Се навикнав на фактот дека најубавите работи се случуваат спонтано. Научив дека секој ден е приказна за себе,а утрешниот е Енигма за сите. Дозволив да ме носи ветрето, како мало семче. Дали јас тоа се предавам, или едноставно ја научив најважната лекција во животот? Се е запишано со нашето раѓање.Секоја воздишка, секоја солза, секоја насмевка. Со нашето постоење,ние сме само делче од напишана книга.
http://www.youtube.com/watch?v=5ybzhtJvToY СДК дека ми е страм да кажам дека живеам во Македонија. Искрено,што е бе овој простотилук? Море луѓе,вака во Европска?Ебаве простите незнам,искрено се чудам колку ли дебилен треба да бидеш за да направиш вакво видео... И знам дека има турбофолкери и адријана кеш обожаватели,не ми го бришете мислењево само поради то шо не ми се фејврит и нон стоп на листа,да и ги гмечам песните по цел ден... И не,не се сменив јас и почнав за се да се бунам,туку секој ден со брзина на светлината се раѓаат нови поглупи и понови простотилуци,па едноставно јас за разлика од овие цвеќињата за мирисање и јагодосерачите, гледам во реалноста и неживем розев филм,ко нивниот и да ја сакам државичкава наша и ете,да ми е криво луѓе да,криво ми е оти секој ден тониме и тониме,а сами сме си криви. Каква е вашата реакција металци,рокери, и сите шо гледа подалеку од носо? Извинете вака на изразиве,ама ми зовре жими мајка.
Секогаш трагајќи,во облаците наоѓам контури,потоа со очи како на дете му велам да ми опише што гледа тој,чинам природата е магична,нескротлив уметник кој ни мами насмевки,мислам гушкајќи го,Тогаш со поглед вперени во таа шир гледам како ветрот ми ги разнесува сите облици,секогаш носејќи ми нови. Чекам лисјата да му се препуштат на ветрот и како килим да го прекријат алфалтот,се чини тогаш мојот град ги шепоти сите животи кој во него оставиле дел од своите приказни,ако научиш да го слушаш шумот на ветрот кој танцува со лисјата и немирно ги обвива гранките ќе ги чуеш сите приказни на овој град кои се уште стојат заробени во распаднатите и од времето испуканите ѕидини на сите оддамна изградени куќи.Понекогаш копнеам со часови да слушам за железничките станици и возовите кои доцнеле некогаш,да ги слушнам од некој старец кој своето попладне го минува во паркот борејќи се со студот со шолја чај во рацете,и сеќавања во очите,за да можам на ветрот јас да му ги раскажам а тој следната есен со сиот раскош на оваа доба од годината да ги пренесе на авобуските станици,клупите во паркот и старите железнички станици.
Држава со посебни потреби. Ни надвор не ми се излегува, мака ми е да ги гледам „луѓето“. Од самиот бетон ми доаѓа одбивност, воздухот не ми годи, градот е сив и кога грее сонце, насмеаните лица се цинични и сеирџиски... Ужасна реа од печени пиперки ќе допре до тебе од некој агол зашто македончето не можело без ајвар... Идила, бе, есен било, хелоу септембар, јупии
Се сеќавам кога се мислев дали да се зачленам на форумов или не. Долго време ве читав и на крај решив да се зачленам. Денес, форумов ми е секојдневие. Повеќе седам на фемина, отколку на фејсбук. Овде е поинтересно. Секогаш си наоѓам некоја тема, со помалку страни, и си ја читам од почеток до крај.
Во понеделникот за првпат вежбав физичко, откако почна школскава година. И погодете што? Стомачниве „мускули“ ме скинаа. Не се издржува, еј. Па и јас се силам, сум можела многу стомачни да правам. Иди лажи некој друг, бе. Не е проблем правењето, него што после тоа Цацко ќе го молам да легнува и станува наместо мене. На секое превиткување на стомакот, ѕвездите ги пребројувам. Иначе многу сум хепи. Aма не ви кажувам зошто. Тананананана.
