Обожавам кога сум дисциплинирана. Задоволството што го добивам од доследноста нема шанси со ни едно искушение. Ваљда дека сакам ритуали, подобро функционирам во животот организирано. Не дека немам периоди кога сум полабава, па дури и распишана команда, ама па и таквиот период ми претставува предизвик кој со задоволство се нафаќам да го средам. На крај краишта, дисциплината е поважна и од мотивацијата.
Кој фетиш ви е да туркате врата што се врти? Ме занима? Дали го сфаќате тој концепт дека а ја турнеш ќе застане?
Денес видов деца како се санкаат, како татко им ги влече санките и ми се преврте стомакот затоа што толку ме врати во моето детство. Носталгија ми е најинтензивно чувство што сум способна да го осеќам. Толку е длабоко, bittersweet и истовремено болно и најубаво на свет. Кога ќе ми надојде некој спомен од перспектива на млада јас, ме понесуваат емоции и солзи. Дури и најмали работи. Пешачам со кнедла во грло по патот по кој секој ден одев и се враќав во школо, особено ако е дел од денот кога навистина и ми почнуваа и завршуваа часови. Пред некој ден дадов подарок ЦД за во кола и се потсетив дека имавме како албум за чување ЦДа и како мала цело време го листав и јас одлучував што да пуштиме во авто (многу ми фали тоа). Исто дека имав милион ЦДа за цртани филмови и 3 саати тражев што сакам да гледам. Исто многу често мислам општо на школо, на часови и во основно и во средно. Да можам на repeat би живеела од раѓање до крај на средно. И ништо друго не ми треба.
Сабајле навеа снег. Закасни. Поубаво ќе беше да се појавеше на крајот на декември. Сега пак отворив и видов дека пак вее малце. Бар убаво да фрла. Не ова ситнишов што при топење ќе направи лизгалица, па кашавица.
Ми текна на една случка од средно. Со една школска идевме накај школо. А надвор и снег и подмрзнато. Ние двете наместо да одиме по патеката спрема главниот влез, ние тргнавме по другата патека од кај што влегуваат со коли. А се работеше за удолница (не многу голема). Се држевме за рака, односно кај лактите. Другаркава почна да се лизга и ме повлече и мене. Отидовме двете надолу. И фино лепо си бевме цело време мокри. Еднаш во автобус за малку ќе направев шпага.
Извини за смеењево. Ми се има десено слично и среќа без физичка повреда. Спојлер Ама, тотален срам пред народ.
Се сеќавам дека тогаш бевме втора смена. Она ме потегна накај неа. Јас ја потегнав накај мене за да не паднеме. На крај убаво се излизгавме. Се смеевме и двете. Се смееја и тие околу нас.
Иако не сум фан на снег во Скопје, денес ептен убаво се почувствував. Ми фалеше малку ладно време. Или поточно кажано, време соодветно на својата сезона, бидејќи во градов последниве неколку години ретко сведочиме убави сезони. Ама да, денес се наоблеков со мерак и не би ми пречело да продолжам така бар уште некој ден.
Св Јован. Најомилениот мој празник. Неам никој во фамилијата така шо се вика ама го обожавам. Никогаш неам седено дома за овој празник. Нонстоп по гости, имав многу другари шо се викат Јован, Ване.... сите ги поминував во една вечер да им честитам . Еее, како ми фали тоа време. Среќен именден вечно име.
Снегов му дојде како убаво предроденденско изненадување, ама не би била нешто претерано несреќна да потрае,... како на пример еднаш за роденден кога си добив поклон снежна 2 неделна бура. #just saying
Кај сте бе ? Изгубија Хрватска а ? Па искрено, слаби беа, не е тоа тоа. Туку вчера натпреварот Данска : Шветска го гледавте ? Е тоа е тој спортски дух , покажаа како се игра и честитки за победата на Данска Туку, гледа некој ракомет или слабо нешто, никој ништо не спомна на форумот. Ај не е битно, да видеме што друго има за гледање
Дали постои тема за најлоши/најмалку вкусни рецепти што некогаш сте ги подготвиле? Би сакала да си ги докажам кулинарските вештини па ете предлог ако сте за отварање на една токму таква со epic fail издание.
Види дали ќе ти одговара темава. https://forum.femina.mk/threads/Идејата-добра-реализацијата-утка-неуспешно-готвење.4064/
10 дена ми дојде порано. Бубулици, главоболки, нервоза, желба за благо, солзи, помешани чувства и депресивни мисли.... Се на макс. Само едно ќе кажам. Не е лесно да си жена. Ај отидов благо да јадам.
Нозе ми премрзнаа, Аналгин морав да кркам за главата, спреј за нос, за синусите. Одма се рашмркав. Не сум ја за снег, и за ладно време... Се оболев. Дајте ми крилја ја да си метнам и в втопли стрни да си прелетнам: на топли места ја да си идам, да видам Малдиви, Сејшели да видам.