Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.287
    Допаѓања:
    6.794
    Како да кажам а да не згрешам. Ни беа на гости тие кај што сме кумови и ги носеа децата со нив. Поголемото 2 и пол години,воопшто не зборува. Пробав на име да ја викнам , не реагира на име. Да ја заиграм, незаинтересирана. И велам на мајкава абе детево слабо слуша или мене ми се чини,на што ми кажа дека со слухот е добра ама ете не комуницирала со нив воопшто.Само на англиски по некој збор од цртаните што ги гледа. Ова ми дојде многу тажно, пред се бидејќи сум родиел и знам колку е битна комуникација со детето. Не ми изгледаа загрижени ни малце.Мене жичките ми се споија и им реков се што мислам. Дека треба цртани да се отфрлат скроз, ама воопшто ни една минута веќе да не гледа, пуштање во едукативен центар детето,ако треба ја ќе спонзорирам како кума ете,небитно, работа со логопед, а нив на психијатар им посочив да одат,да се преиспитаат.
    Може се налутија ама нивна работа.
    Си заминаа по 10 минути а беа дојдени покана за крштевка за помалото дете да донесат.
    Сега претпоставувам на сите ќе им кажат па другата недела главна тема ќе им бидам кога ќе се појавам. Ич не се секирам.
    Маж ми еве врти низ соба и фучи оти така сум реагирала.
     
    На Dominodancing и Miss666 им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.095
    Допаѓања:
    328.665
    Пол:
    Женски
    Цртаните не се клучни за незборување кај едно дете.Причини може да има мал милион за кој ти и не знаеш, бидејки можеби мајката не сака да знаеш.Можеби е детето по тромаво ,можеби пати од нешто друго па тешко му оди комуникација со друг.Моето е на иста возраст,исто гледа цртани и на англиски, но коминицира одлично се секој.

    Логопед дете испод 3 години ретко прима.И тоа е со причина.

    Си можела да скренеш пажња без да бидеш безобразна.Тоа е исто како на некој што нема деца да речеш еве ти мои пари иди на гинеколог,лечи се.
     
    На flower30, Emy867, Anyshka и 15 други им се допаѓа ова.
  3. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    70.711
    Немаш апсолутно никакво право, посебно ако не си стручна, ниту прашана, некого да упатуваш на логопед или психијатар, колку и да ти е близок.
    Детето можеби е срамежливо и нема слобода да збори или да игра со тебе.
    И стави се на нивно место, бидејќи кажа дека и ти имаш деца, како би се осеќала некој тебе така да те нападне?
    Не верувам дека тебе ти е повеќе гајле за нивното дете од нив.

    И со причина ќе бидеш главна тема, бидејќи си покажала некултурно и безобразно понашање.
     
    На flower30, Anyshka, lovely91 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.907
    Допаѓања:
    23.729
    Ти се фали колку заработува, каде све биле со фамилијата на одмори, колку дуќани имаат и после ти вика абе ај имам една пријатели, сиромашни се, ај попушти малце цена за нив.
    А можеш госпоџа ти да купиш за нив да ги израдуваш, А, шо викаш?
    Ми нема подолно од луѓе кои се перчат дека спијат на пари ама имаат лице се циганчат за денар.
     
    На Anyshka, azelea, Tinaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  5. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    Абе сега, син ми на година ипол на два јазици збореше, ќерка ми сега наполни 3 и полека се пушта да збори. Значи секое дете е различно. И мене некој да ме упатил на логопед или психолог и јас би се навредила.
    Секој родител знае што е најдобро за своето дете. Така да.. да си гледаме своја работа најубаво:)
     
    На lovely91, Zavisnaodblago, simonka93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.437
    Допаѓања:
    27.640
    Пол:
    Женски
    Многу лошо од твоја страна. Многу лошо си пристапила со тој муабет, може си требала на подобро да им го кажеш. Зошто мислиш ти дека не се замараат они? Може нив душа ги боли ама не сакаат друг да знае.
    Син ми прозборе рано, а ќерка ми е 1ипол година и уште не збори. Цртаните ни се сведени на минимум. Со други деца не сака да игра, најубаво и е сама. Мене душата и срцето ми се кинат кога помислувам на нешто лошо, но шо има тоа да го покажувам пред други луѓе? Иако побисликите и докторката ми имат кажано да не се секирам оти некои деца покасно прозборуваат, еве децата на комшијата сите три на 3 години прозбореле.
    Значи тоа може да си е до детето, не се сите деца исти, и јас сум била повлечено дете исто како ќерка ми.
    И никој до сега ми нема кажано еј ти вака ти така и одозгоре па и да ми се меши во растењето на моите деца.
    Искрено да ти кажам, да ми каже некој така како ти шо си кажала, ќе му врзам еден шамар и ќе го плукнам.

    Постојат многу поубави начини да се каже тоа а не да се паметува така.
    Којзнае каква болка си им предизвикала на родителите поготово на мајката.
    Си можела да им понудиш да го земеш детето да игра со твоите, да трчат надвор, да го дружат за да се опушти тоа детенце. Има милион поубави примери шо си можела да им кажеш отколку тоа.

