Не знам дали сте знаеле, ама бебињата во текот на бременоста си ја пијат својата мочка. Па така онаа познатата "од мочка си правен" е донекаде вистина.
Во јануари, двајца луѓе од Лајпциг веќе освоиле милиони на лотарија: на 10 јануари жена добила џекпот во играта 77 и освоила 1.677.777 евра. Само еден ден подоцна, извлекувањето „Sachsen Million“ на среќниот добитник му донесе точно еден милион евра и сега, на Денот на вљубените, третата голема награда оди во истиот германски град. На ждрепката за Денот на вљубените во среда, лице од германскиот град Лајпциг доби џекпот во играта 6 од 49. Со шест точни бројки освои точно 1.185.672,30 евра! https://faktor.mk/osvoil-tochno-118...b9SfowX6Xjzc3AtZyTnIrx723S_-CBW38LVs303hWSgsI Машала, среќата се врти значи баш у тој град кај што живеам, а мене никако да ми текне да уплатам. Добро , има вистина оти и маж ми игра, ама за сега ситна пара зима оти погодува по 3 бројки, па само ливчиња купува. Јас сум со тој став дека нема шанси баш мене да ми се падне лото и затоа не ни уплатувам ливче.
Јајцето ми е супериорна храна. Има океј протеини, океј масти, океј калории, сè на сè топ. Можеш да го зготвиш на разно разни начини. Можеш да го комбинираш со сè и сешто. Лесно се подготвува. Вкусно ми е секако приготвено. Мислам поради јајцето, а не толку месото, не би можела да бидам веган.
СДК многу си го мразам мозокот секогаш касне со реакциите кон др луѓе. Една пред една недела ми покажа среден прст ,а јас изненадена останав со отворена уста на место на гас да претиснам и да ја згазам. Пу да тибам мозокот стар.
Ќути арен ти е мозокот, ако ја згазеше баш ќе ја исправеше работата. Во ваков случај покажуваш и ти среден прст, пцуеш и си го продолжуваш патот
Може немаше да ја згазам ама да отворев прозор и да и кажев нешто , јас само се насмеав и си продолжив. Не само за неа за со сите одговор добар ми текнува по 5ч.
Баш убо си напрајла појке си ја изнервирала жената што и си се насмевнала Всушност сватила сама на кое ниво паѓа со такво понашање
Фебруари и Март се нај-anything can happen месеци. Ќе завее ли снег, ќе се чувствува ли времето како пролет и добиеш слепило од Сонцето, ќе биде ли апокалиптичен вајб, или можда се горенаведено во еден ден, никогаш не можеш да знаеш со сигурност. А и според соларниот календар од 1 Фебруари веќе официјално сме влезени/почнуваме да влегуваме во пролет. За ова се збори во филмот Groundhog day, дaли сте го гледале? Иначе Спојлер: . Исто така, годинава е прeстапна година. Така што оние родени на 29ти Фебруари по цели 4 години ќе ќе можат да си го прослават роденденот како останатитe нас, и јас мислам дека тоа е прекрасно.
Јас пишав како цитат. А зборувам за низ форумов како се пишува. Секој втор збор е : апдејтира, кринџ, глична и сл.