Затоа што можеш да изгубиш време чекајќи да те побара. Ако е многу мало бебето, и да сака нема да има време за тебе и другите. Ако немаш долго и дебело трепение, не контактирај.
Јас не би оставила другарка така. Од време на време би и пишувала како се. Бебето е баш мало, мислев и на камера да ги барам, ама мислам немаат 40 дена земено. Значи, понатаму
Правилно. Јас некогаш и себе не би се дружела, ама нема кај да бегам Нема ништо чудно да се менуваат луѓето со кои се дружиш како што ви се менуваат интересите. Засекогаш ти се родителите, детето, и во некои случаи брачниот партнер. И нема ништо лично во тоа, нормално е. Ако го имате нивото на комуникација, може да го вратите и после година, две, пет, ако не, никому ништо.
Леле советов... Значи треба секогаш кога ќе бидеме во животна ситуација да не можеме да одржуваме редовен контакт да очекуваме сите да нѐ напуштат? Океј.
Ми се потврди мислењето за тебе .... Искрено и од срце те има пофалено твоја ученичка, поранешна... Заслужено , затоа што ти имаше удел и во мојата љубов кон книгата, пишаниот збор, знаењето... Никогаш не ми рече, не, не можам, секогаш ми беше на располагање кога како мала ученичка имав потреба од помош... Заслужуваш мирен, спокоен, пензионерски живот, поминат во добро здравје...
Не во други ситуации. Ама, родители на толку мало бебе нема да можат да бидат со друштвото. Барем не како порано. Ако на @GirlLove ѝ се чека уште, тогаш нека чека. Ако не, не. Како и да е, нејзино си е. Не мора да слуша никој од тука. Ќе си размисли.
Значи ако мислите дека у денешно време не можеш тел да фатиш и со свежо бебе сте се излажале. Или не сте доволно блиски или не сте доволен приоритет. Колку другарки сум имала (читај 2) шо сме збореле од после пораѓај, со видео кол у болница да видам бебе, па и после 10 дена да ги видам и држам, измеѓу слушање зборење, додуша втората е по адетлија али исто се слушавме. Да дете е приоритет али никад не им било идентитет( бар на првата не). Не се сТрамете понудете се да причувате детето понатака, carebasket za mama, шо знам нешо шо ќе ја израдува
Луѓе се губат одреден период за да си посветат време само на себе, да поминат низ нешто, да одморат од луѓе. И не значи апсолутно ништо, не значи дека се лоши пријатели, едноставно океј е човек да исчезне на некое време ако има таква потреба. Проблемот е кога таму кај што не треба го правите да биде за вас. Ваљда зошто не знаете да бидете сами. Според мене е посебично да немаш разбирање и да не го оставиш другиот да го направи тоа што му е потребно.
Луѓе не се гледале и слушале со месеци и години кога не била развиена технологијата како денес, па пак не си замерувале, а денеска се плачи дека е некој лош пријател само ради тоа што интересите се сменале (ова не е за на GirlLove ситуацијата, само ме натера да размислам). Телефон има секој в рака, контакт лесно се одржува, иако не мора тоа да биди 24/7. Ниту гледањето не мора да е секоја недела, возрасни сме. Ако некоја другарка сфатила дека нешто друго сака во животот што вие не го сакате/не можите во моментот, не значи дека не и значите повеќе и мора да го прекините пријателството/да се оддалечите. Егоистично е да мислиш така, бидејќи тоа што таа прави си го прави за неа и е среќна. Толку ли фрагилни станаа пријателствата денес? @GirlLove сигурно ништо лично не е до тебе, таа се наоѓа во сосема нов период сега. Најмалку што можиш е да и понудиш помош. Животот после деца никогаш нема да е ист, но тоа не значи дека не треба повеќе да сте другарки. Малку повеќе разбирање и емпатија. Ако не оди после се тоа е, животот продолжува.
Јас со први братучеди па не се гледам често, со братучед кој не живее во мкд се немам видено неколку години, дојде сега поради свои обврски и не се видовме, јас си имав мои, па никому ништо. Не се налутивме еден на друг. Сега со камери, со 300 чуда па замеруваат, порано ни телефони имало ни ништо, не се ни слушале.
Уште ме држи дејството од лексилиумот што вчера приквечер го испив. Па не ме чуди кога луѓе што пијат сè и сешто се жалат како немаат енергија, ништо не им се прави, само им се лежи, спие... Заебана работа.
Добро ај вака сега : познат факт за мене е дека сум опседната со Јутуб и ептен ги сакам и си ги почитувам јутуберите кои редовно ги следам. Можам јас ако ме фати инает и секој ден да постирам и да досадувам со јутуб и да му скурчи на човек од мене. Но морам да пишам пост во врска со нашата Наташа која живее во Кореја. Ептен ме натажи последното видео, душа мила, искрена. Многу ја разбирам во делот каде спомнува дека и фали нејзината фамилија од Македонија, дека живее убав живот во Кореја, за разлика од Македонија каде животот е тежок. Нормално има моменти човек ментално да попушти после толку години живеење во странство. Но, никако како Јутубер не смее да и влијаат негативните коментари под клиповите на Јутуб. Па не може на секој да му се свиѓаме, тоа не смее никако ментално да влијае од тие коментари на социјалните мрежи. Само можам витруелна гушка да и пратам и максимална поддршка да биде посилна и полесно да го помине овој депресивен период. Наташке , главата горе, сите имаме депресивни периоди во животот. Како што пеат и корејките во најзаразната корејска песна последниов месец : I am a queen like a lion