За луѓе, што се мешаат во туѓа чинија, арни сме. Слушам муабети, и тоа од 35 маж, како на друг помал, некаде околу 20 год, му се потсмева, како јадел шопска а не пиел ракија. Како бил педерче, недораснат и сељак оти не пиел. И дека никој нема да го дружи. Помладиот му вели, дека возел и затоа не пиел. Јас не знам, луѓево стасаа дури и во туѓи чинии да се мешаат.
Какво решение ? Би правела ли ти муабет да ги разубедиш стариве оти од двете страни и моиве и од на маж ми страна напнуваат. Не е од сега одлуката. Одамна се караме на оваа тема. Мака ми е оти јас кај никој ништо не се мешам , а ме нервираат што од страна ми се мешаат у мој живот и мои одлуки. Стварно немам намера да исполнувам желби. Толку ли е тешко да прифатат дека не сакам да имам деца ? Зарем сите овие години не гледаат дека не покажувам никаков интерес на тема дете, ништо не ме интересира во врска со дете, ниту читам такви теми , тотално неам желба. Како можам јас да ги почитувам одлуките на сите други, си седам на страна, на никој не му солам памет , значи не ги гушам, ама од нивна страна ми го рушат мирот. Не е фер , не го оставаат човек да си живее мирен живот.
Абе едно уво влегло друго излегло.. стари се ебаго како и сите. Си зборат зборат и тоа е аха аха… Како ти е убаво на срце така да си живее , нити некој те издржува од нив нити ништо
Кога бев помала и ќе видев улично куче како скока на снегот, мислев дека му се радува на снегот и затоа скока, ама не, тие скокале затоа што им било ладно на шепите..
Кога бев баш мала и Facebook беше популарен, цело социјализирање се случуваше таму, напишав пост "Ако соберам Х лајкови, ќе го пишам својот пасворд во коментар". Собрав, и мислејќи дека се правам паметна, actually го напишав мојот пасворд и исто пишав "Хаха ама не ми го знаете емаилот". Немав појма дека може да ми се види адресата на профилот. Needless to say, ме хакираа. Ако може да кажам дека е хакирање, им ја оставив вратата отворена. Среќа не сум сајбер глупава како тогаш.
И јамболија ако не? Ау не можам да трпам више од тие огромните, еден јорган од оние белите ни тенки ни дебели и две поларни ќебиња од најтенките и доста е. За овој период реално баш е топло времето забораивте пред неколку години не знам коа беше коа идеше и до -28 ? Тоа е зима. Не знам ама некако ич ладно не осеќам годинава, дома на 23 или 24° пуштена климата бања е у собата кај што се грее, у другите не ни грееме па пак не е страшно. *** Темата за деца Абе ич не се замарајте луѓе кој немал деца и зашо нејќел да има, негова работа и негово право. Кој сме ние па да им се мешаме во нивните одлуки? Ти кажи си твое мислење секако ама да се осудуваат тие луѓе, немате право на тоа. @Herrera возрасни сте на никого ама на никого не сте должни да им се објаснувате и да им давате отчет. Вие среќни сте си и задоволни вака, уживајте.
Ај и ја да се надоврзам на темава за кој сака да има дете а кој не сака. Сметам дека тоа е индивидуална работа, договор со партнерот, едноставно поради одредени причини не сакаат да имаат деца. И нема право никој да ја осудува неговата/нивната одлука, зошо не се осудувани тие што сакаат да имаат деца? И која е причината да осудуваш и зошто со таков осудувачки поглед кон некого нема потреба, секој си носи одлуки и има право да носи сопствени одлуки, некогаш човекот си дозволува превише.
А вие стварно со сиот памет мислите дека му е гајле на некого за вашите мислења и официјални изјави за одлуки што го афектираат никако вашиот, туку неговиот и само неговиот живот?
Damn, периодов се отепавте од бришење, банирање и заклучување, ок модератори одморете малце, темава е сакам да кажам.
Сакам да кажам темава е. Ако нејќе некој да го цитираат ќе иде у тие теми кај што не смее да се цитира. Слободно нека се тресат глупости се додека не се навредува, тогаш нека бришат и нека банираат и за сите нека важи без дискриминации. Слобода на изразување. Не глеам тука зошто да се брише за оф топик коа нема конкретна тема туку секој си се надоврзува само. А тоа па со чат темите аман.. И абер немаат трета да ја отклучат и немаат. Од секогаш си била таа тема чат, туку друга им е причината зошто ја заклучија.
Нема полошо од тоа постојано да си јас, јас, јас и само своите проблеми да ги раскажуваш и да се жалиш. Еден период бев ваква и дефинитивно е добро што имав луѓе кои ми кажаа се во фаца. Секогаш причината ми беше дека сум анксиозна. Бев ама многу е тешо кога влегуваш во комфорт зона на анксиозност и "мене не ми е добро".
3 дена читам коментари по фб од неписмена, злобна раја и веќе не можам да ќутам. Како се ситите на смрт на дете? Како тоа па и уште во коментари споделувате слики од неговото распарчено тело после сообраќајката? Како некоја будала на Тик Ток сподели видео од превртената кола? Дали бре имате нешто во тие црпките? Па и уште се осудувате да коментирате разно разни теории, а ни 1 % не го знаевте тоа дете, не ни знаевте зошто седнал во таа кола и каде одел. Да ја знаевте реалноста ќе плачевте бре прости едни. Ама не вреди човек за вас ни како ударна вест да ја стави на вести. Да, во право сте, брзо возел и тоа му е грешката. Единствено тоа. Ама се' друго што тропате, појма си немате. Срам да ви е.