Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.753
    Допаѓања:
    38.558
    Пол:
    Женски
    Фала ти :D

    Отварам категорија Општи дискусии... Читам тема Откажување од дишењето :drunk:

    Значи... Време е за спиење :hug:
     
    На Just_a_kid му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bubbly-sugar

    Bubbly-sugar Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Еве од дното на душата ќе си кажам што ме мачи.
    Емоционално и сексуално сакам жени. Прекрасно ми е со девојки и кога спијат со мене. Најубавата врска и најмногу што сум сакала личност беше жена.
    Колку и да звучи лошо и материјалистички, животот си го гледам со маж во иднина поради финансиска стабилност. Што ќе речат луѓето и што ќе рече околината.
    Едноставно јас на мои години немам муда да застанам и да кажам на моите дека срцето ми е кон жените.
    Цел живот излегував со мажи и имав дечко долги години се до мојата 21/22 години кога пробав со жена.
    Од тогаш мислам дека целиот мој живот се смени од корен. Посакувам да се вратам во времето и некои грешки да не ги направам. Мислев дека ми е фаза и ќе ни помине ама ето не минело туку само годините си минат. Сама си го зафркнав животот и тоа ме мачи секоја вечер. Не се каам за ништо ама да се вратам некои работи нема да ги правам
     
    На flowsie, Poppcornn, Denicia.blue и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    5.330
    Пол:
    Женски
    Бре бре бре малце ова малце она, во мое време немаше никаква помош за ужина како студент, а у Скопје студира. Ок
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Женски
    Полека, полека го испраќаме "месецот на љубовта", ама не и љубовта.:wasntme:
    И го дочекуваме месецот на (историјата на) жената.
    Туку дали има тема за ова историјата на жената и постигнати резултати (не класични феминистички ствари) и жени кои оставиле траг во (женската) историја?
     
    На eliesaab и Космонаут им се допаѓа ова.
  5. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Женски
    Потоа, дали имате некакви планови за овој екстра(календарски) ден?
     
  6. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Женски
    Иначе пред некој ден го гледав Џенифер Лопез и Бен Афлек снимале документарец за нивната љубов и љубовна приказна, односно смирување по 20 години (као (facepalm)?)
    И Џеј Ло имала нов албум посветен на ова.
    Земав нешто да слушнам иако не е моја чашка чај, ама пак љубов нели...
    Песна имала насловена од новиот албум "The greatest love story never told".
    Ок, Џеј Ло ко Џеј Ло, безнадежен романтичар.

    Една ствар водеше ко друга(буквално УT предлози нели) па ај земав и интервју загледав за ова(со се рози ентериер со се се).
    Оно пораката да ти била за љубовта и работата на себе, за да можеш да бидеш најдобрата верзија на себе во односите. Наместо бегање од врска во врска, розе романтики, дестинации, идеализации, повторување патерни и проектирање лични неизлечени "с*ања" if you will на други класично, зошто така е "полесно" (како што на пример и многумина денес прават). И нејзиниот доживотен макотрпен пат, бегајќи од врска во врска, и просветлување околу ова.
    Оттука и пораката позади она "најголемата љубов никогаш кажана" да ти било ова.
    Значи прво работата на себе, па тек потоа/отпосле романтични резултати и "принцот/езата на белиот коњ". Повторно, по тој редослед.

    Односно пак, ова.
    Значи Да Џеј Ло, Големо Да!
    Холивуд продолжува со позитивните изненадувања.
     
    Последна измена: 29 февруари 2024
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.862
    Допаѓања:
    23.747
    Пол:
    Женски
    Многу е чудно чувството кога ќе дознаеш дека твоите дедовци, баби кои секогаш биле полни со љубов спрема тебе и правеле прекрасни работи за тебе, уствари не се воопшто добри особи и се ноќна мора за твоите родители.

    Тие сознанија ме исполнија со толку љубов за моите, кои сега во мои очи станаа совршени, затоа што имаат прекинато циклус на физичка и ментална тортура. И се што имаат згрешено, им е опростено, затоа што знам дека не можеле подобро.:l:
     
    На theowndemon, Zumbulche, christinnn и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Клише или не, здравјето глејте си го и ништо друго не е важно.

