И мажот ми е 2 метра, и ќе скокне ограда ко ќе си го видам тилот Инаку да, за некои професии треба стандарди, ама за да е така, политичарите треба да поминат психо тест. И така. Не знам дали е за смеење или за плачење
Порано имав нерви да разговарам. Сега некако тие нерви ми се малку истенчени. А можеби едноставно ми е преку глава од тоа што соговорниците се груби и некултурни па се изморив во обидите да одржам дискусија на ниво. Не е дека сега е многу лошо, може и периодов што се' ми оди наопаку ме измори па ми фалат уште некои (претежно непознати) личности да ми делат совети или да се однесуваат „изнад ситуација“ ама пак, не е тоа што сум јас. Може па некогаш навистина треба така со некои што доаѓаат само да си се испразнат и да се изнакрекаат бидејќи инаку немаат многу почит од останатите или не ги ни слушаат па овие си наоѓаат простор каде да глумат важни. Сеедно, само знам дека некогаш и мене ќе ми дојде многу и ќе ми се потроши трпението. Каде и да е, ќе го наполнам.
Сериозни се овие? https://mastilo.mk/2024/02/17/ivana...idtYzE5ZVy4vOoXgZBrILfohLsGOQX6bpY8kiTXz9DoW4 Докторите кажаа дека едноставно ѝ пукнало срцето од преголема среќа“,
Ако збораме за критериумот висина, имаше и колку не треба да надминува. "Минималната висина на кандидатите за професионални војници да не изнесува под 160 см, а максималната висина да не надминува 200 см." Висок можи да е потромав, а некое ниско слабо да е како дива коза. Јас познавам обратен случај од твојот, така шо, генерализирате.
На полициска академија не само што требаше да се има пропорции туку и спремност. Знам дека можеше некако да се пројде и без пропорции (поточно со мали отстапувања) ама само ако се докаже спремност. Па така, приемните им беа многу захтевни. Се спремаа долго време и примаа многу малку луѓе и тоа на секои неколку години (мислам дека беа 4). После излегоа тримесечните курсеви за полицајци и се' пропадна во вода, сите стандарди се изгубија. Тие што се немаа појавено на физичко ниту еден ден, станаа полицајци. Да треба да истрчаат 500м ќе им треба половина час опоравување.
Незнам за овие нашиве, ама странциве се сите над два метра . Жените полицајки шо ги иам видено сите се моја висина 180. И спремни дечки, посебно оние од Чешка шо беа на границата тогаш. Нашите потромави ми изгледат, иам видено некои како трчат ама како да не им се трче . Нормално не сите. Плус многу ретко некој од нашиве да тренира откако ќе стане полицаец. Сите шкембари се станале, се натпреваруваат кој повеќе кафани ќе помине и кој поголем стомак ќе пушти.
"Тиктокификација" на дебатен клуб: договори | Фемина Форум (femina.mk) Оваа тема можеби ќе ти биде од помош. И @theowndemon ги има одговорите
Дискусии за теми исцрпени од тик ток. Или теми што се актуелни и што ги сретнуваме на тик ток. Јас така го сфатив и мислам не погрешив.
@Gentlewoman! Категорија на повремени теми исцрпени од интернет култура и трендови и како влијаат на нивната публика и општо на нас како општество и на социокултурни промени. Некогаш (најчесто) збораме за работи кои постојат од секогаш ама пример социјални мрежи му даваат нова димензија и ги пренагласуваат. Други пати се работи за ситуации кои се директно креирани од интернет трендови и интернет постоење.
Се случило ли некогаш, некаде и на некого да му тргне нешто во животот без да се случат уште 100 пречки за да конечно си ја постигнеш целта и да земеш длабок воздух. Убаво викаат, внимавај што посакуваш, може да се оствари. Излегува дека не треба да имаш ни желби, затоа што ќе се јават непредвидени ситуации вон тие желби и ќе се покаеш што си посакал нешто. Живот. 99% несреќа и нервоза 1% среќа, мир и спокој Некогаш и се прашувам дали го живееме пеколот, оној за кој зборуваат дека се оди после смртта. Не ми менува тогаш многу кај ќе одам, бидејќи сигурно повеќе ќе се одморам и ќе имам спокој таму, него тука на оваа земја, од каде на секој чекор те демнат опасности, болести, несреќи, тага, умор. Некој ќе ти каже биди благодарна за она што го имаш. Сум. Ама дај не ме ј**и низ нос да ми вадиш за тоа што имам за што сум благодарна. Така.
Од поблиска фамилија, личност цело време се зезаше со луѓе кои работат па демек не е се во парите, немаат слободно време, еднаш се живеело, е сега таа личност е до степен стигната да и земат се, па уште се лути зашто на мажот и неа не сака никој да и помогне, ало жено божја кога требаше да работиш, се зезаше и не било се во парите, сега очигледно се е во парите, освестете се на време дека никој не Ви е должен да Ви дава сретства од своја пензија и пари кои сам ги заработил, на млади години се заработува и се штеди, а не, не е се во парите.
Кога имав корона, мачорот кој тежи 6-7 кг постојано ми лежеше на гради. Е сега дали сакаше да ме излечи или дотепа, сè уште не се знае
Ви теќиње на времето коа у Кока колата ни тураа шеќер, да не била газирана за грлото да не не болело?
Сакам да одам назад во минатото, и да си удрам една жешка шлаканица на самата себе, за тоа што сум трошела и време и нерви на скроз небитни луѓе. Сум помагала без да ми била побарана помош, со давала безрезервно, сум се посветувала на максимум. За што? За денес да не се познаваме. Ама ако ми е, сама си барав, си добив.
Секогаш кога пијам кока кола ми текнува. А во Грција на децата им цеделе портокал во кока колата. Балкан
Епа она кога траумите од детството си ги носиш сегде со тебе. Ја пијам кока кола лајт, а нему шпеци му е откритие на векот.
А ние оти пиевме од роденден за роденден, па и тогаш ми ја укакуваа, си пијам само обична. Али диетална ја правам, со лимун...