Има некој тренд на несфаќање поенти. Најбитно- не го дирај шеќерот, не смееш против шеќер да збориш, не на овој форум. Јас се договорив со Адидас, уште брашно и сол да укинам и ќе бидам топ. Можда и топ модел Шеќер, пих, тој како и вечерата, може да биде прескокнат.
Престанете од се да правите и сместувате во "трендови". Не е се "тренд". Clean life НЕ е тренд. Clean Girl/естетики за Инста, како ефтин хак на ова можда, да.
Секои понатамошни инсинуации и препукувања, ќе се бришани! СДК не е чет. И не е за дискусија. За сопствени мисли е. ..ако има нешто- пријавете@ Нема потреба од расправии.
Читам на многу сајтови за законот на преместување на обложувалници и казина. Во целиот свет ги има, ги имало и ќе ги има. Ама не можам да ги разберам коментарите од типот “многу фамилии растурија”, “ ја упропасти младината”, “народот заглави во кредити”. Добро бе луѓе, па кој ве тера со сила да влезете и да играте игри на среќа? Некој од дома ги скорна вашите деца? Малолетни и невработени деца играле? Чија вина е што малолетно дете има 3000-4000 ден неделен буџет? Маживе ваши со книга и некоја друштвена игра си дошле дома или со спортски билтен и уплатен тикет? Не промовирам и не поддржувам, но секој може да прави што сака со свои лични пари. Комарот од секогаш бил “занимација” на буржоазијата, а тоа што сиромата сака да обезбеди брзи пари на лесен начин е друга работа. Не пред училишта, и во двор да ви е, ако некој нема нема намера да влезе, нема да влезе. Таков е балканскиот менталитет, секогаш други им се криви, не гледаат дома што имаат и како ги воспитале децата.
Американците го имаат истиот менталитет за оружје, као не ви е криво легализираното оружје туку криви се психопати и занемарени деца кои го злоупотребуваат. Казината не го загрозуваат животот на друг како оружје, ама поентата ми е дека некогаш за да има промена за доброто на општеството, треба да се менува системот и законите. Не треба да ти е сеедно и нормално да има казина и обложувалници на секој чекор со најсветкави и блескави знаци, тоа е сериозен порок и срамота за нас што дозволуваме така. Не треба тоа да зависи од индивидуални одлуки и самоконтрола, за жал имаме култура која го поддржува тој порок - мажите се собираат и се дружат во казина и обложувалници, многу е лесно да навлезеш во тој циклус кога се ти е сервирано под нос и проблемот е многу поколективен и подлабок од домашно воспитување.
Не може на детето твое кое ти го финансираш, да не му водиш евиденција каде ги троши парите и во колкава количина. Не може малолетно дете да има пристап на социјални мрежи и апликации за возрасни. Не може малолетно дете да има у џеб 4000 денари. И цигари, алкохол, дрога, казина, се му е пред нос. Пред нос му се кафичи и читални, библиотеки, кино. Што не влезат во читална? Немојте ве молам, па недај боже да замине ваше дете во Лас Вегас на одмор, може и без куќа да останете со вакво размислување. Се е до домашното воспитување. Ништо друго.
Ама, и тие кои отворија ваков бизнис. Кој ги воспитал? Родител/и. Кој ги терал да го отворат? Нивната алчност. Кога има многу други и корисни бизниси, треба да се мисли. И законот не го почитуваат. Некои дозволуваат и малолетници да влезат. Не може секој да прави што сака. Државата мора да преземе нешто. Не треба да има ваков бизнис во близина на едукациона установа. Штетен е.
Па како нација со 90% и повеќе пушачко население, зарем е чудно што децата пушат? Точно така, се им е пред нос. На западот и за цигарите прават финти како да ги намалат, со многу високи цени и грди кафеави пакли. Исто со казината, нема да видиш казино на главниот плоштад. Они глупи се да го прават сето тоа наместо да им кажат на родителите, воспитајте си ги децата? Логично дека ако кај возрасните се намалат бројките на пушачи и коцкари со примена на одредени закони, децата нема да имаат толку многу примери за и они да тргнат по тој пат.
