И јас се карам. Ич не ми е гајле. Многу се безобразни. Мислат дека се привилегирани ако се со еден производ. Јас не барам да ме пуштат преку ред. Фино лепо си чекам. Еднаш подбрав една жена. Чекам ред во маркет, а пред мене имаше 2 баби. На едната веќе и наплаќаше касиерката. Позади мене имаше уште 4 муштерии. Влегува госпожата, зема сладолед од фрижидерот и на сите ни се обраќа - Јас ќе одам пред вас. Имам само сладолед. Сите ќутат. Ќутам и јас. Заврши и другата баба (таа пред мене што чекаше) и госпожата ете ти ја го подава сладоледот. А јас веќе ги ставив производите на каса. Касиерката ме гледа. И падна незгодно. И викам на дотичната - Госпоѓо, каде одите преку ред? Ама јас сум само за сладолед. Па што ако сте само за сладолед? Прашавте некој за да одите преку ред? И таа ќути. Да си застанете на ред. Се иритирам од такви безобразни. Да праша, во ред е. Ама се направи мутава. Кај матичната се направив партали со 2 баби. Влагаат во ординацијата и ми викаат - Ние ќе влеземе пред тебе. Само за рецепт сме. Им реков - И јас сум за рецепт. Ама ние сме стари. Па што ако сте стари? Мислите дека секаде имате предност? И заќутеа одма.
Нема да се научат да чекаат ред и нема, ако не можат да чекаат нека си оди сабајле рано прв и нека не чека ред..
Два пати ми се има случено да отидат преку ред, ама за тоа е виновен маж ми. Он не се кара. Си доби лекција од мене и оттогаш кога пазаруваме заедно, јас идам прва на каса. Треба да имаш култура и да прашаш дали може да одиш преку ред. Некогаш знам да пуштам ако тој/таа позади мене е со еден производ. Интересни ми се оние кои чекаат со полна корпа и сакаат да ги пуштиш преку ред. Е мало сутра. Како што чекам јас, ќе чекаат и тие.
Мене па кога ме виделе со 2-3 работи само, тие пред мене што испазариле цела количка, самите ме пуштаат преку ред. Инаку немам намера да се бутам, или да прашувам, ќе си чекам ред, ми се случувало да ме прашаат, ок е тоа, ама тие што се бутаат и јас се карам со нив. Културно е да се праша. И мене кај матичната така, гужва, чекам ред, и еден дечко се бута пред мене, и ми вели само да прашам, му велам исто и јас. И тие позади мене му изреагираа дека јас сум на ред. Па и младиве се бетер од стариве, некултурни.
Се чувствувам дека се околу мене не е реално, дека се тоа може наеднаш да го снема, дека тогаш не би знаела што да правам со себе, бидејќи не сум почнала од нула па за да знам како да продолжам кога се околу мене ќе снема..
5.000 мислења сум напишала тука за 10 години. Да беа и бришаните ми мислења може ќе беа и 10.000. Тоа е, секое второ мислење ми се бриши и сега тука сум како статуа некоја само прашања поставувам и одговарам. На тоа ниво се сведува се, со тек на време ти умира секоја желба за дискусија пошто голем дел не ни знаат да дискутираат ко што треба, другото е цензурирано пошто сме во комунизам тука на Фемина па скоро се не е во склоп или со темата или со мислењата на главните. Ливин ла вида уште 10 години форумска кариера па може до тогаш ќе сум тука само за да разменувам мислења за каши и пампреси. П.С. Да не заборавиме дека за овие 10 години добив и бан пошто се зафркававме дека имам дома пастрамајлија што ја прави дух
Па боледување е нешто што може да среди сестрата и само да стави печат од доктор, додека го прегледува тој пред тебе мож и тоа паралелно да заврши. Не ти го фаќа редот
Немој да им ќутиш. Ако те начекаат, ќе те зафркаваат. Јас од старт ги селам. Па нека проба да влезе. Не знам што е со луѓево. Како што можам јас со температура 38.5 да чекам ред, ќе чекаат и тие. Јас сум само за притисок да ми измери сестрата. Викам - И јас сум за притисок. Само за рецепт сум. Ме чека маж ми во кола. Викам - А мене децата ме чекаат дома. Не толерирам никој.
Мене ми е најсмешно коа фаќаат ред у маркет и полека се приближуваат, после ау ја не видов дека редот е долг ау ја за две ствари. Ајде ќе ја пуштат и туфкаа замисли, бавен е ред. Ако не замрчиш ќе те газат деф.
Ја си стоев чекав ред, имаше еден или двајца пред мене, со две работи бев, не ни помислувам да се бутам пред нив, а еден дедо исто со две работи си се шлаеше и оп ми се убута пред мене, сабајле беше и каснев плус уште он ми фалеше и замисли глупата ја ништо не му реков ниту изреагирав. Више нема шанси вака да заќутам, постар помлад кој сака нека е. Убаво викаш ако дозволуваш, те газат гајле немаат, затоа нареден пат на друг јазик ќе се разбереме, со прости луѓе нема разбирачка со убаво. А знаеле и ако сум со малку работи и сами да ме пуштат без да им речам ама поретки се.
Значи … Особено за празнициве е хаос, не е проблем да праша ама со тоа демек суптилно бутање, преку таквото. Ај тоа па залепена дише у мене , и мене ме боли кичма/ нога ако сум млада не значи дека ништо никогаш не ми е .. Ај една ќе пуштиш ај две , доаѓа трета и хаос праи зашо никој нема милост … аха важи
Ми се случи една госпожа да ме бутка со корпата. А јас имав количка. Не ја пуштив. Тоа во Кам се случи. А во друг Кам пазаруваме со маж ми и си чекаме ред на каса. Имаше гужва. И тогаш бевме со полна количка. Доаѓа една девојка која во рацете држеше едно пакетче влажни марамици. Бараше начин како да се упика преку ред. Не праша никој, ама се гледаше дека сака да отиде напред. Јас се завртев напред. Нормално, си чекаше ред. Да прашаше, ќе ја пуштев. Најмногу ме нервираат оние за цигари. Во маалскиот маркет влагаат и директно на продавачката - Дај ми едно Пал Мал црвено 100 (ова за пример го земав). Некои ќутат, а некои не.
Искрено сум многу либерте во поглед на ова ако некој има помалку од мене не е проблем зошто да чека и мене ми се случило еднаш само за упаљач да влезам мојот ми падна ми се растури цел чекаа 10 луѓе прашав може ли ме пуштија веднаш го куцнаа имав точно пари и не се осети избегавам расправии но има зајадливци кои лечат душевни комплекси по маркети колку можам ги заобоколувам
Није ваљда дека за тој муабет те банираа Еден од појаките муабети на дадената тема беше тој, штом и јас го памтам