Во животот се стремам да бидат елегантно ноншалантна како мојот млад комшија. Летото дојде полиција со тим инспектори да му прави претрес. Тој лагано си седна на столчето во дворот и почна да си јаде чоколатка и да ги гледа додека работат
Од размислување под туш што сум можела да кажам во некоја расправија од пред 6 години, можам да издвојам дека заборвив мишките да си ги забричам.
Вера единствено разбирам и поддржувам како интимно длабоко чувство, како спиритуалност во која си наоѓаш мир, спокој, за самиот себе. Притоа не ти го комплицира и диктира животот до детал, туку онака кога ти е тешко на душа, ти помага да се чувствуваш подобро. Туку скоро гледав документарец за бракови помеѓу братучеди на блиски исток. Последиците страшни. Децата на такви луѓе во голем број глуви, слепи, со тешка ментална ретардација, сосема зависни од други личности. И никогаш нема да сфатам кој забеган ум може да поддржува религија на која ова ѝ е нормално. И да, повеќе од вас знам дека генетски и вродени болести се појавуваат и во неинцестни бракови и знам и дека барање генетска болест кај навидум здрави луѓе е секогаш лов во матно, за тоа сум учела, no worries. Само кога во 21ви век, свесно одбираш некого од старт да осудиш на таков живот, уште да се вадиш со некои си книги, нема да разберам никогаш.
Дека темата "Западно" /надворешните влијанија врз македонската култура и традиција е добра лекција за the importance of Unagi, поготово што никогаш не можеш да знаеш со сигурност која тема следна кога и од каде ќе искочи на ред . И мислам дека учесниците ако не за поминат тест во најмала рака треба да добијат трофеј за партиципација ако ништо друго. Спојлер: .
СДК само дека ако користите некоја нега за лице, ДА НЕ СТЕ ЈА ПРЕКРАТИЛЕ . Има месец ипол откако не користам ништо на лицето, само обичен денски крем, и да ви кажам дека остарев 10години во фацата. Лицето ми беше меко, нежно, имав сјај, а сега ми е за никаде. Сега си ја почнав пак мојата рутина па ќе видиме дали ќе ми се опраи. Овие кремови, чистачи, помади, тонери, курци палци, бетер се од хероин!
Повеќе љубов насмевка и среќа ако се нервираш од дно на душата џабе се и кремите и помадите само среќата е лекот и добрите чуства пробај па ќе кажеш тоа најмногу од себе знам за 1 месец може и 10 години да остареш во лик
Не ми е мене проблем насмевката. Ама кожата се навикнува на некој производ кога го користиш и после него не е иста. Ова повеќе пати ми се има случено и знам дека е до тоа.
Епа тоа до сега што ви ја правело кожата убава вратете се на тоа и повеќе витамин е и д мислам беа не користам јас машко сум само нивеа обична лупам
Понеделнички потсетник како за почеток на неделата: остај ги. Само остај ги, нека бидат. Остај ги нека мислат што сакаат. Остај ги нека си ги креваат акциите. Остај ги нека мислат дека се подобри. Остај ги нека зборуваат што сакаат. Само остај ги и не се замарај. Нема корист од замарање.
Vaka ponedelnicki se razbuduvam i gledam poraka od Upwork mi vratija i mi ponudija rabota za Quality assurance, pa isteazhuvam sea dali e fake ili ne, posakajte mi srejcha vecer ce mu pisham. Za pocetok ce se potrudam da rabotam dve raboti paralelno, zato so se vrabotiv i vo kladilnica.. se izraduvav mnogu so ova!
Која е потребата на секое да се почнува small talk со комшија? Еве незнам. Ситуација: пружам алишта, една баба спроти мене значи обавезно мора да ме задени: ееее Квинка, испери ли? Убаво е времето Квинке, има сонце, побрзо ќе се исушат, кај мене не ја пече куќата сонце, па многу тешко ми се сушат зимото… итн, итн, итн. Дивјак сум што не сакам вакви глупости да ме прашуваат цело време или што е проблемот? Која е потребата значи на секое мое излевање на тераса ти мене да ме замараш со истиве работи? Баба си ок, разбирам ти се праи муабет ок, ама генерациски сме од тука до Кина, со мене нема потреба од small talk. И тоа не ви кажав сѐ, уште што нѐ глупости ми има речено. Ете се испукав понеделнички .
Колку мразам вакви замаранти, исто имав една комшика ваква, само од едната тераса никој не ме гледаше, ама таму па сенка, сонце поручек дури, и ова време кога имало сонце сме пиеле кафе напред на терасата или на летниковецот, и ете ти ја "ааа убаво времево", па ќе почнеше да ме распрашува за мајка ми што правела, а не ја ни знаеше. А не беше стара, 50+. Тука во Скопје барем никој не ме гледа кога седам во двор.
@QweenSM Кога ми се прави муабет трпам вакви, но ми идат на нерви кога не ми е до тоа. И кога ќе преминат граница со прашањата. Сум излегла на тераса за воздух, не за да се објаснувам кој мој каде отишол.
I feel ya. А тек па во куќа да си. Си седиш во двор, си пиеш кафе, кој како поминува, СЕКОЈ мора да ти каже здраво, а тоа автоматски значи се забуљува што тоа ти правиш во сопствениот двор. А повеќето пошо немаат попаметна работа (поготово на викенд), застануваат и ти прават (дофрлаат од улица ) муабет за ете баш такви глупости како какво е времето. Многу убаво времето за пиење кафенце во двор, хехе. Нема лек за таквите.