    Едит: мислам дека треба да им се извиниш и да им кажеш дека не си го мислела тоа така, мене тешко ми падна од тој твој муабет а не па на нив. Олесни им барем.
     
    Последна измена: 27 февруари 2024
    На Anyshka, lovely91, ZAHRA и 12 други им се допаѓа ова.
  7. SaniD

    SaniD Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2024
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Си кажала што мислиш за да не бидеш во незгодна положба пред нив и како кума кажи дека само си сакала да помогнеш ,може не било адекватно да кажеш така но ситуацијата те изненадила и си реагирала.Подобро што си им рекла ,отколку да си мислела лошо и да ги озборуваш.Ќе ја решиш ситуацијата јас мислам дека си постапила правилно .
     
    На eliesaab и firequeenn им се допаѓа ова.
  8. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.287
    Допаѓања:
    6.794
    @joy1 пред да се расфрлате со коментари дека не требало ништо да кажам , да спомнам дека и мајката и таткото се по 20 години, блага веза немаат од гледање деца и го бираат полесниот пат во нивно одгледување. Нека ме сфатат како сакаат, ај ќе мижиме дека не гледаме оти детето нивно доцни со развој. И тоа дека е од запоставеност од родители од авион се гледа, не ми кажувајте дека е од х причини. Секој нормален би реагирал кога гледа дека дете од 2 и кусур години не зборува,апсолутно не комуницира.
    @Adidas888 пишав дека пробав да ја заиграм,да се опушти ама залудно. Не ми беше целта да ги навредам туку да ги освестам. Без гакле,се преиспитувам пред да зборнам. Најдобронамерно беше кажано, од грижа.
    Ете може сум била груба на некој начин ама тоа сум јас. Само пробував да им укажам на грешката.
    @simonka93 слободно нека ме нападне ако има причина,јас сум достојна да прифатам критика. Кај мене критики делувале позитивно досега. Камо да има некој да може да ми врзи вербален шамар кога грешам со детето.
    Да спомнам и дека осигурување немаат ни едниот од родителите па на мое здравство се препишувале сирупи за децава кога било потребно. Кој родител се остава без здравство? Која одговорност е таа? Затоа, јас си знам колку се одговорни и двајцата.

    @SaniD фала на поддршка, токму тоа и мислев кога им кажував, не беше за навредување..
     
    Последна измена: 27 февруари 2024
    На Cosmic Girl, azelea, Bitter-Sweet и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.856
    Допаѓања:
    41.160
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е скроз во ред што си им посочила, па побитна е добросостојбата на детето или родителот да не се навреди?
     
    На Nausicaa, Gosh, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.907
    Допаѓања:
    23.729
    Во конкретнава ситуација ни ја не би им рекла за одење на логопеди и психолози ама во некоја друга кај што знам дека детето на некаков начин е запоставено, би.
     
    На Gosh и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.713
    Пол:
    Женски
    @firequeenn сум била во слични ситуации, веројатно и многу од нас биле. Можеби пристапот би ми бил друг, во смисол како јас не сметам дека е добро, би го обрнала целото на муабет и дискусија, а не да ги праќам и мајката и таткото на психијатар.
    Има милијарда начини како да изреагираш и постапиш, чинам ти си го одбрала начинот да делуваш супериорно.
    Според мене не е во ред, извини.
     
    На flower30, Emy867, Anyshka и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Pumpkin@

    Pumpkin@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2024
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    Погрешен пристап секако :) Многуу,многу погрешен,така не се пристапува ни со туѓ човек,а не па на некој на кого си му КУМА,ДА!можеше индиректно нешто да им наговестиш,ама да си толку без чуства и директна на толку осетлива тема не ти требало искрено,па и праќање родители на психијатар?! Со кое право такво понашање,а и сто посто не се гледате многу често штом дури сеа дознаваш дека не зборува,па која си ти на некој да му изиграваш наредник? …
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.287
    Допаѓања:
    6.794
    Се фативте за мојот пристап дека бил погрешен, а никој не размисли за пристапов од мајкава дека е неодговорна и дошла работата дотаму очигледна со состојбата од детево секој однадвор да забележи. @DaisyDoo Супериорно од мене да, бидејќи ги разбирам рабoтите и доста читам за когнитиврн развој кај децата па затоа ми падна в очи и зедов за право да коментирам.
    @Pumpkin@ далеку од наредник,само добронамерна критика.
    Затоа и сме таму кај што сме, никој да не коментирал ништо. Слободна се чувствувам да кажам што мислам,нека се лутат,пак ќе речам. На пдихијатар бидејќи штом не сд замараат со детево може внстрешно нешто ги мачи. Нека поразговараат. Не е крај на свет некој ако посети психијатар. И тие треба работа да имаат. Зошто постојат инаку.
    Ова е кумство старо 63 години, ако зела да ми се лути мајкава едвај полнолетна оти сум ја сецнала во незнаење како да развива дете-слободно нека се лути и таа и сите.
     
