Јас да сум била на твое место партали ќе ги направев. Безобразни. Мислат дека се некој и нешто ако се стари. Со такви се расправам без око да ми трепне. Во автобус не си поминуваа најдобро со мене.
Па не е баш така. Ако се стари дома да седеле? Зошто, стар човек не треба да живее? Тоа што некогаш стар човек знае да биде напорен и да истреска нешто, тоа е друга работа. Здравје само, и ти ќе бидеш на нивна возраст.
Има и млади што се бетер од стари безобразни, секаде се бутаат преку ред, не се само старите безобразни. Ај утре кога ќе остареме дома да се затвориме, не се знае што не чека утре, не знаеме и ние какви ќе бидеме, има безобразни да, ама има и млади безобразни.
Ај сеа и ти жити се за ова се фати.. У револт го кажав не буквално дека мислам не треба да си го живеат животот. Баш ја ги поштувам и нивната возраст ама дали они нас помладите не поштуваат? На шо личи ова нивново понашање? Ако дочекам, а ваква напорна и без осет и толеранција сум поарно да не дочекам да ти кажам. Ни ја не би се трпела не па друг да ме трпи. Не си приметила дека со возраста, како стареат све посебични и посебични стануваат? Секоја им чест на исклучоците кои се понашаат у склад со годините и можат да ти бидат пример како треба човек да се однесува во поодмината возраст.
Со стари лица треба да бидеме толерантни. Тоа е мое мислење, јас никогаш со стар човек не би се расправала за ништо, колку сака нека е безобразен, за него си е. Па сега, друг како сака. Непочит никаква спрема стари лица и секакви вреѓања какви биле, не е баш ниту за младинава некој убав пример и особина.
И ако те газат без око да им трепне така? Офф, ги почитувам и поише отколку што треба ама ќе ти скисне некад стварно. Очигледно не си имала непријатни искуства со нив за среќа.
Како ќе те гази стар човек, дај не претерувај и ти. Ние младиве сме тие што треба нив да им попуштат и да им помогнат за нешто кога им треба.
Ок. Ко што реков, не си осетила како. И поарно што е така. Немаш поим колку можат да бидат безобразни.
Море такви стари се за да ги утепеш од ќотек, не само да се расправаш. Секоја чест на тие постарите шо знаат и да се насмеат, и совет да ти дадат, и да те дружат.... имаат свест дека си помлад.
И ние младите претеруваме, ама старите се лош пример. Безобразните не заслужуваат ни почит, ни толеранција.
Сум приметила единствено дека, во Скопје особено, све е накриво насадено, и младо и старо и деца и возрасни. Сум приметила прв пат пред некој ден, една таква тетка продавачка и во мое село. Ќе да е до воздухот, воздушните струења, нивото до кое те онади системот...Не ќе да е до Меркур.
Можно е, не викам не. За воздухот посебно.. Па нека дојдат ај нека дишат воздухов па ќе ги прашам и нив тогаш. Сит на гладен не верува.. Ама не, дека претеруваме и за инат ова го пишуваме, нели без поштовање сме кон постари, а они цвеќиња за мирисање..
Ама двете можеле да се качат во наредната кабина, не знам зашто некој да ги толерира. Ако збира 8 души, не значи дека мора 8 да се начукаат внатре. На Водно сум нонстоп и прашува тој таму кој со кого е за да знае како да ве пушти. Ако пример влегле веќе 6, а наредните се група од 3, тие 3 идат во следната.
Ма не, за љубов и за војна, стално се потребни двајца. Или повеќе од двајца. Моиве комшии се сите цвечки, колку постари, толку поцвечки- и озбилна сум. Има една, душа нема 3 скали да качи, еднаш дури до продавница ме прати преку улица, заборавила незнамшо- имав време, учинив. Има една друга, и маж и син во иста година загуби, стално е љубезна. Да си седам јас во зградава, и јас ќе бидам супер баба- ваљда е нешто со подземните води. А дојдам во Скопје-караконџула
А бре зошто косовскиве страни се представуват на англиски као некоја странска фирма Америчка или од којзнај каде?? Јас мислев дека којзнае каков квалитет ке нарачам, тоа случајно една пријателка ми вика од косово се.. избарав изчачкав и стварно достава за 2-3 дена.. хахахахх е уште шо не ке видам еј!