Едно вака интимно прашање - коа ќе ги замените сите вработени со роботи и каси за самонаплата, коа сите документи ќе идат онлајн, а не преку пошта, и коа сиве овие ќе останат без плата и работа, кој бе ќе ви ги купуе капиталистичките срања шо ги продавате, а шо за кур не ни требаат?!
Не дозволувај грдото во другите луѓе да го утепаат убавото во тебе. Пошо 1. не вреди, 2. така дозволуваш да те моделираат. Знај зошто правиш тоа што правиш и држи се до принципите самоуверено.
Читам на некој портал дека во Србија во некое школо родителите давале дозвола дали наставникот по физичко смее да ги допре децата на часот. И демек наставников вика дајте да ги допрам децата, како инаку да ги фатам кога ќе прескокнуваат преку магаре(така ли се викаше она за скокање, или магарец, нешто такво). И во коментари родителите вакви, родителите онакви, не знаат што прават. Зошто не се запрашаат од каде дошло ова? На никој не би му текнало туку така да не дава наставникот да го допре детето. Ама, скоро сите сме имале некој по физичко што знаел да нѐ фати околу половинчето кога не треба, или малку подоле, или други работи кои да, не треба да се воопшто прифатливи. Ама, било само за шега, е оној по физичко, што му шетаат рацете, хахахахха. Е затоа е дојдено до таму, не зошто се родителите збеснати, туку зошто се родители што знаат и им е доста веројатно.
Поднесувам барање за термин за пасош и ми се јавуваат од мвр после неколку дена да ми кажат дека ми закажале термин во друг град. Тоа е сѐ што треба да знаете за државава.
Ти си таа што кога беше трудна мислеше дека ако имаш киселини, детето ќе се роди со коса, што е класична бабина деветина, ама не, на тебе ти било убаво така да си веруваш, немало ништо лошо во тоа. Епа, штом ти сакаш да си веруваш во глупости, тогаш немаш право да се мешаш во ничие родителство затоа што ете можеби дека тие исто како тебе сакаат да си веруваат дека се е во ред со нивното дете. Ма не кума, свети кума биди, ма не 63год кумство, вака мене некоја да ми се испонаша за 63 СЕКУНДИ ќе ја избришам од мојот живот.
Колку себично е тоа да мислиш дека треба да добиеш нешто за возврат ако дадеш на некому нешто . Иначе, @Curious cat , така е, нема поубаво чувство од тоа
А од кај знаеш ти дека она не му ги исполнува неговите очекувања? И има ли нешто поубаво од тоа да дадеш на некому шо го сакаш нешто и да знаеш дека е среќен?
Кога и да му дадам на маж ми, он е среќен. Зошто луѓево си мислат дека кога ќе заминеш во странство, парите од небо ти паѓаат?
Не можам да се освестам. Беше стигнал пакет за комшиката над нас, па ѕвонеше жената на вратата, и отварам и ме гледа целата сум бушава у косата , со пиџами на мене и замижана. Она прво се насмеа, мислеше да не не начекала у незгодно време на сред секс, ама и реков комшивке сама сум, маж ми оваа недела не е дома. Ептен сум поспана,овие 3 дена заменувам колешка 3 смена, а за човек ко мене што си легнува да спие кај 22 часот, ептен лошо ми влијае на цел организам. Целата сум хаос. Маж ми замина на 1 недела до Мк , некои обврски поврзани со свекрвата, а јас сум у тотален хаос. Се чувме, му велам, се осеќам дрогирано, демек поспав 6 саати сабајлево, па се расонив па не можев да презаспијам. Леле како ќе одам вечер на работа. Проблемот е што стварно се осеќам без сила, а ми треба концентрација цела ноќ за на компјутерот и мака мачам. Пијам кафе, пола чоколадо изедов да си заблажам душа и ми се спие, а штом. легнам не ми се спие, глупо чувство. Ц ц ц , како ќе одам вечер.