Му се чудам на луѓево... При слободен ден, да идам на работа... Ма нема шанса. Гледам некој као шефој се праат.
Ме исфрли фејсбук пред полсат со нешто Time Expiration и цело време гуглав од моб како да средам, ми предлагаше да избришам Фејсбук и пак да го симнам, не можев да го избришам на андроид-самсунзиве некои такви се, па ми предлагаше да апдејтирам, леле мајко ме фатија паники сеа да не ме хакира некој.
Сигурно одговорот го има во некој филм, шо нас не ни е гледан. Ти памтам еден пост во истава тема, пред твојата долга форумска пауза- баш имаше таму, сите сценариа се снимени во некој филм, итн, итн. Ме мрзи да го барам, ако не ти текнува, побарај го.
Цела недела си испоседовме дома, првите денови бев болна, сега возовите штрајкуваат.... бел ден немаме видено.
Знаеш дека живееш во Македонија кога ти е чудно и си изненаден што за проблем кој не е животозагрозувачки ама бара брз третман, ќе бидеш соодветно и брзо третиран на Клиника во 10 навечер и притоа персоналот е максимално љубезен и посветен. А во принцип ова треба да биде нешто сасвим нормално и очекувано.
Многу ме буни фактот што откако прекинав да контактирам со некои луѓе, не ни ме бараат, а јас секогаш сум иницирала средби, кафиња, излегувања..... Се преслушувам себеси, дали и каде сум згрешила..
Бинго. Јас во Германија кога стапнав во болница очекував да ми се дерат како на куче како шо праат во Мк . Останав со устата до земјата кога видов какви се љубезни.
Го имаш одговорот душо,ти секогаш си иницирала средби. И штом не те бараат- не ти ни требаат. Знаеш колку ќе ти е подобар животот без такви личности? Пробај ќе видиш.
Сакам да кажам, можи и немам толку проблем со бидување хронично онлајн. Да не прочитав немаше да знам дека инста (и фб и тредс) биле down.
Налетав на кои скриншоти од разговори со луѓе од порано што сум зачувала, за дел ме фати кринџ како сум можела да пишувам така. А за друг дел имам чувство како да беше во сон сето тоа, се чини толку далечно, бидејќи работите беа многу поинакви од сега, а богами и луѓето. Едноставно сфаќаш колку се можи да се смени во животот, размислувања, планови, луѓе со кои си бил близок ама по сплет на околности се оддалечиле. Ни останува само да одиме напред со надеж дека во следната етапа ќе останат барем дел со тебе и нема да се претворат во спомени што мораш да ги оставиш зад себе...
Никогаш немаше да поверувам во она дека во секое лошо има и нешто добро. Еве поверував. Идам со нови сили од утре Спојлер Фала богу не мислам на ептен лоши животни ситуации
Многу ми е чудно кога ќе видам маж, четворен човек, зимал се пишал на фб и секаде каде што можел со две презимиња....или е геј, или е дете на разведени родители, или си сакал од жена му презиме да си земе