Ме фаќа инат. Јас кога барам некој, не можам сега, не ми се излегува, нз што. "Јас не излегувам во градов" (пример оди надвор негде , се знаеме од мали, сме излегувале и сега филм ги тепа. Излегуваат и не викаат. Тек по месец дена ми кажуваат и тоа сосем случајно, и демек као ние и Скопје бевме на семинар. Па, тоа едно занесување. Луѓето, на месечина појдоа, некој Скопје бил во Мериот на семинар и уаау. А, тие ко ќе ми пишат одма да се сложам треба. Е, нема. Ц. Гази ги, па нека те ценат поќе. Колку поќе попушташ толку на гла ти се качуваат. Ќао.
Што е со бутициве кај што парчиња облека М величина одговараат на многу крупни луѓе? Пробувам М панталони и пливав во нив па XS земав... А не сум ни слаба.
Мое задоволство е мојот стар симпатија да го апдејтирам за pop culture драмата. Дали е ова исто како деца шо волонтираат во старечки дом? А особено задоволство ми е да кажам: "не можам, зафатена сум гледајќи филм од детството на дечко ми, од 1967".
Ми фали брат ми ептен многу. Колку и да е напредната технологијата, не е исто на видео повик и во живо кога ќе видиш некој. Ах пуста далечина... Како бре браќа/сестри живеат во исти места, и издржуваат да се скарани и да не се гледат и прават мубает? Мене душата ми се кине што брат ми живее на друг континент веќе... Иако сум и мажена, ден не поминуваше да не се видиме макар и на 5 минути, на брзо кафе. Немам сестра и незнам како е, дали е поразлична блискоста. Ама братче да имаш е богатство непроценливо Ама ај си се тешам дека е за негова подобра иднина. Битно да е здрав и жив.
Пред некое време една членка имаше пишано за нејзини познаници кај што мајкава хистерично се дерела по мажот, го повредувала бебето и мавала по мажот додека го држел бебето. Коментарите беа да не се меша, дека греота е дете од мајка да земаш, дека треба да ѝ се помогне и дека не е опасност за детето. Е вчера случајно ми излегува некој пост на Инстаграм од три мали деца како си играат. Го отворам профилот и сфаќам дека профилот е од спомени на трите деца што се починати што ги објавува татко им. Децата биле убиени од мајка им што била со психички проблеми. Значи како да ви кажам, ама кога некој е опасност за другите, особено деца, не треба да го тапшаш по рамо и "ама хормоните се" и да го мешаш упорно со луѓе и деца за да не се осеќа изолиран и повреден. Било да е психичка болест, зависност од дрога или нешто друго. Можеш да дигаш свест за ментално здравје без тоа да биде на грб на потенцијални жртви. Пробај да помогнеш ако више сакаш ама ако гледаш дека нема излез, повторно не треба да го оставиш да наштети некому зашто "греота е". Да, пошто тие другите што страдаат не се греота.
@Munchmallow20 од тоа немешање уште толку бетер станува, ама затоа тогаш сите се глеј си во своја куќа. А инаку вака први се да слушнат што се случува, али не би и да се замешат.
Ма подобро е да се мешаш, па макар било и без причина. Некои луѓе стварно имаат потреба од некој од надвор да им помогне. Па дај Боже да не сме во право ние што сме де замешале, да е се океј. Ама во некој случај можеме да спречиме и некоја трагедија да се случи. За жал, многу луѓе не се едуцирани, и не можат да распознаат алармантни значи. И реално им треба некој да им помогне да ги увидат истите.
Тоа е лошото кај нас, за да се мешат без врска први се, очи ококорени орелски им излегуваат за да видат со кој искачаш, во колку ќе се вратиш, шо ѓубре имаш фрлено, зошто курот ти е на оваа страна а не на другата.... А за такви работи, кај шо стварно треба да се умешат за да помогнат, нигде ги нема. Никој ни видел ни чул. Па дури и се ситат.
Не ми беше само за мешањето него повеќе за луѓе што по секоја цена имаат разбирање за психички проблеми и подобро она да го повредува детето оти абе хормоните се него боже сачувај дете од мајка да одвоиш.
Па таков ни е менталитетот... Затоа викам подобро да се дејствува, па си има служби што ќе проценат што понатаму. Отколку да се молчи. А за подигање свет во земјава наша тешко... Промоција на здравје скоро никакво и да нема. Има државни институти и вработени за овој дел од медицина и превенирање на болести, ама знам дека скоро и никаков буџет немаат. Сепак за било каква кампања треба финансии. Единствено ни останува на нас како совесни граѓани да помагаме колку можеме.
Во последно време омилени ми се "what I eat in a day" видеа, поготово од атлетичари, инспирација ми се. Сакам да сум во друштво на луѓе што ме инспирираат, а не отупуваат со глупи муабети и лајфстајл. И сакам да сум во друштво на добри луѓе зошто добрината им е начин на живот, а не стратегија да извлечат нешто.
Значи овие сетовиве што ги прат за валентајн и за осми март исто, поголем маркетински трик нема, пикнале две или три работи внатре по цена со 200 300 денари повеке од тоа шо има внатре посебно да го купиш. Пример нивеа сет внатре гел за туширање, дезодоранс и лосион за после бричење неверојатни 850 денари и као на акција! Ало еден гел од нивеа е 150-160 еден дезодоранс исто и ајде лосионот 200 нека биде тоа е 500ки и нешто. Зошто не ми е јасно?
Ti kažeš da ti značim, al' drugi te imaju Sanjam te, tražim te, kad vidim te - nestaneš Tražim trag svoje duše u ostacima mećave Tvoja senka sreće me kad probudi me sećanje A dobro znam da sam kriv što vise nema te Ja mislio sam ništa neće moći da nas razdvoji I sve bih dao da te vratim i lepše nastavim Seti se planova i dana kad smo maštali E, kako smo se posle svega ovako rastali?