Денес се шетав по улица насмеана од уво до уво. И тук-таму само ги забележував луѓево како чудно ме гледаат, дел од нив делуваа изненадено, а некои најверојатно мислеа дека сум и по малку шлакната. Е до толку изгледа стана ретка појава да видиш насмеан лик во сивово секојдневие што дури изгледа и дека е пожелно да бидеш тмурен ко црн облак среде ноември. Не поради друго, туку од пуста навика на она што ни е сервирано секој ден пред очи. Нејсе, причина за мојот осмех секако имаше, добив неочекувана понуда за ново работно место што е далеку подобро од ова на коешто сум моментално. Некој ете ме приметил и решил дека токму мене треба да ми понуди работа пред воопшто и да пушти официјален оглас и да види што друго ќе му се понуди. И како човек да не биде среќен кога конечно ќе почне нешто да му се исплати и кога конечно ќе го приметат и ќе го издвојат од толпата како нешто поинакво. Радости на кило! Конечно се помрднаа работите понапред и конечно оној оптимизам што секојдневно се трудам да го одржувам почна да добива некоја поголема основа за да си тлее. Ете така. Сега уште ги чекам сериите една по една да почнат со новите сезони (срам ми е да кажам колку следам ) и официјално ќе кажам - Септември те сакам!
Извини што се надоврзувам, меѓутоа имам потреба да си го искажам своето мислење. Многу луѓе не веруваат во судбина. Но, јас верувам. Сметам дека постои ''претходно напишаната судбина, затоа што нешто ако не треба да биде, нема и нема да биде. Ти колку сакаш труди се, прави се за да испадне спротивното, ама нема да се случи тоа. Со сила убавина не бидува. Затоа верувам во судбината, претходно ни е одреден целиот живот, а ние сме само фигури кои ја одигруваме таа приказна. Затоа оставете работите да си течат така... не вреди во животот за ништо да се нервирате, што треба да биде-ќе биде, се друго е само залудно потрошена енергија. Се надевам ми ја сфативте поентата...
Сакам да викам колку што ме држи гласот. Да кажам дека ми е смачено од животов. Дека со секоја солза сѐ повеќе запаѓам во депресија. Не го гледам крајот на ова...
Една чудна и интересна ситуација ситуација. Бившата на татко ми, сега ми е професорка по англиски Не знам колку оделе, кога оделе, ни колку се сакале. Знам само дека еден период биле дечко и девојка. И тоа од баба ми дознав Се гледа дека жената има многу добри намери кон мене. Не знам дали ми се причинува, ама и особено е фина со мене во однос на останатите. Епа татко ми бил најголем фраер тоа време, нема што тука И си мислам, што ако утре (за повеќе години), него го видам со фамилија или да треба да работам нешто со неговото дете. Јас не можам да поднесам да го видам со друга девојка, а не пак... Ама немам право да му забранам да закочи со животот, како што јас правам. А денот кога ќе го видам со друга девојка, нема да ме скрши, ќе ме здроби И не може да престане да ми биде криво, бидејќи можевме да бидеме среќни.