    На azelea, Gosh, Miss666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.437
    Допаѓања:
    27.640
    Пол:
    Женски
    Ја разбирам твојата загриженост, може и ти не се изјасни убаво во првиот пост али нема врска. Како и да е, треба да им се укаже чим викаш дека се млади. Ама не на толку строг начин, ипак тоа им е прво дете и можеби незнаат како треба, можеби немаат никој да им каже. Нормално оти сите правиме грешки со првите деца. Ама не си требала толку да ги заплашиш, ипак прво дете им е.
    Ти во твојот пост напиша дека си ги направила лом и дека не ти е гајле дека се лутат а викаш дека си загрижена за детето. Ако си загрижена, викај ги со тебе, кај тебе. Ќе им објаснуваш полека. Одете некаде на кафе, децата нека играат надвор. Тоа не се решава со едно 5минутно играње на детето и толко. Тоа треба време.
    Млади се, ќе се научат, ќе се навикнат. Ама треба со убаво да им се каже. А така како шо си им кажала може само револт спрема тебе да имат. И нека имат, ама ако си загрижена за детенцето како шо велиш, на друг начин ќе им пристапиш, а не на таков.
     
    На flower30, CameliaMiller, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    25.131
    Секој пат кога ќе претерам со споделување, се осеќам ко да сум изгубила дел од себе.
     
    На Skyler, hermosa, TheGoldenPeach и 16 други им се допаѓа ова.
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.235
    Допаѓања:
    7.827
    Пол:
    Женски
    Сметам дека твојата реакција воопшто не е пристојна. Без разлика на возраста на родителите, тие сепак се родители на детето. Врз база на еден настан во твојот дом, ти не знаеш какви родители се тие и како се грижат за сопственото дете.

    Секое дете е различно. Јас познавам дете кое не зборуваше на никаков јазик ни збор до пет години, сега е првенец на генерација.

    Ако си стручно лице во ред, но ако не си, тогаш твојата изјава на проценување на здравствената состојба на детето би било паметно да ја задржиш за себе.

    Како ти би се чувствувала некој да ти влезе дома и да ти прави психоанализа на твоето дете, воедно да ти кажува што да превземеш, бидејќи смета тој/таа некојси дека нешто не е во ред со него.

    Дека нешто посебно си се загрижила за туѓо дете, не верувам, но сама си знаеш длабоко зошто си изреагирала како што си изреагирала.

    Ако детето не е тепано, малтретирано, психички осакатено, не е твоја работа кој како воспитува или што прави во својот дом. Или биди добра кума, плати им ги логопедите, психијатрите, сите институционални лица кој ги посочи. Само одговорот би ти бил, тие му се родители, што има јас да плаќам. Точно, токму тоа.
     
    На Emy867, Anyshka, Zumbulche и 5 други им се допаѓа ова.
  17. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.287
    Допаѓања:
    6.794
    @ArabellaStarfall Ти го тераш муабетов во насока дека секоја мајка знае најубаво за свое дете. По тој принцип се водиш гледам. Тоа е така, освен кога не знае. И како кума ако проценам дека немаат доволно во дадена ситуација би им платила се што треба околу детето. Сум помагала и другпат.
    Како би се чувстувала да го анализираат моето дете?Ако правам нешто погрешно ќе побарам да ми кажат што да направам по нивно мислење. Ако ми се допадне,може и ќе применам. Секој може да научи нешто од другиот. Секако,ако сака да прими.
    Дали сум се загрижила доволно? Секоја грижа е различна и специфична. Во случајов грижата беше подеднаква и за родителите. Осетив дека се немоќни да му помогнат,затоа пробав да ги насочам, доста се млади и двајцата.
    Единствено мислењето од @Adidas888 ми држи вода, да ги здружам децава и заедно да пробаме да помогнеме преку игра и активности. Тоа и ќе го направам.
     
    На Cosmic Girl, azelea, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    43.533
    Шо ку* им беше на наставницине по физичко шо не условуваа каква опрема да сме имале по физичко, лупам црни старки, бела маица и црвени шорцови? Ја мајката.

    Па и вие нашиве идат акаат таму по пазари додека најдат, демек ќе не вратат од модното жири тамо.

    Па шо е и најтрагично, и не враќаа, или па ќе ти мрчат таму, ќе те брукаат пред цело одделение, а они не се виделе на шо личат. Од спортски активности, само пајдушкото имаа снага да го завртат.
    Мех.
     
    На Skyler, Anyshka, Just.do.it и 18 други им се допаѓа ова.
  19. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    21.477
    Пол:
    Женски
    Тебе повеќе те боли за состојбата на детето отколку што ги боли неговите родители?
    Некогаш стварно немате осет, немаш право да солиш памет за таква осетлива тема. Па ти ќе му си плаќала посета на логопед, секоја ти чест, многу си фина.
    Не требале ни 10 минути да седат и да те трпат.
     
    На Emy867, Anyshka, Just.do.it и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.827
    Допаѓања:
    80.763
    Пол:
    Женски
    Сте го забележале битбоксот во некои песни на Јован Јованов? :D Еe, сè беше поинаку во тие времиња. :D