Леле ме потсети на уште едно мое. Уште не знаев како се случува пораѓај и од каде излегува бебе. Мислев го сечат стомакот и го ваѓаат бебето. И еднаш игравме дома со друго девојче и во играва ко демек таа трудна (наполнета со партали под блуза за да изгледа трудна и ставрно не знам со кој памет толку мали деца сме играле игра во која глумиме трудноќа, сега језа ме фаќа малку) и едно време ѝ викам "Ајде сега ќе ти го сечам стомакот, време ти е за пораѓај" и ја слушам баба ми вкујна- жената си се смее на глас и се чудев зошто толку се смееше. Тоа јас сум мислело дека сите на светов доаѓаат преку царски рез.
Јас и кога ќе видев нешто сексуљаво на тв мислев тоа само во филм го има. Незамисливо ми беше дека во реален живот луѓе прават такви работи Колку сум била innocent
I feel you. Знам дека е старо мислење ,слабо отворам femina. Aма ова што се дешава од преспански договор наваму особено годинава веќе ме излудува. Од една страна ми е мака што не заминав до сеа од друга многу си ја сакам. Буквално се осеќам ко да не знам кој пат да го фатам.
Кога почнавме да учиме географија на светот во 6то или 7мо одделение, закачена беше нели картата со сите континенти, и јас мислев дека тоа е само половина од планетата, а другата страна ќе ја учиме понатака. Ми должи Господ уште еден свет.
Ова ме потсети и ме остави повторно во мисла, баш имаше видео, пред некој период баш повторно го барав и сакав и да го поставам, ама не можев да се сетам точно одамна го имав гледано сосема случајно. Мислам и дека Тед-ток беше, или нешто во тој стил каде се зборува за ова. Беше нешто како кампања за едукација на децата и битноста на нивно приближување и поминување време во природата, како и нивниот природен инстинкт да си прават катчиња/куќички/"шатори" (со чаршави нели)уште од најрана возраст и се осамостојуваат, односно желбата да учат за природата и средината околу нив. Дали го знаеш, или некој го знае?
Како можат толку без осет да бидат луѓево? Толку себични? Кога ќе имаат потреба од тебе, ќе те најдат одма, ќе најдат начин да стапат во контакт, ако не нигде ги нема. Па уште се понашаат како ништо да не било. Уште кривица во тебе ќе бараат. Алоо, кај ви е осетот луѓе Страшно Од сега и ја ќе бидам како вас, па шта буде нека буде
Zdravo jas ne sakam da kazam nisto tuku sakam da ve zamolam nesto…posto gleam nikoj ne otvara temata za humanitarni akcii a za zenki domakinki prvi ste da se prepukuvate koj imal stan koj kola ..bi ve zamolila tuka…..SEKOJA MAJKA sto ima alista,peleni i slicno za masko bebence skoro 1 godinka i sesto moze da donira dali kasicki,konduri i slicno DA MI SE OBRATI VO LP,ne e za mene tuku za moja bliska licnost na koja sme potrebni, Blagodaram !
Цел ден си мислам на државава, дека ми излегуваат слики за документиве. Многу ми е криво што се случува, што будали со години на власт не газат, и колку само блиски луѓе ми избркаа во странство. Не е Македонија ко Македонија ништо крива, ние сме луѓето криви. Алчноста, нечовечноста, сиромаштијата што ли се нема да го натерат човек да направи. Често си размислувам што треба да се случи за да тргнеме кон подобро. Но што и да се случи, дури и од утре да почне промената кон добро, тешко дека ние ќе дочекаме да бидеме сведоци. Од ситуацијава во која е сега, треба децении и децении да поминат во борба за кон подобро, за да може да се оправиме како држава. Штета е бидејќи каде и да одиш, во татковината кога ќе се вратиш е најтопло на душата.
Многу ми е тешко ,ми се плаче. Луѓево околу мене се чудат. А јас пак се чудам со нив... Ладнокрвни ,како и да се викаме убав да ни е животот а кој живот ко сметката за струја ми е над пола плата !? Кој живот кога се понашаат како јужно косово да сме. Кој живот ко страв ти е на лекар да отидеш... не сакам ни да продолжам ,претешко ми е!
Има и такви кои мислат дека државава оди напред. Оофф, каде напред, во што толку напред отидовме, еве не знам. Единствено плати што се покачени ама што дека кога не вредат, една 1000ка оди ко 100ка што одеше некогаш. Напред одела. Оди, да, еве во 2024 влеговме. Со времето напред, со системот назад.
Македонскиот народ е многу мек и штом до сега не се има кренато на протест, никогаш и нема. До душа со партиските вработувања, не се будали оние кои си држат место да ризикуваат. Златно си седат на работа партиски вработени и ќе си чекаат пензија. Ти би идела ли на протест пример ако партиски те вработат на место со бааги солидна плата ? Значи финансиски стабилна и ти и твоето семејство. Не, епа така и тие поддржувачи на политичи партии. Убаво им е, седи си , работи си , ќути си , свиркај си Со таков мајндсет нема шанси да се кренат на протест.
Ооо и те како ќе протестирам. Штоќеми плата кога нема веќе на што и како да ја трошам. Ми ги избркаа сите блиски, уништија култура, образование, немаме нерви да се влечеме со децении по судови за основни работи и пак да губиме, нема доктори, има апарати ама нема кој да ги чита резултатите од нив зошто ги избркаа докторите. И тоа во главниот град, замисли што се случува по останатите? Градови на духови! Умираме полека со загадувањето. И? Штоќеми плата... Ама, не сум партиски послушник. Тие имаат поинаков мајндсет. Не се како останатите. Тие се сервилни и заробени во некреативност и плиткост, а тоа ги избрка оние кои сакаа да внесат боја и живост.