Слика од мене дур скролам во К-шоп зошто дојадов норите и немам поќе, а немам ни кимчи и то е веќе голема криза ама уз пат наоѓам други работи шо не ми требат ама ги сакам:
Иако мислев порано дека најинтересен и највозбудлив е почетокот на врска, сепак сум била во заблуда. После 12 години заедно, сфаќам дека љубовта расте континуирано, и е толку многу поубава, во некоја сосема различна димензија. Еволуцијата во љубовта е една многу чудна и возбудлива работа. Ама дефинитивно вредна за да се вложиш и ја негуваш. Најсреќна сум што си го имам него за сопруг.
Ме нервираат циркузите што се прават во моловите секој викенд. Дајте ПОПУСТ така привлечете народ. Реални попусти ко во Солун!!!
Замисли си да постои "forest school". Да ги учат децата сè за планетава, за природата, растенијата, како да одгледуваат, за животните, како да чуваат, максимално искористување на ресурси, за преживување, за универзумот, планетите, значи сè. Кој знае какви луѓенца со разни интереси и вештини ќе произлезат.
Oooo, so cute. Колку добра идеа, и колку би било убаво да имаме вакво нешто кај нас. Децата се најсреќни со вакви активности, наместо во 4 ѕида или пред електорника.
Не само тоа, ама може сериозно да научат за земјоделие, задржување на природата, сточарство, одгледување здрава храна, одржување чист воздух, итн. Зошто денес веќе нема кој фамилијарно да ги пренесе тие знаења и занаети на помладите генерации, а ни се потребни и те како. Не мора секој да учи гимназија.
Вака в недела, ден делник неработен, безвезен, ми иди ќеф да зготвам нешто. Ама после ми текнува дека немам за кој овде да готвам.... Сите што ги сакам и ме сакаат се далеку... Да живее човек сам е добро, и чекор до самостојност, ама има вакви фалинки, каде ќе се почуствуваш ко идиот, сам, без никој....
Да, да. Има, за жал. Ехееее.. Какви коментари добивав кога почнав да излегувам со маж ми. Како можеше да си фатиш дечко од друг град, па и од село. Кај ти беа очите. Треба да си најдеш дечко од Скопје. Ти си градско девојче и не ти личи да имаш дечко од село.
Како иде ова неделно попладне ? Сум сонувала како ми пишал MrBeast да се натпреварувам за 1 милион долари , ќе снимал нов клип , па барал луѓе од цел свет од различни држави. Па му велам сакам да ги видам парите у кеш па ќе размислам да учестувам и он вади еден куфер полн со пари и ми ги покажува. Се будам сабајле и му го кажувам сонот на маж ми и ми вика он : кај сум јас у цела оваа приказна Па му велам ти изгледа ќе се појавиш на крај ко ќе заврши натпреварот да ги броеме парите Ххахаха што ти прави зависност од Јутуб Ко сме кај социјални мрежи , пошто немам јас инстаграм , ниту тик ток, се пронаоѓам во сликата.
Сите можни човечки врхунци ги достигнавме и проблеми решивме, уште Тејлор Свифт да ја решиме и ќе биде конечно се 100%но совршено и во ред.
Еднаш порачав крофни и да ми го нацртаат мачорот, само онака главата, наједноставно. Дури сама ја скоцкав сликата како илустрација, што точно сакам, да им ја олеснам работата. Одам да ја земам нарачката, ја отварам кутијата додека чекам да ми вратат кусур. Мачорот у кратки црти
Имате ли работи што сте ги мислеле ко деца, а сега се срамите што сте мислеле нешто што допирна точка немало со реалноста? На пример за значењето на некој поим, за локацијата на некое место или слични ситници. Јас на пример, едно од најглупавите нешта што ги мислев кога бев мала а не биле точни, беше дека Галичник селото се наоѓа некаде кај Галичица планината (според името де ) и дека Галичка свадба се одржува некаде на падините на Галичица. После некаде кога бев шесто одделение еден наставник баш го коментираше селото и вика "цел тој мијачки крај од Маврово и Ростуше е многу убав" и тогаш сфатив дека уствари Галичник спомнат во контекст на мавровскиот крај, е така малце подалеку од Галичица и дека Галичката свадба нема никаква врска со Галичица планината. Исто така ко мала мислев дека пастрмка (рибата) е една од состојките во пастрмајлија (пак поради името ), се додека не пробав за првпат пастрмајлија на една екскурзија и сфатив дека уствари нема ништо рибесто во неа, туку така се вика поради овчјото сушено месо (пастрма) иако не сите видови на пастрмајлии имаат такво месо, најчестите се нели само со пилешко или само со свинско, ама во никој случај нема пастрмКа во нив. Дете измамено од слични зборови.
Јас мислев дека децата се создаваат во телото на жената автоматски кога ќе се венчаат. Уствари на денот на свадбата се дешава некоја виша сила и оп, дете се создава. Па се чудев кога моја братучетка се породи 3 месеци по свадба. Викам дома абе бебето нели 9 месеци се носи? Како толку рано? И не знаеја што да ми кажат а да не спомнат сексуљави ствари Мислев и дека стварно постои село Свирипичино.