Како се чувствувате доколку симпатијата не ви покажува интерес за нешто повеќе туку само другарство? И што следно правите?
Ќе ми биде криво секако арно ама нека е жив и здрав, со сила убавина не бидува нели? Глеј што убаво си знаеш и ти. Не се бедирај, немаш потреба.
„Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце.“ На денешен ден, 4 февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија, син на мајка Македонија и мајка Султана и татко Никола Делчеви, е роден македонскиот великан, идеолог и револуционер, Ѓорги "Гоце" Николов Делчев. Вечна ти слава Даскале, долга е раката на В.М.Р.О (М.Р.О) !
Кажу да време лечи све... Дали времето, годините поминати без тебе Тоше, ги излечија твоите родители, нас, јавната сцена? Недоволно ценет кога беше жив,тука во својата земја, ама посмртно талентот, харизмата ти сјае и сјае... Почивај во мир, Крушево само великани раѓа
Денес бев со сестра ми на Водно, и си платив за карти за жичара за неа и за мене и сега чекаме ред за да се качиме во Жичара, и се пополнува кабината со 7 луѓе, и две баби пробаа да влезат, ама човекот од обезбедување ја врати едната со образложение дека кабината е за 8 луге.. И жената ми се врти мене и ми се дере да сум го земала детето во раце, да се качела и нејзината пријателка, почна да ми вика, што чекаш, земи си го детето во раце, на што јас учтиво одговорив дека немам намера да го земам детето во раце бидејќи јас за детето платив карта исто како за возрасен и дека нејзината пријателка ќе се качи во другата кабина.. Луѓе, жената кога почна да вика, дека поради такви како мене немало да ни ја биде државата, дека поради такви како мене државата ни пропаѓа.. Во тој момент решив да преќутам, не сакав уште толку да ја траумизирам сестра ми што беше сведок на таков настан, ама сакам да кажам, ако поради такви како мене што бараат да си го добијат тоа за кое платиле, односно во случајов јас пристојно место за детето за кое платив а не во скут, тогаш нека пропадне.. Уште и, горе чекам ред за кафе да си земам, и оваа дотичната госпоѓа поминува со нејзината пријателка и и вика, "Е тоа е Веро, од вакви млади државата нема да ни ја биде." и гледа во мене..
Чеј, не сфатив. Ти веќе си се качила со сестра ти пред нив, и еднава барала да ја земеш во раце сестра ти за да има место за двете?
Де бе толку ли било зорт. Нека се качеле двете у наредна кабина и готово. Обично прашуваат кој со кого е за да знаат како да ги пуштат. Не ги пунат секогаш до 8. Обично до кај 5 влегуваат.
Јас детето не можам да го оставам доле, да си дојде само со друга кабина бидејќи е дете од 7 години, ама жени од 70 години и те како можат да си дојдат посебно горе, сфаќам и дека се стари и дека живееле и раснеле во сосема друго време, ама претеруваат.. Па ми вика, детето во раце треба да си го земеш, ако неќеш во раце и сакаш да се шириш, оди си со кола, како почна да збори, до горе не престана.. Си мислам, аха, важи, јас карта ќе платам за детето и во скут ќе го држам, нека спие на тоа уво, а они башка бесплатно одат..
Ако се стари дома нека седат, шо идат да се шетаат и гужви да праат бе? Шо не им рече така коа многу паметни се. Нашле па зашле и аздисуваат. На безобразни не треба да им се ќути. Постари биле и почит треба да имаш демек а? Е не заслужува секој од нив почит. Хахахаха. Колку се одвратни. Еј ќе пукнат од мука шо остареле и сите криви им се за тоа. Токсични подли луѓе.