    И да, луѓето што одат на психолог, најчесто одат затоа што оние што треба навистина да отидат на психолог, не одат. Едниве страдаат поради другиве.

    Денов е супер, ако си чадор.
     
    На flower30, M&M, GirlLove и 13 други им се допаѓа ова.
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Женски
    Светлото е во нас сеуште, и кога го нема Сонцето, a и Сонцето еве го...одвреме навреме. :D
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.945
    Допаѓања:
    8.556
    Едни од најдобрите работи што ги имам прочитано на форумот се:

    "Само врската без проблеми, (ми) завршила со брак" - @Biljarkata

    "Клучно е да се работи со странци, со нашите ништо не правиме" - @Skyler

    И тоа отприлика e сè што ми е потребно да знам за донесување одлуки.
    [​IMG]
     
    На Zumbulche, christinnn, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  11. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.453
    Допаѓања:
    35.070
    Пол:
    Женски
    Незнам за вас ама мене Зоки Фаци ми е легенда. :D

    Да бидам искрена подкастот на Лазаров го гледам само ради него и неговите глупости, а поготово најинтересно ми е кога се сами, без гости. На последниот подкаст каде што се сами незнам дали го гледавте, луѓе така одамна не сум се смеела. :rofl:

    Многу ми беше јак дека устата му е направена и кога го лапна шишето му се залепи :rofl:, па кога рече сега ако се залапам со некој ќе се вакумираме. :rofl:
    Па кога викаше со муцките така напрчени ОСУМ:rofl::rofl::rofl:
     
    На Bubbly-sugar и Цунами им се допаѓа ова.
  12. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    638
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум пишувала во темава, ама ми дојде желба да си кажам една мака.

    Откако фатив дечко си напраив комплекс дека сум асоцијална. Јас порано вака не излегував често, од дома си работам, па и додека студирав повеќе седев дома и учев. Преку неделата дали еднаш ќе излезам на кафе, викенд обично ќе искочев вечерта.Јас тоа не го сметав за проблем, знаев дека немам голем круг на пријатели, но фокусот не ми беше на тоа ставен.

    Дечко ми е човек што секој ден мора негде да отиде, со некого на кафе. Буквално ден нема промашено. И кога и да се слушнеме, ќе ме праша, еј шо ќе праиш после. Јас баш и немам некој одговор, обично си се врткам по дома, дека сама живеам и секогаш има некаква работа.

    Во последно време се фатив себе си како упорно барам некого после работа дали за кафе, дали за шетање, луѓето зафатени, нормално ќе ми презакажат. Јас со истите претходно се немам шетано толку често, поретко сме искачале. И мене почна јанѕа да ме јаде, или што и да е тоа што ме почна да ме јаде од внатре. Еве веќе неколку недели имам чувство дека сум асоцијална, а веројатно сум нормална, малку позатворена личност, еве не знам. :headbang:

    На страна од тоа што почна и да ми се лути кога сама искачам со друштвото, дека има и момци кои порано сакале нешто повеќе со мене, ама ние сме само пријатели. Главата ми е збунка, како некоја тинејџерка се осеќам, додуша не знам ни како да се осеќам. :|
     
    На Srckata28, christinnn, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.856
    Допаѓања:
    41.157
    Пол:
    Женски
    Сосема е нормално да имаш дел од денот кога ти треба да бидеш сама. Бидејќи сум цел ден со луѓе, да се вратам дома и пак да излезам со луѓе и тоа секој ден мене лично ми е измачувачки. Мислам дека е скроз нормално да излегуваш 2-3 пати во една седмица, нема потреба да имаш комплекс дека секој ден мора да одиш на ново место.
     
    На theowndemon, crimson, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    @Цунами, а тебе ти одговара тој поекстровертен живот, ти годи, се осеќаш своја, уживаш или само заради него е сево ова?

    Нормално е вака да ти е, коа непознат терен ти е што се вика, си излегла од комфорт зоната, се прилагодуваш на неговиот начин на живот. Компромиси мора да се прифатат ама и од двете страни.

