Ја никад не би можела така да се упикувам, абе и да се брзам итно да ми е пак нема, некако срам и незгодно ми паѓа. Ако ме пуштат ок, фала им, сама не би се пикала. А на безобразните нема више да им ќутам, зашто они само паметни да си се и да си го прават меракот, не е фер. А у лабораторија у државна коа и со бројче се убутуваат тие кои имаат познати.. Леле една жена баш убаво им праеше, неколку вака преку ред си влегоа, а имаше гужва доста, и коа и прекипе, абе ко џандар беше, на сите шо така покушаваа да искочат паметни им се дереше и малце у ред ги стаи ама џабе е, менталитетот тој си е, не можеш да ги смениш, само дека треба да се реагира, треба.
Пак ќе пишам.... Културно е да се праша. А не да се правиш будала. Верувај дека и за леб сум чекала ред. Не сум барала да одам преку ред. И кога ме пуштале сум ги одбивала.
Тоа да. Јас трудна 9ти месец чекам ред за сок, никој не ме пушта. Не дека треба, ама нели луѓево сакаат да имаш осет. Во автобус не ми станувале, а пеколно жешко внатре.
Работата е што не е исмејување на Бог. Бев присутна, башка едно од децата ги знам, ептен побожна фамилија се. Значи маскава самото дете кажа дека уствари е исмевање на попови и верници што демек ептен постат, а уствари за празници и визити се пијанчат. Башка бонус муабетот за Бигорски. Малце меѓу редови треба да се чита.
Не сум инат. Ама со 39 температура и трески НЕ ОДАМ на работа. Кратко и јасно. Никој нема да ми го врати здравјето, и нема да ми рече : Леле, фала што дојде. КРАЈ.
Протестираат речиси еден месец ама на медиумите не им беше дозволено да објават па уште насловот „почеток ИЛИ КРАЈ“ хахаххахах да, овие македонци се па на првата сопка да се откажат
Каков инат бе, болна ако си и не си у состојба да работиш? Фала никој не ти кажува, да. Не се замарај. Ко прво ни сила имаш ко второ продуктивна нема да си уопште. Одмарај и чувај здравје, едно е. __________ Сдк Опаааа Android 14 is here ми се појави моментално. Касни малце ама небитно. Не ни очекував. Ај да видиме шо ќе каже.
Имаш (самопрогласени) психолози што со цело срце разбираат како реагира мозок во стресна ситуација, кажуваат како виктим блејминг е ужасна ствар ама очекуваат некој најсвесно и најтрезвено да реагира ако му се стрча или го нападне куче. "Абе што вриштиш, само сака да си игра, е после нормално ќе те нападне". И ти бе душо што ќутиш и се здрвуваш ако те тепа или пробува да те силува некој, брани се. Толку е просто нели? Или не?
Џабе, влегувате во осветените води. Тоа озборување, клеветење и глумење,ниту една света вода не може да ви ја измие лошата душа. Прости ни Господе. Не сме ти воошто, достижни. Бог се јави!
Ќе ни прости. Ама џабе, ко ние луѓето повторно ќе ги повредуваме другите. Затоа реков, не сме достижни за Него и неговата добрина.
Времето како брзо да поминува или мене така ми се чини ? Кога поминаа годиниве, ко вчера да беше ко го купив дездорансот на Спајс Грлс , па случајно ми се појави нивната песна од тоа време Боже, зарем поминаа 10 години откако исчезна Малезијан Ерлајнс на 8 Март 2014. Искрено, како вчера да ги гледав вестите и за тој авион. Седам и се чудам дали е могуче толку брзо да поминуваат годините или мене така ми се чини. Дур трепнеш, си остарел , пензионер Ххахахахха глупи мисли ми се вртат у глава, седнала Херера пензионерката на фемина форум, и се тресат рацете , буква по буква типка на тастатурата и го чита форумот. Не сум толку приврзана за фемина, НО едно големо НО, поради фактот што тука го најдов маж ми, а тоа е доживотна одлука, па од респект се навраќам на форумот и на четот. До душа освен на оваа тема и на форумските игри, многу слабо скоро па ич не коментирам во другите теми. И така велиш Маре, и тебе брзо ти поминале годините. Е тоа е.
Me, a 27 year old teenager, a chronically online pixie dream girlie talking about internet culture like: Спојлер Пишано на англиски за драматични ефект оти е мим формат.