Call me old-fashioned ама ич не ми се допаѓа модава на широки вреќести капути и сакоа (не се ниту прави ниту струкирани, туку вреќи) во комбинација со звонарка панталона на патика.
Родители што 90% ги хранат децата со џанк фуд, не му менуваат исхрана ако детето ептен се здебели или барем не бараат каде е проблемот, за мене се неодговорни родители. Оти истите тие деца утре ги читаме како пробуваат десетина диети, испитале све и сешто од хормони и чуда и немаат проблем и се чудат од кај се со толкав вишок килажа.
Оти бе мора да ти блендираат 45 пати ко ке те видат со кола,и мораааа да ти звонат на телефон дека те виделе?! ЗНАМ и јас ве видов,ама исто како да не сум ве видела аман !
Додека го пијам какаото, пребарувам мислења на членката @SummerGirl , па ме насмеа со коментарите поврзани на тема Евровизија. Да бидам искрена, годинава освен Шпанија, немам чуено песни од другите преставници. Зора , зора Ммммммм добро е, ќе има гледање голи газови , мх мх мх Ако има повеќе сексуалност и голотија и во другите песни , тогаш не е лошо да се преслушне што има на лагер годинава. Лиз лиз
Кога сме кај голите газови... Уште го памтам настапот на Шанел која ја претставуваше Шпанија во 2022. Тоа пали кај публиката. Овогодинешната песна на Шпанија е ужас. Може со голиот газ ќе направат нешто. Само песната на Франција ми се допаѓа. Да пијам кафе, па да го носам маж ми во шопинг. Вчера ми вика - Ќе банкротирам од тебе. Секогаш кога разгледувам нешто го слушам како вика - Ајде побрзај. А он кога купува заборава дека сум со него.
Добро бе што е ова сега епидемија на голема кашлица.. дали луѓево се толку идиоти да не си ги вакцинираат децата. Како некој кој ја прележал оваа одвратна болест кога имав 11 години и тоа вакцинирана после 34 години уште се сеќавам колку беше тешка. Што им е на луѓево? Во 21 век, вештачка интелегенција толку ли се глупи да ризикуваат живот на дете!! Што е следно да се врати? Полио? Ненормални едни!
Значи прави патетики ми се инфлуенсери, јутубери што ставаат десетина по ред постови од болница, со инфузиите и канилите во кадар, па плачки и срцепарајучи постови на црно бела позадина без никакво објаснување. Па некој ќе праша што се случило, онака најдобронамерно, па следат десетина коментари што од инфлуенсерот што од други како така прашува, како не требало да се мешаме, може неќел(а) да збори, па и безобразно било да прашувал такви приватни ствари. Па да ме извините, ако више сакаш да си ја олесниш душата, олесни си ја асално да може и некој да ти помогне. Ако неќеш да споделуваш и сакаш да зачуваш за себе, ич не споделувај и сподели кога ќе си стварно спремен. Во спротивно само изгледате патетично и очајни за пажња.
Nebitni mi se vasite glupavi i ograniceni mislenja, ne sfakjate? Se izmoriv da gi isplnuvam vasite ocekuvanja, vreme e da ziveam zivot za sebe..
Па само би сакала да кажам дека нашите “медицински лица’’ спрема таа ‘’стручност’’ што ја имаат и оваа плата им е многу. Кукање џабе позич
А сега пошто гледам дека сте ја спомнале ТејТеј, тоа ме потсети, баш пред некоја вечер имав Taylor Swift & chocolate night и ќе морам да се поправам. Апсолутно ова го мислам и за песните пред Lover. Така што, Добро ви Утро Фебруарско Утро!