Лелее луѓенцца ке се онесвестам од убавини ! Одкако ме запроси дечкоми постојано ми се случуваат убавини што ме доведуваат до несвестици ! Првиот пат беше кога ме запроси , но штом тогаш не ме стегна срцце од кофови нема да ме стегне веќе. Во меѓувреме со неговиот шарм , внимание , и негови зборови ме прави да се осетам 7 метри на небото И се така одкако си го запознав овој човек јас постојано си плачам од среќа, се чувствувам како јас да сум единствено суштество на вој свет , газам по земја како по сваровски да одам а се осеќам како единствена жена на светот. Дури станав по самоуверена од таа мисла и од неговите зборови Најубава жено моја и сл јас ослабов и неколку кг, и еве неколку пати како идам на шопинг се што земам од прва ми се фаќа. За се иима прв пат нели ? Епа и мојот прв пат со пробување на венчаници. Дојде денот идам јас гледам гледам и си викам нема да погодам јас ништо ... Го пробувам првиот леле мајчице златна како да не сум јас , како некој од бајка да излезе и да ги заменивме улогите. Па тоа бев јас Луѓе се преизнндив од тоа како ми личи венчаница , прекрасна бев. Не очекував такв нешто , мислев дека од 100 пробани 1 ке ти се бендиса но јас од 1 пробана во 10 се бендисав хахаха девојката од салонот ми вика лелел колку си прекрасна а јас толку на седмо небо избезумена и реков да да знам . Не бев свесна луѓе што ми се дешава се околу мене беше бело , раскошно , магично.... На моменти мислев дека сонувам дека ова мене не ми се случува ама идам даље ако сонувам сонувам до крај, Кога се бендисав уште од првата си реков тука не е крајот идеме даље има сигорно мнооогу подобро нешто. Идам во следен салон пробувм и што да видам ? Првиот фустан беше чиста нула за овој девојките од салонот ме нарекоа балерина а јас добив повеќе сила па почнав да се вртам во круг во салонот хахаха абе некој да ме гледаше ке се скинеше од смеење искрено и смешна бев на моменти. Ама ајде викам не осетив дека баш тој е оној за принцезата. Идеме трета среќа во бутикот кој од кој по раскошен и поубав и викам ајде вади ги сите ги пробувам ама тој најубавиот остави го нај последен. Ги пробав сите и пред да се онесвестам веќе од убавина од емоции реков давај го тој лепотан тој е тој што ми лежи на срце го зимам го облакам и се заледив Тоа е тоа што цел живот го барам. Да може некој да ми погледне во мислите ке го види истиот фустан. Бела белина околу мене фустанот сјаеше 200 на саат беше ненормално убав а друштвото со мене застанаа с отворени усти и не знаеа ни кој убави зборови да ми ги упатат.... Толку сум среќна , весела занесена... Ова магично чувство ке ме држи дур сум жива. и на крај доаѓам дома му пракам на саканиот слика и ми се јавува и ми вика НАЈ СУПЕР СИ прекрасна си,многу си убава , ептен е убав фустанотт , преубав е а јас се стопив ко шекерче
Женички, дали некоја од вас што живее во Скопје, сака да вдоми две ипол месечно машко маченце? Денес најдов еден џивџан на улица, многу сака да се гали, и му треба домче. Хвала пажњу
Никаде народов не живее така убаво како на Сител телевизија Имам омилена шема ама на висока штикла И имам нова тетоважа на левата нога, пеперутка од сликичките од мастика Таа е среќна на своет дело, се радува на секој мој чекор во ритмот на летот. По невино од детските очи нема
Сакам да кажам, ако имате кревети легнувајте одма, ако немате изразете желба каков сакате да ви купам, а од мене лека ноќ. Чувствувам дека утре ќе отспијам 8 часа на столче, ако ме остаат раат де. Лека ноќ убави соништа. Возрасна жена што да се прави.
Маж ми си дојде болен од работа. Студено женооо, фати ми ги рацеве, мраз студени. Фала, чекај да се измијам со сапун и топла вода Му мерам температура, треска има и тоа висока. Пред да трепне и да има шанса да праша зошто му ставам крпа со ладна вода и водка на чело, и со противење му облекувам чорапи натопени со оцет. Го прашувам на кого да се јавам сабајле дека нема да си на работа. Ќе одам мори женска главо, утре краен рок на една работа. Детиште!!! Кај ти е лаптопот? Не го земал да го донесе дома. Наместо да си ги следам сериите во ниедно време барам батки на мотори да ги букирам да му го донесат лаптопот сабајле за од дома да заврши што мора и да одмара пред и после. А кога оздравее... е, кога оздравее ќе му се онаде мамето. Каква среќа има, сам не знае. Го карам, го тепам, ок, не го тепам, ама да знае колку го мислам без да му кажам, не знам дали знае...