Алчен бизнис? Женска, погоре пишав дека е место за трошење екстра пари? За оние кои имаат екстра пари. И губат и добиваат. Нешто не ти е јасно, или не си дочитала што пишав. Се согласувам дека се почнува од возрасните. Тоа и ми беше мислата, дека нивните постапки и те како влијаат на децата. Локацијата на казина и да е надвор од градот, нема да запалат кола и да одат во казино?
Кладилниците и казината ги искористуваат слабостите на луѓето кои се поподложни на пороци и не, не треба да постојат на секој чекор. Домашно воспитување? Хахахах. Плис, едукација малку. И зошто побогу некој би бранел бизниси што се базираат на манипулирање луѓе? Што не поттикнувате да се отворат повеќе корисни мали бизниси наместо полека полека да никнуваат коцкарници на секој ќош?
Може ли да означиме почеток на викендот ? Епа ајде да ја завршиме неделава со музика како што ја започнавме. Имам кажано па да повторам по 239723729 пат дека најсекси жени во цел свет ми се русинките , им нема замена Како што ПО МОЈ ВКУС и нема замена на најубавата жена во светот А. Џоли, е така и со русинките. Да да, знам за венецуалките и филипинките, но во мои очи МЕДАЛОТ го држат РУСИНКИ. Па идеме со руска музика за денсање
Точно е за пушењето. Кај нас може секое дете да оди во продавница и да купи цигари со изговор дека е за родителите. Секогаш стојат на видно место над касите. Достапни се во секоја продавница и секаде. Исто така, нема никаква програма, ниту средства за откажување. Уште повеќе ми е смешно кога на телевизија ќе кажат дека се води борба против пушење, а немаш што да понудиш алтернатива за откажување. Тука, во одредени продавници има цел штанд со разни никотински препарати за откажување. Цигарите никогаш не се на видно место и има голема забрана на продажба на алкохол и цигари на деца. Истото се однесува и на казината. И нив ги има на видни места, но малолетно лице не може да влезе, а и има одредена сума лимит до која смееш да се коцкаш. Кога ќе ја надминеш, бидејќи приложуваш лична карта, има забранет влез за тебе. Има паметни решенија, ама како и за се друго, политичарите имаат други приоритети. Што да се украде и каков тендер да се намести.
И библиотеки колку има во цел град, а колку казина? На секој чекор казина и обложувалници, сите дуќани што беа претходно бутици или за чевли сега се казина, на секој чекор. Уште малце ќе има пред секоја зграда и пред секоја куќа како што тргнале.
Ова можда го имам кажано. Во основното кај брат ми кога беше, на двата излеза има по едно казино, и до едното казино - спортска обложувалница. И да, можеа да влезат иако деца, особено во овие за спортска. За после кога ојде средно да му делат флаерчиња против казино. Флаерчиња шо немаше да мора да ги делат ако околу ОСНОВНО училиште, преку улица од двата влеза, немаше казино. Скроз да се затворат сфаќам дека е невозможно од многу аспекти. Ама да не се до училишта е некој bare minimum кој очајно ни треба.
Коа ќе ми излезе вест за магарешка кашлица, онака застанувам и се размислувам... како е возможно во 2024та да имаш средновековен мозок? Не сфаќам, сме еволуирале како човештво, сме постигнале еден куп работи, сме нашле лекови за болести од кои порано луѓето умирале. Денес или не постојат, или не се смртоносни. И некој во својата нарцисоидност да одлучи дека целото човештво не е во право, туку тој во својата врховна праведност и експертиза може да ги минусира достигнувањата во медицината и да игнорира превентивен лек како вакцина што се употребува скоро 1 век... Не знам... Не сфаќам... Meanwhile, тој е заштитен бидејќи примил вакцина. Ама неговото дете не може. ВТФ?