Се прашувам зошто постојат злобни луѓе ем не ме познаваат ем ништо не им направив а ми нанесоа бол?едноставно сакаа да ме повредат.зборуваа зло и судеа без да ме знаат?можам да им се осветам и тоа како.се прашувам зошто од мене направија лош човек нешто во мене кажува не опрости не врати им нека го осетат тоа во својата душа тие што без потреба ми ставија нож во срцето без да ме познаваат се прашувам зошто зошто ме натераа да станам осветољубив човек а не бев таква личност пред да ги сретнам нив навистина пред тешка одлука ме ставија се мислам да останам тоа што сум и да пуштам господ и судбината да им врати или јас да ги повредам како што ме повредија тие мене без причина
Не сум сретнала такви луѓе. Еве денес 10 души ме прашаа што си тивка?? цел ден не проговори!! не ти е денот?? дај кажи нешто!! оток...
@Ace_kelaviot исто и јас се осеќам. Најлошо е кога не си згрешил ништо на никој, а те судат, критикуваат, вреѓаат. И знаеш дур ќутев ќутев секогаш одев со то дека попаметниот попушта се додека не ми се качија на глава па им сервирав онака како што заслужуваат. Во овој свет не вреди да си добар.
СДК: I love being a girl Како на примиер кога имам спа ден во средина од неделата Па депилејшн, нокти средени, веѓи средени, бркови исто така Па долг туш со сите купки и ритуали. Па потоа средување, фенирање на косата во импровизираното фризерско студио Па мини модна ревија што ќе се носи следно Воедно и имагинарен подкаст со мачорот (my best boy friend) како да се снимаме за Вог Субјективни осечај:
И велам на мајка, абре го свиѓам ептен, ко бомбонче е. А таа ми вели, синоока во пмс си, јади благо и молчи.
Се прашувам зошто некои луѓе нарочно провоцираат. Искрено, не правам многу муабет. И гледаат ќутиш и букцки праат,ко некои тинејџери во средно,провоцираат. Никој ништо не ги задева, нит па му обрнува внимание и први се закачаат. Ко ќе му се свртиш и ќе ги стаиш у ред. Одма се лутат и мрчат. Па и увреѓани. Боже пази. Смешен ми е фактот што кажуваат дека според нив, секој човек мора да зборува, да биде комуникативен. 'Мене он не ми збори. Седи и ќути само. Многу ми е чуден.' Ова ми беше најјака реченица : Јас немам дечко, немам секс. Треба некој свет ангел да се сибне и да ме затрудне. Да, да и јас вакв фаца напраив И што муабет да ти напраам јас сеа? Идеме заедно на кафе. Јас вака Јас така Јас онака. Јас, јас, јас. Убила ме туџа срамота. Одма англицизам, јас па..... Што пишувам вака. КРИНЏ.
Мене од такт ме вадат луѓе што ќутат. Уште повеќе ако ме викнат да се видиме и целото видување се претвора во монолог. Исцрпувачки е. Ако не ти се комуницира излези сама, седи дома, која е потребата да излезеш со уште едно човечко битие, чија главна особина е способноста за говор, ако не ти се комуницира. Дури и животните и растенијата комуницираат меѓу себе. Барај да се реинкарнираш во медуза, единствените живи суштества што не комуницираат. Едно е да молчиш кога немаш паметно нешто да кажеш, и често покажува на мудрост и зрелост, но кога не си способен за општа комуникација, тоа не е добра карактеристика скоро па никогаш.
Не реков ПОСТОЈАНО ЌУТЕЊЕ. Луѓе сме, фала Богу ќе зборниме. Не секој може и сака постојано да збори. Можи човек има проблем некој голем и е повелечен. Инаку имам и такви луѓе кои воопшто не зборат ко ќе излезам со нив, и јас ги избегавам. Бдв, прочитај си ја реченицата со медузата,уште еднаш и поработи на емпатијата.
Само себе треба да се импресионираш. Не би да се фалам, ама многу е јако чувството кога сам себе се импресионираш.
Мене не ми е јасно како некои луѓе се прават нешто што воопшто НЕ СЕ,како некои луѓе можат да си ги преправаат чувствата ?! Да се преправаш дека некој сакаш дека некој ти значи,а нема врска,зошто бе зошто? Толку ли сте огорчени на тоа дека порано сте биле ставани во канта,а сеа фурате стил као види ме кој сум јас…ќе си играм со тебе мајтап за да се заљубиш и после тоа одјеби од мене,абе ми се повраќа од такви,ми се повраќааа