    Добро е вака еден од партнерите да е екстроверт, да разбива монотонија и да те крева но сепак да не претерува и да има во предвид дека си позатворена личност и да не дозволиш па скроз да се изгубиш што се вика, во сосема друга личност да се претвориш, освен ако сама не увидиш дека те исполнува тоа.
    Не треба да ти претставува омразена обврска и товар.

    За тоа последното, морате да поработите на довербата, тоест он да сфати дека греши и се лути за детски работи.
     
    На christinnn, Цунами и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.820
    Пол:
    Женски
    Јас и маж ми сме вакви. Иако ова беше повеќе изразено на почетокот. Он е екстроверт, сака друштво, јас не, немам потреба од толку излегување, ниту од толку дружење. Кога му треба си излегува на пивце со другари, ако јас не сакам, кога и мене ми се излегува одиме негде. Ниту јас се чувствувам дека мене нешто ми фали, ниту он, секој си има свои потреби, сѐ е ствар на договор само. Слушај си ги твоите потреби и немој да се осеќаш дека нешто не е во ред, нема причина. Ќе си најдете некоја средина. Ако го решите последниот дел, зошто така не бива, тоа е малку црвено знаменце.
     
    На theowndemon, crimson, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Ani93

    Ani93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    1.783
    Пол:
    Женски
    Колку ме напнаа на работа, и еве уште се нервирам што дозволив да се изнервирам до таа мера да ми се сјебе денот.
    Значи пази молим те не ме бивало, сум немала авторитет (читај не кодошиш) и поради тоа сите други квалитети ти пропаѓаат во вода. (n)
    Жалосно е во каква средина се најдуваме и можеби за прв пат ми се разбуди желбата за земање карта во еден правец од оваа вукојебина.:@
     
    На azelea, SummerGirl, Космонаут и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Pumpkin@

    Pumpkin@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2024
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    755
    Пол:
    Женски
    Еве како нова направи атмосфера,почни од некаде :D
     
  18. Alizée10

    Alizée10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Некако нема атмосфера на форумов...не знам како да почнам! :$
    И кога ме бива и кога не ме бива-за сѐ ме бива. Сѐ во смисла многу напреднав последниве неколку години а и не напреднав зависи од димензијата во која се наоѓам во моментот. Често пати застанувам за да земам здив воздух и пак продолжувам по старата траса. Воркохоличарка сум работлива не сум мрза и тоа некоја. Не да не дозволувам да ме фати мрза туку воопшто не ме фаќа.
     
    На Bubbly-sugar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    43.501
    БиЗмис план 2024:

    1. Оди пешки у Америка, протни се тамо у оградата, пази да не се изгребеш, немаш пари за лекар - сеуште.
    2. Иди у ЊуЈорк.
    3. Иди земи тоа џепарацот за илегални имигранти.
    4. Најди ТУЃА празна куќа, живеј у неа барем 30 дена, после тоа преку судови ќе мора да те бркаат од неа, ако некој уопште се нафати, оти кур ти е, двор ти е.
    5. Најди си некој адвокат од тие поасалните, за фалш чоекови права или од оние шо вадат убијци, силовачи и педофили од затвор по лични убедувања, да ги фати на патетика и дискриминација, па и оштета да им земеш плус.
    6. Потом, најди си шугар деди with a boat.
    7. Прчи си ја.
    Infinitiv 'Murica Land of the Free glitch.

    Нема на чему.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Alizée10

    Alizée10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Па, колку што разбрав јас треба да се почне од некаде...не да нема атмосфера мора да има down за да има up...ако нешто споделиш може ќе ти олесни...ако нешто си кажеш свое...еве јас на пример без да размислам кажав сум воркохоличарка но, тука нема ништо тешко...:) :) Во некои пословица се вели: "Почетокот е најтежок". Секој ден се научуваат нови нешта човек се учи додека е жив А, кога ќе се роди е како празна табла-" tabula rasa" на која подоцна се испишуваат страниците од животот.
     
    На Sweetymk му/ѝ се допаѓа ова.