СДК дека треба посебен круг во пеколот за оние кои во ред на каса во маркет почнуваат да се пакуваат тек откога ќе им се наплати. Па ги прегледуваат производите, се тетерават. Човек... Земи стави се во корпа и пакуј се на страна, ослободи место.
Јас секогаш се пакувам настрана. Кога работев во маркет тоа што си го пишал многу ме нервираше. Ти им викаш да се пакуваат настрана, а они те прават будала. Овде во Ге имав една случка. Си чекам ред на каса. Пред мене имаше еден муштерија. Му наплати касиерката, а на него производите му стоеја на каса. Доаѓам јас на ред и касиерката се изнервира. А господинот се пакуваше директно на каса. Го подбрав убаво и одма се повлече. Многу се безобразни. И одењето преку ред ме нервира. Си чекам јас ред во маркет, а пред мене имаше 5 муштерии. Сите беа со полни колички. Јас земав корпа. Ја спуштив долу (тешка ми беше) и фино лепо си чекав ред. Си чекав 5 минути и осеќам дека некој ме турка. Си викам сигурно е случајно. Ама не беше така. Пак уште еднаш туркање. Се вртам и гледам дечко и девојка кои имаа на лентата само кикирики. Ги погледнав лошо и се завртев. Нека си чекаат. Многу се замислуваат луѓево дека некој треба да ги пушти преку ред само затоа што имаат еден производ.
Јас по музичко купив ТРИ ФЛЕЈТИ бидејки првата беше плава (требало бела), втората беше бела ама погрешна марка и конечно третата ја погодив. Професорица ми се закануваше со оценката па морав
Цццц... И ние требаше да носиме флејти по музичко. Ова за основно се однесува. А класната предаваше музичко. Мојата флејта е жолта. Таква најдов во продавница. И така си свиревме на часовите. Моравме заради оценка. Па кога не тераше да пееме.... Талент до талент
Сдк ... https://360stepeni.mk/priznavaneto-...chlenka-oddelno-velat-od-delegatsijata-na-eu/... сепак, јаничарите се најлоши.
Америка, Америка, браво бе дечко, убаво си кажа и во право е. Лично имам одено * преку работата, летавме релација Доха - Чикаго , па можам да потврдам дека ги има бааги наши таму. Мене лично Америка не ми прави мерак, но за тие што имаат желба да се селат таму, не е лошо да го видат клипот, баш го има ставено пред некој ден.
Мене изгледа носот ми е расипан. Бев во една парфемерија и шо ме натера нешто да го мириснам мојот најомразен парфем Еуфорија ( кога бев во Мк го имав и го поклонив на другарка оти ми смрдеше ненормално) и луѓе се стаписав. Многу убаво мириса! Со години не сакав да го помирисам а сега преубаво ми мириса. Или носот ми е расипан или во Мк тамо продаваат шкарт. Тој мирис со овој мирис си немат блага веза а истиот парфем е.
Кај мене во населба некој рандом си шета со воздушна пушка и пука во невини животни. Ајде ќе речат кучињата напаѓале, мачките што му се криви? Или сето тоа оправдување на отрови, дојде до овој степен, монструми без никакво гајле во сред бел ден да можат да пукаат во живи суштества. Супер, најпаметно сите да земеме пушка и да пукаме сѐ што не ни се свиѓа на патот пред нас.
Сдк на кој му е досадно нека чита во снаи и свекрви, посебно делот за подароците за 8ми март, ќе се смее од дното на душата. Секогаш во таа тема има нешто забовно. Знам дека вас може не ви е смешно, ама вака кога чита од страна некој што нема уште таков проблем интересно е. Spoiler: . Се надевам дека нема никоја од вас што пишувате во темата син што би можел еден ден маж да ми биде па да ме фати на око после и лоша свекрва поради ова да ми биде
Јас имам двајца синови. Ама мислам дека голема разлика сте во години. Ич да не се секираш. Со мене ќе ти биде забавно.
Со тебе супер би ми било, штета што си млада мали деца имаш, ма да како што е дојдено времето ништо не се знае.
Јас во темата еднаш прочитав дека најдобар маж е тој што нема мајка и најдобра свекрва е таа што не постои Па еве нека знаат идните свекрви како да израснат најдобри мажи и да бидат најдобри свекрви. Да, ова најсериозно.
Јас ќе остареам нема да ме сакаат. Единствено ако се збогатам многу па "шугар мами" да им бидам. Јас на никого не посакувам да остане без мајка, па каква и да е. Вистински маж е оној кој те цени, сака и почитува и не се плаши да застане да те одбрани дури и пред неговото семејство, да недозволува никој да те гази.
Неее, не верувам огромна разлика да сте, некои 10-13 години само. Може постари ќе сакаат. А пак ако си шугар мами уште подобро. Ајде Самерче си најде невеста уште сеа за во иднина.
И тоа што викаш. Важно свекрвата ќе ми се погоди, таман млада ќе се сложуваме. Мажот не е толку битен, битна е свекевата.
Баш убаво што сум млада. Ама и свекорот не е за фрлање. Оваа година 13 години брак. Брзо лета времето. Остаревме На мажето мое се повеќе му растат бели влакна. Му викам пред некој ден - За 10 години ќе мислат дека сум ти ќерка.