги научат ќерките (кралиците) ако имаат пари да уживаат, да не го поминуваат слободното време над шпоретот. Ако не си го креваат јадењето од маса, што останува за ручек да направат? Ама тоа не било приоритет. Ама ќе имаат пари жена да платат за тоа, да не се секираме, туку тие што ќе немаат пари јадните тие ќе си готвеле јадење за нив, мажот и децата, како да готват на комшиите. Основни работи за домот секој треба да знае, и мажи и жени, колку и да имаат пари да платат жена. А за машки било срамота да не знае јадење да си направи и маса да крене, ама за ќерките принцезички не било срамота. Многу убаво ќе си ги воспитале децата, да не знаат ништо да направат, ама некогаш може и да снемаат пари, тркалото се врти и животот е непредвидлив. Дај Боже се да биде како што сме планирале, ама секогаш не е така. Не се соочиле со многу потешки работи во животот (болести, на дете болести), па затоа вака пишуваат.
Баш фино. Како деца кога од страв ги затвараат очите пред грдите случки, така и сите оние кои со гордост и надменост постојано изјавуваат како не гледаат ТВ и не читаат весници. Наводно си се штитат, како ли... Розев свет, бајка, нека мине денот... Ама затоа на социјалните мрежи се најгласни и најпаметни, веројатно од нечитање весници. И така спокојно си живеат во сопствениот рај, кој како и секој рај нормално си има цена. Тоа што таа цена колективно си ја плаќаме, не ги загрижува мудриве без ТВ. Сеуште.
Ама, ти кажавме дека служење во војска не е решение. Тоа мислење дека таму ќе научат ред и дисциплина е застарено. Многу од тие што биле и тие што се дел од војската немаат ни сенс за уредност и извршување домашни обврски. Спојлер Да го имаш видено и чуено тоа што јас го имам, ќе ти се згади од какви се очекува да ја бранат и да гинат за државава. Воспитување и дисциплина се воведуваат дома. Кој не е од дома учен, и дома и надвор од дома нема да го бива.